Увереноста со која анкетарите зборуваа за брза и голема победа на Бајден беше поголема и од дебаклот во 2016 кога Хилари уште во септември ја гледаа како победник. Откако четири години ги прочистуваа и унапредуваа своите методологии, анкетарите годинава се колнеа во три работи: лесна победа на Бајден, преземање на Сенатот од демократите и зголемување на нивната предност во Претставничкиот дом. Ништо од ова не се случи, плус им се намали предноста во Претставничкиот дом.