Канта

Авторот на Дилберт против страст и таргети

1. Луѓето што победија на последниот Американски Идол имаа страст за пеење, меѓутоа илјадниците што не победија на последниот Идол исто така имаа страст за пеење. 2. Зошто никој не ги интервјуира луѓето пасионирани околу она што го прават, кои не успеале. 3. Можно ли е страст да е чуство кое го имате кога работите добро ви одат.

Комплетчето наречено Сара Шафак

Би требало да ви фати око ако сте гледале Kitchen24. Има само 23 години, мис на Финска е а освен што готви, знае да блефира за големи пари.

Професија: татко

Делот од татковството што не се вежба, туку ти доаѓа во моментот. (Освен во случај кога нема да ти дојде, па после детето ти е криво.)

Европа + 125 метри вода

Идејата за Егејско море кај Гевгелија е комплетно остварлива ако морското ниво порасне за 125 метри. Проблемот е што моментално морското ниво расте за 3 милиметри годишно.

Денес од Џон Холкрофт

Тоа што е карикатура не значи дека е смешно. Тоа што не е смешно, не значи дека нешто ќе промени.

Гиф басна

Наравоучение: овцата си останува овца, дури и кога се курчи.

Филмови на 2014-та, според луѓе што гледаат филмови

Летербоксд е социјална мрежа за вашиот вкус за филмови. Ова е 2014-та сумирана во препораки, критика и изгледани филмови од луѓето што гледаат филмови.

Хартијата трпи сè

Митот гласи дека не можете лист хартија да превиткате повеќе од 4 (7,11) пати. А можете, ако не сте ограничени со големината на листот и енергијата која ја имате за да виткате. Проблемот е што ако ја превиткате хартијата 103 пати, ќе добиете хартија подебела од она што ние го познаваме како видлива вселена или метагалаксија (93 милијарди светлосни години).

Најмрачните стравови

Френ Краус е автор на стрипот / сликите Deep Dark Fears. Бизнис планот на човекот му е следен: ти му пишуваш кој е твојот најголем и најмрачен страв (без разлика колку нелогичен, бесмислен и срамен), а тој тоа го претвора во стрип. Тоа изгледа вака.

Соединетите американски јазици

Мапата на САД изгледа здодевнa кога се гледа кој е доминантен јазик после англискиот. Но, тргнете го шпанскиот и почнува да станува интересно. 

Кјут

Бебешко плачење, пуштено преку подобрајзер/ шабанајзер.

100 постери од 100 филмови

Некои се оригиналите, некои се одлични алтернативи за тоа како можеле да изгледаат оригиналите ако продуцентите не решеле да одат на сигурно.

Од мудрите

Ова да се запамти и за дома, и за на работа, и за во врска и за општо во живот.

Перспектива на ѕидови

Берлинскиот ѕид наспроти ѕидот меѓу Израел и Палестина. Првиот, растурен пред 25 години, вториот изграден пред десетина година. Споредба во една слика.

На гара во Шведска

Тунелбана (службеното име на метрото во Стокхолм) ја има една од најуникатните архитектури и во основа изгледа како најдолгата уметничка галерија на светот. Системот има 100 станици од кои 47 се под земја. Александар Драгунов прави фото сесија во која собира 33 од 47-те подземни станици. Ова се некои од нив.