Канта

Како беше првиот пат?

Имгур зезалица, кога луѓе со гифови одовараат на молбата да го опишат своето прво сексуално искуство.

 

Поезија за озбилно

Бидејќи одамна нè гризе совест зашто ретко објавуваме поезија на ова место, одиме веднаш со двојна доза. Поетот Слободан Стевановиќ ги рецитира своите песни "Проститутка" и "Наркоманка". Освен морничавата сериозност со која поетот ги кажува своите стихови (не е тоа необично за тој ков луѓе; сте виделе ли како изгледа промоција на македонска поезија?) навистина не би знаеле што посебно да издвоиме. Освен можеби дека прво ќе ја слушнете "Проститутка" а потоа и "Наркоманка".  

Куче за одбрана

Еден гиф во кој зјапаме од прееска и уште не ни се верува каков потег извади дамата!

И ти си Усеин Болт

QWOP е игра со која можете да ги остварите своите најиспотени атлетски сништа. Само прво ќе треба да научите неколку основни чекори а притоа да совладате само 4 копчиња. Можете вие тоа! Со среќа и нека ветрот биде со вас.

Оглас за работа што ќе ви ја одмили вашата работа

Позицијата е актер во Игра на тронови, со улога - "човек што мафта со гениталиите." Сцената со ликот трае нешто околу 5 секунди, а за ова ќе добие плата од 1.261 евро, плус авионска карта до Хрватска, и доплата за пробите и за празници. (потенцијални спојлери)

Музика на ангро

Ако не ја знаете оваа бесплатна разница на концерти во живо, време е. Преку 140.000 причини за слушање или даунлодирање.

Бугарија се сеќава

3 години подоцна, бугарскиот сајт Лентата се навраќа на една историска неправда што ние Македонците, конкретно Офф.нет.мк го има нанесено на бугарската младина, конкретно на абитуриентките. Текстот со наслов "Македонци се подиграват с българските абитуриенти..." започнува со "Братята македонци са потресени от българските абитуриенти..."

Кога ќе ти дојде градежна експанзија

Без разлика колку веселат сликиве, растажува што немаме приказни и очевидци за тоа како е дојдено до овие решенија.

16 превкусни одвратности од храна

Да ти се отворат чакрите за да ти дојдат вакви рецепти, треба да си премногу гладен ама и премногу изнемоштен за да земеш да правиш нешто нормално за јадење, меѓутоа не толку многу за да немаш претстава кај си, што си и кој си. Дополнително од корист сите околу тебе да бидат во слична духовна состојба како тебе.

Чип, компјутерот од 9 долари

За 9 долари не добиваш монитор, тастатура, маус или пак маус пад , ама за тоа добиваш процесор од 1 гигахерц, 512 МБ рам и 4 ГБ меморија, плус вградено ВиФи и Блутут.

Погледнете си го телото

Бескорисен ама интересен визуелизатор на вашето тело. Подесувате неколку параметри и гледате како изгледате и како би изгледале кога би вежбале (толку и толку саати неделно).

Ругање низ историјата

Има два начина да не ти се допаѓа поезија, едниот е да не ти се допаѓа, другиот е да го читаш Поуп - Оскар Вајлд за Александар Поуп.

Кутрите мали Фички

Земаш цвеќе, го ставаш сред некоја што е можно подебела книга, и за еден месец вадиш совршено сплескан примерок за хербариум. Така барем беше во 6-то одделение. Наспроти нас, Рон Арад се однесува како некој да му побарал ова да го направи ама од Фичовци.

Зетот по име Игор

Игор е Русин, инаку домазет во Америка, и тоа кај балдазата. Да бидеме искрени, човекот уште на 4 години се сели во САД и има најрегуларен американски нагласок (за на работа), ама по дома и понатаму избира да збори со руски акцент. Фоткиве ги прави балдазата и на тема, нејзиниот соживот со сестрата и зетот Игор.

Што куќа може да се купи за 1 милион долари?

Пред да тркнеме во Америка и да видиме колку различни куќи можете да очекувате за иста сума од милион долари, ѕирнете прво еден наш луксузен пример. Роџер ја продава (на пазар 3), онаа селф меид чудесија над кино Култура. И описот е ненадјебив: "Непроценлива е за што можете да се уверите со ваш проценител". За Роџер тука, за "повеќе" - стандардно.

Документарци за сите пари

Затоа што гужвана на ЈуТјуб, Вимео и слично не е лесна за снаоѓање, овие се трудат да индексираат колку можат повеќе од тоа. Им фалат уште седумдесетина за да стигнат до 5.000 документарци, а тие што го имаат им се поделени во 26 категории.

Суровоста на капиталистичкиот хумор

Кој последен се смее, капиталистички се смее.