Откако вербално го нападна соиграчот Мауро Икарди на сред дербито со Јуве, Даниел Освалдо заврши надвор од составот на Интер, екипа која веќе не смета на него. Каде и да играше, Италијанецот со аргентинско потекло даваше голови, но правеше и проблеми, караници и тепачки.