Таг: центар за политичка убавина

Центар за политичка убавина: можен ли е радикален хуманизам?

Колку и да звучи необично, Центар за политичка убавина е назив на група ангажирани уметници, кои себеси сепак не се сметаат ниту за уметници, ниту за активисти, бидејќи за нив ова асоцира на „кликтивисти“, односно на лажни бунтовници. Основан во 2009 од филозофот Филип Руш, Центарот е со седиште во Берлин, а работи со променливи групи волонтери и партнери низ Европа.