Веројатно немаше подобар начин да се отвори премиерата на новиот филм на Милчо со двете девојчиња од првиот дел на претходниот, „Мајки“. И не само затоа што на тој начин го видовме времето што поминало отелотворено во нив, туку и затоа што „Мајки“ во голема мерка беше предвесник на прашањата кои „Бикини мун“ доследно продолжува да ги истражува.