Во галеријата The Curve во Барбикан, Лондон, е отворена изложба на уметници на кои им е потребна помош за секојдневни активности, па и за сликање или вајање. Таа го поставува прашањето: кому му е овозможено да се „брои“ како уметник?
„Во непознатото: патување низ научната фантастика“ ќе биде отворена во јуни. Се базира врз препоставката дека современиот живот сè повеќе наликува на дистописката серија на Чарли Брукер. Што би рекле во сараевска „Аудиција“ - ш’о претпоставка, чиста вистина!