Веста за смртта на Данило Коцевски нè затече. Мислевме дека засекогаш ќе го гледаме ликот кој изгледаше како да не старее, со препознатливиот шешир и брадата која со годините само малку побеле. Не беше родум од Скопје, но Скопје му должи, за вниманието со кое ги бележеше и раскажуваше неговите приказни.