За Холанѓаните масовното познавање на англискиот долго време претставуваше извор на национална гордост. Но некои од нив сметаат дека со него се претерува, и дека целата работа треба да се регулира. За Амстердам тоа подразбира и негово „бркање“ од продавници, ресторани, па дури и од продавници за сирење.