Ракометарите на ПСЖ (7) заедно со ракометарите на Вардар (6) одиграа најмалку натпревари во Лига на шампиони сезонава поради глобалната пандемија. Парижаните искористија една пауза да поиграат и баскет на тренинг, а доминација под обрачите очекувано имаше Криштопанс.
Можеби звучи неочекувано, бидејќи требаше да ја одигра сезоната и на лето да се пресели во ПСЖ, но сепак е официјално. Најдобриот поединец на Вардар предвреме ги смени клупски бои. Финансиската криза си го направи своето.
ЕХФ ја има фотографијата на неделата во Лига на шампиони откако ракометарот на Монпеље Диего Симонет, немаше соло акција, туку обид за соло акција против 215 см високиот џин од Летонија, кој за жал уште оваа сезона ќе игра за Вардар.
Во спортот во последно време сме сведоци на луди пресврти и подвизи. Така вечерва ракометната селекција на Летонија, земја во која кошарката е апсолутно спорт број 1, ја совлада Словенија со 25-24 и се пласираше на Европско за првпат во историјата. Најефикасен беше Вардаровиот горостас Даинис Криштопанс со дури 13 гола!