Приказната од наградуваниот бродвејски мјузикл, именуван според славниот албум на Морисет, „плаче“ за преточување во книга наменета за тинејџери. Истовремено е и можност тие да се запознаат со музичарката која направи кариера лижејќи си ги љубовните рани и зборувајќи за гневот и исцелувањето.
Пред 25 години излезе албумот Jagged Little Pill на Аланис Морисет, на кој се најде песна која и до денес е нејзин најголем хит. „Ајроник“ наводно зборуваше за иронични ситуации. Ама, иронично, можеби и не.