Таг: дани олмо

Пречката на Дани Олмо во 91-ва по која цел Лајпциг се држеше за глава

Лајпциг одигра две многу квалитетни осминафинални битки против Реал Мадрид и малку фалеше да го изненади кралскиот клуб со елиминација. Синоќа имаа вкупно 19 удари од кои 4 во рамки на гол, а во финишот од средбата Олмо имаше зрела шанса да го одведе мечот во продолженија.

Фудбалскиот трик на годината го има Дани Олмо

Видовме годинава ножички, слободни удари, голови од корнер, дриблинзи и разно разни мајстории, ама никој како итриот Дани Олмо во германскиот Супер Куп меѓу Баерн и Лајпциг. Лукас Хернандез не знаеше што го снајде.

Имаме мајсторски пас на Марсело, ама докторски на Дани Олмо

По кусата авантура во Грција, легендарниот бек на Реал Мадрид,се врати онаму каде што ја почна кариерата, во Флуминенсе. Беше креатор на прекрасна акција со извонредно додавање со надворешна. Уште појако е она што му успеа на Дани Олмо преку цел тим на Борусија.

На 16 години избега од Барселона и се прослави во Загреб, сега е ѕвезда на Шпанија

Кога уште како мал решил да прејде во Хрватска за која не знаел ништо, во Каталонија сметале дека нешто не е во ред со него. Од Ла Масија оди во Динамо и стана голема ѕвезда на европскиот фудбал.

Ете зошто малиот од Динамо вреди богатство

Хрватскиот шампион летово одби неколку сериозни понуди од по 20-ина милиони евра за младиот Шпанец Дани Олмо кој игра како крилен напаѓач. Малиот во моментов е еден од најдобриот европски играчи, а тоа го докажа и синоќа во историскиот триумф на Динамо кој долго ќе се памети.

Пола Ријека ја издрибла, а коментаторот збори за нешто трето

Дани Олмо е член на Шпанија У-21 и дете на Барселона кое седум години се калеше во Ла Масија. Динамо Загреб не е свесен каков бисер има во екипа, а коментаторот уште помалку. Само македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го потапша за веројатно еден од најјаките дриблинзи во историјата на хрватскиот фудбал.