Таг: босански фудбал

Фудбалери во Босна му се пуштија на судијата, па влета девојка му да го брани

Хит видеото кое од БиХ се рашири регионално се случува на нисколигашки меч во Градишка. Медиумите од таму информираат дека интервенција била успешна и судијата си отишол дома читав. Па ваква случка немало до сега никаде во свет. Викнете ги СиЕнЕн.

Ибра да види како го имитираат во Босна

И тоа велемајсторов им игра во трета лига, што е скроз нелогично кога ќе го видите ова ремек дело.

Фудбалски натпревар од 12 минути кој мораше да се игра за публика

Босна Калесија vs Горни Рахиќ, втора босанска лига. Услови за игра? Идеални. Велат дека топката од земја отскокнала вкупно три пати и дека коефициент за 0-2 гола бил 1.05. Дури и луѓе се бунеле зошто не можат да се кладат дека двете екипи нема да дадат гол.

Еве ти 10 марки да навиваш за Тузла

Малиот навива за Посушје, на гости доаѓа Тузла и повеќе не навива за Посушје. Тренерот го подмачка со 10 конвертибилни марки (300 денари) за да навива за Тузла. Сцената не е од селски фудбал, туку од првата босанска лига.

Шарко добро барата со топка, само многу солира

Се загревал со играчите и веројатно разочаран што не го ставил тренерот во прв состав, влезе во игра уште во 2 минута за да ги покаже своите фудбалски квалитети. Едвај му ја земаа.

Селски фудбал, босанска верзија

Прво калта ја штопна топката, односно ја одбрани да не влезе во гол, потоа го имаше она “вратена до голман“, па судијата досуди индиректен удар и на крај сите на гол и општ хаос.

Што бе на колото, ова е минимум гол на месецот

Не е дека во босанскиот фудбал гледаат на секој меч по еден ваков соло продор со велемајсторски лоб па коментаторот да рече дека е само гол на колото. Семир Штимиќ од Железничар ала Пеле, Меси, Роналдињо и кој уште не. Уф какво чувство за лоб. Без кичма го остави голманот.

Како босански тренер задржува време во 90-та минута

Сутјеска води 1:0 против Леотар. До крај има уште неколку минути од судиско продолежение. Лигата е трета по ред во БиХ, а тренерот е тешка дилајла.

Босански мотивациски говор во соблекувална

Алија Брацо Хаџиосмановиќ е култна личност на сараевскиот фудбал. Важи за почитуван фудбалски зналец во оваа земја. Тој е и претседател и тренер на нисколигашот Врбањуша во БиХ. На својот Фејсбук објави видео на кое се гледа како тера еден од играчите да даде заклетва.

Само душманите ќе речат дека ова се нехумани услови за игра

Прволигашки фудбалски натпревар во БиХ на кој сите се прават на Тошо дека сè е тука нормално, со се судијата кој веројатно чекал нивото на езерото да се порасне за да го прекине мечот.

Во Босна да ти било бетер од кај нас

„Јас не знам каде оди фудбалот во БиХ“, изјави тренерот на гостинскиот тим Широки кој загуби на гости од Радник Бјелина со 2:1 од пенал во 93-та. А пеналот не би го досудил ни камен пијан судија.

Службен спикер во прва босанска лига

Видеото е од 27. коло во босанското првенство, а се среќаваат екипите на Радник Бјелина и ФК Сараево каде игра нашиот Крсте Велкоски. Сараево е прв на табела на две кола до крајот на сезоната со бод повеќе од Железничар.