Канта

Немој да одите во Романија

Ова е слоганот со кој Романците (не е кампања на Владата) ги канат туристите на гости и ја промовираат Романија во странство. Пред ова, од Романците имавме една одлична преписка со Британците, на тема миграција и слично. Ова е подеднакво добро. Дело на дизајнерката Иоана Негулеску.

Извештај од Камчатка

Тоа што нас нè фати вечна есен, не значи дека во остатокот од светот работите не врват регуларно. На пример во Петропавловск-Камчатски (град на Камчатка) регуларен живот во ноември значи дека пред легнување трeба да запишеш ГПС координати за тоа каде си го паркирал автомобилиот.

Немој мене тие финти

Одите по улица и гледате пред себе како пантомиичар ја изведува онаа најпозната нивна точка на глумење стакло. А финтата сте ја виделе безброј пати на скриена камера. А најлошо од сè е што не ни одите туку трчате.

Кралицата во прво лице

Ако се тргне вродената тенденција да владее со комплетната планета, жената изгледа како крајно фина баба од комшии, што сака да си го тера меракот, ама не сакате да ја видите намуртена.

Кога животот е другар

Некогаш ќе тргне, некогаш ќе го уденеш, ќе има ќар тоа што си се здробил од обидување, вежбање и работа, некогаш и животот ќе сака да направи мерак. Не мора сè да е црно.

Браќа Руси, човек не може да ве доодбрани

Сè ова што ќе видите е собрано од руски сајтови за лични контакти, односно од профилите на луѓево од сликите, кои се надеваат дека баш оваа поза или изглед ќе им го донесат следниот партнер.

Кога живот е недругар

Ти се трудиш, даваш сè од себе, ама тоа не сака па не сака. Ок, некогаш и не си размислил најдобро, ама не мора и он да биде против тебе.

Илузија на избор

Лошо: Речиси сè што купувате доаѓа од 10 корпорации. Полошо: Речиси сè што читате, гледате и слушате (посебно во Америка) доаѓа од 6 корпорации.

Кој што беше за Ноќта на вештерките

Ова што го гледате на тамбот е Хајди Клум, сакале верувале или не. Еве на што личеа другите ѕвезди, по повод Халуин.

Искрени слогани

Најголемите компании со слогани кои одговараат на она како публиката и луѓето од надвор ги чувстуваат. Не секогаш, како што они се замислуваат.

Животиште

Или во вечната мудрост на К15 (за една поинаква тема) - кругот е малечок, а во него сме сите... Само некој влече, некој е на вртелешка.

Совети за родителство од Луи Ц.К.

Како на дечурланата по дома да им објасниш што е фер, а што не е, како да се биде добар човек и зошто никогаш не може да им биде досадно.

Ликовите

Кој е подобар, Сем Роквел, Гери Олдман или Мерил Стрип? Или Семјуел Џексон? Или Хуго Вивинг? Или Хали Бери?

Еве, не мора баш во сè да бидеме еднакви

1199 Panigale е еден од моторите на Дукати и како што личи за голем бренд тие направија фотосесија со десктоп позадини за моторот. Она што ние ќе ви го покажеме е MANigale. Брзо ќе ви стане јасно името.

Брачна Кама сутра

Или нај нееротскиот прирачник за секс. Во него се опишани серија пози кои ги практикуваат брачните парови. Како на пример: Кога мажот ја полни машината за садови и жената мора да дојде, затоа што тој погрешно ја полни, тоа се вика "поза машина за садови."

Како се трола водител?

Слушатели на едно австралиско радио, го фаќаат во машина водителот и неверојатно организирано и упорно го реметат со еден единствен одговор на сите негови прашања. Секоја вечер! Не мора да се слуша до крај пошто е досадно, ама концептот држи.

Како се граничи светот

Граница не секогаш мора да биде нерешено прашање или прашање на гужва или прашање на чекање. Некои ова го имаат решено сосема романтично. Некои уште се на готвс.

Скарлет Јохансон ефект

Карактеристично за овој ефект е што има влијание и кај мажи и кај жени, без разлика колку се богати или славни, без прескокнување ги фаќа речиси сите.

И за корисничка поддршка се потребни двајца

Телефонските разговори меѓу корисник и корисничка поддршка обично тонат во клисурата на изгубеното време заради две погрешни премиси: