Во кинескиот град Пујанг (со некои си смешни 3,6 милиони жители) на облакодерите почнаа да се монтираат големи црева кои ќе поливаат сè под себе за да ги разладат граѓаните по горештините.
Ерика ЛаБри стана позната кога пред некоја година се венчаше со Ајфеловата кула. Сега има нова романтична врска, со дрвена ограда. И не само романтично туку и физички е привлечена од неа. „Во моментов , многу физички работи се случуваат меѓу нас,“ вели Ерика. Нормално дека физички бе, сестро слатка, кога седиш на неа.
Од милионите интерни монолози и маалски закани до дечурлана „ќе ви фрлам бомба“, една деновиве се оствари во украински Днепро, од 54-годишен маж кој во моментот не е многу при свест. Нема загинати, само едно дете е повредено.
Оди па преброј уште колку украински војници и цивили загинаа во војната додека нејзините спасители лагано си набацуваа лоши фори сред она што тие самите го нарекуваат најтешката војна / злосторство / криза на европско тло од крајот на Втората светска војна.
Веројатно ќе сфатите од прва, а можеби ќе треба неколкупати да го видите видеото за да го научите најефикасниот начин како на агресивно куче кое загризало човек да му се отворат вилиците. Не е тоа најелегантниот начин што може да ви текне, ама па ако знаете некој друг начин, вие слободно повелете со тој.
Онака како што со нив се справи Кери Лејк, некогашна новинарка a денес кандидат за гувернерка на Аризона. Ја начекаа за интервју и оваа ги изремети дека со задоволство би зборувала... за CNN+. Стримингот кој рикна за само месец дена.
Како пост-советско оклопно возило управувано од лошо обучени руски војници може на голема далечина прецизно да погоди мало патничко возило? Многу лесно, со западна технологија што Западот вети дека нема да и ја продава на Русија по анексијата на Крим во 2014.
Судбината на Џулиен Асанж е најречитиот симбол на западното лицемерие околу вредностите за кои номинално се залага: слобода на говор, транспарентност на политиката, одговорност на актерите.... Токму во име на тие вредности Асанж и Викиликс обелоденуваa ужаси од западните војни по светот. Имаме пакетче од Ирак. Брутални работи, сериозно може да ви се слоши. Ама па, можеби некогаш на човек и треба да му се слоши.
На собир на добри луѓе со уште подобри пароли, сите дојдени да им посакаат добредојде на бегалците, дечко ги ремети со прашањето дали би примиле некој од нив дома. Огромно мнозинство би примиле. Само кога би имало место кај нив дома. А види чудо, нема место. Кај никого. Што би рекол Ѓуза Стојиљковиќ, „волим и ја позориште, само не у својој куќи“.
Во едни поранешните времиња, Трамп, општоприфатен како кловн на чело на САД, им кажа на Германците дека ако не преземат нешто драстично, земјата ќе стане тотално зависна од руска енергија. Германците му се смееа во лице, а меинстрим медиумите одма пресудија дека ова тврдење на Трамп е „фејк њуз“.
На јавен базен во Берлин се прави масовка во која учествуваат едно стотина мажи, за чие раздвојување подоцна доаѓаат 13 полициски возила со исто така околу стотина полицајци. И сето тоа затоа што некој испрскал некого со пиштол на вода.
Додека извештаите за Украина главно се кренаа на геостратешко ниво, инфлациски болки и ПиАр посети на Киев, во Северодонецк не е запрено со војување и со бранење на секоја зграда за колку-толку да се застане руското напредување до пристигнувањето на ветената западна помош.
А Канје камионџијата, Бред Пит, Џим Кери и Шварценегер битангите што го пресретнаа Терминатор, и Вилијам Дефо како Сара Конор. Плус Закерберг, Трамп и уште неколку. За да нема „што ако“ има дипфејк.
Шејн Гилис имаше фантастичен 6-часовен подкаст со Луи Ц.К. на тема американска историја и претседатели. При крај на подкастот тргна да ги прави јутјуберските фори со читање реклами и „дојдете на Партеон за да го дослушате остатокот“, а Луи Ц.К. едноставно веќе е стар човек за да трпи такви фори.
Естонија успешно крена и затвори 25 километри од својата граница кон Русија. Полска пак по минатогодишните драми што им ги направи Белорусија со увозот на муслимани бегалци, еден ден не е застаната со градење на ограда по цела должина на белоруската граница. Последно им е дека затворија 140 километри од границата.
Денес е напредно да се носат деца во клубови за возрасни, меѓу травестити и слично шаренило, за да го видат и тој свет и да се изложат и на тоа влијание. Ок, но што направиле тие луѓе за да заслужат почит и восхит освен што врцкаат со газовите? Е, ајде де. Во продолжение немаме поп или задрт конзервативец. Имаме наш човек.
1. Најди желад на Водно (или каде има кај што живееш).
2. Изгледај го клипов.
3. Посади го стебленцето во двор или кај имаш.
4. Пази го дур не добие снага.
Двајца со камера влегуваат во библиотека / читална и се пресретнати од вработената која им објаснува дека не смее снимање таму. Ако на крај од клипот ја имаш истата реакција како девојкава, знај дека е готово и сè што имало си прележал.
Еден од американските тимови за извлекување за неколку мигови задоцни во спасувањето на една новинарка од Кабул. Талибанците стигнаа пред нив и ја заробија. Како што возилата им се пресретнаа, Талибанците застанаа, ја извадија новинарката, ја ставија на хауба и ја застрелаа во глава, гледајќи го во очи американскиот тим. И ова е само еден дел од сведоштвото и случувањата.
Да нема никаков запис за градењето на Азовстал и за 5.000 години од сега тој да биде откриен од некои идни луѓе, тие ќе бидат идентично избезумени од комплексноста и лавиринтите на подземниот дел од комбинатот како што ние денес сме од египетските пирамиди. Тука се дочекува и испраќа апокалипсата.
Нов тренд по социјални мрежи е правењето „растурена вечера“. Постилаш целофан на трпезариска маса, истураш шпагети и сос врз нив, и секој јаде од сред маса, дал со раце, дал со вилушки, кој како сака, бидејќи ете сме решиле да сме забавни родители.