Таг: армандо ицо

Бесрамна глума на Ицо откако Роналдо му го почеша мевот

Кристијано Роналдо го закачна малку Фернандо Ицо со лакт на дуелот Торино - Јуве, а овој легна да се витка на земја, како бубрег да му извадил. Тешка патетика е ова и скроз погрешен пример за младите. Не бидете црепови, кога 20 камери има и ќе се види дека се брукате.

Детето на мафијата Камора што стана еден од најдобрите стопери во Италија

Армандо Ицо, лидерот на Торино имал тешко детство во озлогласената населба Скампиа во Неапол каде царува(ла) Камора преку криминал, проституција, дилери и убиства. На крајот од калта го извадил менаџерот кој е најзаслужен што Ицо заигра и за Италија.