Таг: антонов ан-225 мрија

Одвлечкан лешот на Мрија

Украина почна да го чисти аеродромот во Хостомел, меѓу другото и од остатоците на некогаш најголемиот авион на светот Антонов Ан-225 Мрија.

Пилотот на Мрија стигна во Гостомел

Со повлекувањето на руската војска од околината на Киев ослободен беше и аеродромот во Гостомел, последното почивалиште на најголемиот авион на светот Мрија Ан-225. На аеродромот дојде и Дмитро Антонов, пилотот Мрија, која последен пат слета на 5 февруари и беше паркирана во хангарот на аеродромот Антонов во Гостомел.

Збогување со украинската Мечта

Мечта (Мрија), технички познат како Антонов Ан-225, е најголемиот товарен авион што некогаш летал на планетава. Создадена за потребите на советската вселенска програма, чудовишната Мечта беше начекана неподвижна во хангарите на матичниот аеродром Антонов во близина на Киев и уништена на лице место за време на борбите меѓу Русија и Украина за аеродромот во Гостомел. Последен ангажман на Мечта беше да пренесе медицинска опрема од Кина во Данска.