Фото

Штемање на лице

Некои студии велат дека симетријата е она што ги прави лицата привлечни. Други пак сугерираат дека токму асиметријата на линиите на лицето оддават впечаток. Кога сме кај вториве, Том Јорк од Рејдиохед е енциклопедиски пример. Дечкото е тотално изместен ама па кога ќе го наместиш, на ништо не личи.

Јао, колку светот е мал

Медиумите најавуваат дека екс центарот на Хјустон Рокетс планира да го купи ЛА Клиперс од анатемисаниот Доналд Стерлинг Велат, ова ќе бил ГОЛЕМ потег за Јао Минг. А вистината е дека за него ништо не може да биде големо бидејќи е тоа човек кој го прави светот околу себе мал.

Брашно од Прада и млеко од Епл

Луксузните брендови не продаваат производи, тие продаваат стилови на живеење. На тема како би изгледало пакувањето на храната кога таквите брендови би се префрлиле во прехрамбената индустрија, мозгала дизајнерката Пеги Мергуи.

Конзервативен инсепшн

Руската православна црква беше една од инстанците кои се згрозија и ја осудија појавата на Кончита на Евровизија. За неупатените, еден руски блогер возврати со фотографија од оние кои се решително против мажи со бради облечени во фустани.

Инсепшн

Меколи Калкин носи маица со Рајан Гослинг кој носи маица со Меколи Калкин.

Ќеркичката низ епохите

Аплаузите одат за совршениот модел, 5 годишната Атина и нејзиниот татко Бил Гекас кои со многу суптилност и смисла за детали успеваат низ фографија да пренесат нешто што го имаа старите мајстори како Рембрант.

Дом за 6.000 евра

Најдете парче земја, двајца мајстори ѕидари и добивате уникатно симпатичен дом. Клуч на рака за само 6.500 евра. Четири илјади и нешто за целата карабина и остатокот за подови, врати, прозорци. А изгледа бонбона.

Ања Нидрингхаус (1965-та Германија - 2014-та Авганистан)

Ања почнува со фотографирање на 16 години, во 2002-ра почнува да работи како фоторепортер за АП, а во 2005-та добива Пулицерова награда за своите фотографии. Таа беше убиена минатата недела во Авганистан додека ги покриваше претседателските избори во земјата. Ова се некои од нејзините фотографии.

Детство во шок

Фотографија од девојче кое се уште е во шок по бомбардирањето од страна на сириската влада.

Пред да ги снема

Во 2009-та година, фотографот Џими Нелсон си дава задача да документира што е можно повеќе луѓе од изолирани племиња, да ја овековечи нивната убавина, обичаи и култура, пред да ги снема. Минува по две недели во 35 племиња од сите страни на светот.

Како денес изгледа тапетот на XP

Дечко оди да ја види својата девојка во Калифорнија. Јануари е, време на врнежи. Само што поминува едно невреме, небото се отвора, остануваат пар млечно бели облаци колку за контраст а зеленилото на 100-ка, како што е вообичаено за Калифорнија во тој период. Застанува и фаќа пар кадри, еден од нив станува иконична фотографија користена како декстоп позадина на еден од најпопуларните верзии на Виндоус. Ама, тоа е 1996-та година. Денес е многу поинаку. 

Да се посереш од убавини

Знаете дека 35 посто од Американците одат во купатило со таблет? Хафингтон собрал а ние со ќеиф споделуваме 16 купатила во кои би било боговски да се чита својот омилен веб сајт. Цел ден.

Да се посереш од убавини

Знаете дека 35 посто од Американците одат во купатило со таблет? Хафингтон собрал а ние со ќеиф споделуваме 16 купатила во кои би било боговски да се чита својот омилен веб сајт. Цел ден.

Три слики: пркос

Мај 1945-та година, на далечниот северозапад на Русија, на Колскиот полуостров, германските сили заробуваат руски војник. Кратко испрашување па стрелачки вод. Да го видите само тој став!

Пакетче руска пропаганда

Русите очекувано се попалија по ситуацијата во Крим па почнаа да фрчат интернет фотки и монтажи за национално куражење. Што штосни, што глупи.