Канта

Бугарски Најк за роботи

Кај и да е, роботите ќе заличат на луѓе. Штом станат такви, ќе сакаат и мода да тераат. Со таа идеја бугарскиот дизајнер Симеон Георгиев направи дизајни за патики кои ќе ги носат овие наши шминекрски пријателчиња од иднината. Концептите се базирани на сегашните модели Air Max 1 и Roshe Run.

Анти-југословенски постери од СССР

Главниот лик со капата е истиот што во тоа време е главен лик на овие простори - ЈБТ. Неговите најголеми гревови во тоа време се преголемата отвореност кон Западот (како во економија, така и во култура) за што добива статус на генерално зло, предавник и нов тип на фашист. Период 1949 - 1951.

Неделна анти-вирална доза

Секоја недела глобалната интернет заедница колективно се возбудува околу некои приказни за кои по некое време се открива дека се лажни. Еве што се случуваше последната седмица.

САД vs. Канада

Билборд во Чикаго пред натпреварот во хокеј меѓу САД и Канада.

Разликите меѓу мажите и жените кога гледаат порно

Главно нешто што може да се заклучи е дека машките на возраст од 18 до 24 години, сушат лажат. И уште нешто, жените не можат ниту да претпостават колку порно гледаме.

Надгробната плоча на еден ТВ водител

Мерв Грифин е легендарен американски тв водител кој згрна куп пари создавајќи формати како што се Jeopardy! или Wheel of Fortune. Почина во 2007-ма година, со репликата која најчесто ја има кажувано во животот. Малкуцка сменета.

Марика лета со дисплеј

Како што сите знаеме, авионските прозори не служат за ништо бидејќи сите имаат некаква  фабричка грешка поради која не се отвораат. Добро, низ нив можеш да зјапаш во небото ама зошто да не одбереш во какво небо можеш да зјапаш?

Брејкинг њус за вратоврските

Обичен човек знае еден до два начина на врзување кравата.Една стара студија тврдеше дека постојат вкупно 85 начина. Математичар го гледал Матрикс, му паднало нешто чудно па решил да провери.

Искрен Валентајн

Маж секој година на сопругата и прави картички за Валентајн со искрени пораки околу тоа како се чувствува за празникот и генерално љубовта. Жена му ги собрала пораките на куп.

Сите филмски годишнини во 2014-та.

Некои од историските јубилеи на кинематографијата што ќе се случуваат годинава. Само големи филмови и само големи бројки (од 15 години па нагоре).

12 годишно момче ги сконта жените

Милиони долари се вртат во индустријата за поправање на емотивните врски. Терапии, совети, истражувања на тема вљубување и одљубување, како да не се скрши и дали скршеното се поправа, безброј луѓе во светот секојдневно се фрустрираат од мистериите на спротивниот пол. Ова 12 годишно момче успеало да го пробие кодот на жените. Дали сте подготвени за неговата мудрост?

Вратите на рајот на јавната администрација

Никогаш не ни била јасна популарноста на омиленото работно место на Македонецот опишано како "Клати врата, земај плата." Плата ок, ама да клатиш врата? По цели денови? Има ли нешто подосадно од тоа? За среќа, конечно најдовме врата која вреди за платата. Би можеле со неа, од 9 до 5. 

Русија, од твоја сме

Во гео-политичката поделба на силите на светскиот карлинг во женска конкуренција, ние одлучивме да ја фаворизираме репрезентацијата на Русија. Ова се нашите аргументи:

Времето е пиво

Оригиналот гласи дека времето е злато, ама во некои земји и пивото знае да биде слично ексклузивно. Прашањето е: ако си на минималец, колку време треба да работиш за едно пиво? Одговорот гласи вака:

Мизерни мажи

Не затоа што се родени мизерни. Туку затоа што се родиле како мажи, па фатиле девојка или се ожениле, а таа решила дека во некој даден момент во нивниот живот тие копнеат да одат со неа на шопинг. Резултат, Инстаграм профил со мажи одвлечкани по продавници.

Зошто Македонија е толку важна?

Одма да ве разочараме, не го знаеме одговорот.

Игра за на свој погреб

Ако често шарате по Апстор, знаете дека доминираат горе-долу истоветни скриншотови за игрите. Е, па овие направиле различно и одма им се одразило на подобрување на продажбата.

 

Приказната за фалсификувањето на италијанското маслиново масло

Најголемиот дел од маслинките кои се користат во производството на италијанското маслиново масло се увезуваат од земји како Шпанија, Мароко и Тунис. И тука не е ништо спорно. Проблемот е што паралелно со увозот на маслинки, некои производители на црно увезуваат и многу поефтини масла од соја и слично.

Базенот убав пак ќе никне

По зaвршувањето на Олимпијадата, Кинезите исчистија после гостите и фатија да работат на објектите кои им останаа од Пекинг 2008-ма. Еден од овие објекти е Акватик Центарот, кој од олимписки центар за водени спортови го претворија во Аква парк. Новото име му е Happy Magic Water Cube Water Park и сега вака изгледа.