Некако ни е јасно дека ако сите филмски телефонски разговори би започнувале со вовед и би завршувале со реален епилог (како нашите традиционални „ајде“...„да, да“...„ајде“...„ќе се чуеме“...„да, да“) тогаш филмот би поминал само во такви монолози. Ама баш никој да не се поздравува ко човек на телефон делува некако грубо.