Таг: артем довбик

Фудбалот не памети вакво нешто, Рома три пати промаши ист пенал

Преку 30 години гледаме фудбал, вакво нешто не сме виделе до сега. Рома во 2. коло од Лига Европа против Лил успеа да промаши три пенали, односно еден ист кој судијата два пати го понови поради прерано влегување на играчи во шеснаесетникот. И тоа пазете, два обиди имаше Артем Довбик и еден Матијас Суле. Јунак на мечот е се разбира е голманот Берке Озер, кој им ги фати сите три. Лил победи 0:1.

Хет-трик на Довбик за 6 минути, Жирона не застанува

64 години не се случило некој во Шпанија да постигне три гола во првите 19 минути од мечот. На Украинецот Артем Довбик тоа му успеа во 13, 15 и 19 минута, откако Севиља поведе 0:1 во 10 минута. Циганков и Стуани постигнаа уште два гола во вториот дел за победа од 5:1 и пласман на Жирона на прво место, со бод повеќе од Реал кој има натпревар помалку.

Како Шевченко погоди со дискретниот адут кој со прв гол ја прослави Украина

Златниот гол благодарение на кој Украина ја совлада Шведска и се пласираше во четвртфинале на Европско 2020, го постигна малку познатиот центарфор Артем Довбик.