Колку е досаден на теренот, шкотскиот фудбал толку е интересен на трибините. Така за време на мечот Гринок Мортон - Сент Мирен, гостинскиот дефанзивец од Кипар Стеиос Деметриу од трибините го погодија со чоколадце кое си го изеде. Во исто време бизарна ситуација на мечот Данфермлајн - Фалкирк во шкотскиот Чемпионшип, каде гостинските навивачи фрлаа протетички очи кон фудбалерот на домашните Дин Шилс на кој во 2006. година на 18 години му извадиле едно око.