Таг: аудио книги

Дали слушањето аудиокниги може да се брои како читање?

На сајтот Вајрд одговор на горното прашање дава нивниот дежурен „духовен советник“, кој притоа зборува за бардските традиции на модерното доба и зошто книжевните снобови се секираат за погрешни нешта.

На 91 почина човекот кој прв направи бизнис од аудио-книги

Се викал Дивал Хект, и во животот немал многу време за читање. Бил воен пилот, добитник на Олимписки медал за веслање, магистер по новинарство од Стенфорд, за во 1960-тите да почне да работи во брокерска фирма. Ова подразбирало долги дневни возења до и од работа. Тогаш му дошла идеја.

„Грлото постојано ме боли“: маките на професионалните читачи на аудио книги

Освен доколку станува збор за славни актери, најголемиот број од луѓето кои ги читаат аудио книгите никој не ги знае по име. Но затоа помеѓу нив има такви чии гласови не може никако да се помешаат со други. И кои на издавачите им носат милиони.

Колку навистина се читаат политичките мемоари?

Вчера, 12.09, од печат излезе новата книга на Хилари Клинтон, „Што се случи“, која се однесува на последните претседателски избори во САД. Дали таа ќе влезе во пантеонот на големите политички мемоари или ќе биде уште една пост-политичка крава за молзење уште по некој долар, тоа е рано да се процени. Но она што е поинтересно е колку реално луѓето се интересираат за вакви изданија.