Видео

Џамбаски уцвика од Клер Дали

Логиката на европратеничката од Ирска, Дали, што беше неподнослива за бугарскиот европратеник Џамбаски е дека поентата во Украина е да се донесе мир, а не да се донесе повеќе војна.

Асанж пред 12 години

Пред точно 12 години, Џулијан Асанж и Викиликс го објавија морничавото видео насловено како „Колатерално убиство“ во кое детално е прикажано како се убиваат деца, цивили и двајца луѓе на Ројтерс. Денес Асанж се соочува со затворска казна од 175 години доколку биде екстрадиран за обелоденување вакви и слични воени злосторства.

Малиот Принц

Локална телевизија од Минесота од своите архиви исџкопала апла раритена снимка од 1970-та година. Принц пред камера, на само 11 години. Принц уште мал бил цар па им дава поддршка на учителите кои штрајкуваат за поголеми плати. 

Како се фаќа ред за нарачување храна во Шангај во карантин

Заради раст на бројот на заболени од ковид-19 во градот Кина нареди ставање на цел Шангај под карантин. Заради тоа што е Шангај зборуваме за бројка од 25 милиони луѓе во карантин. Нарачувањето храна оди преку апликација. Да речеме дека само 10% од овие 25 милиони пробуваат да нарачаат, тоа се пак 2,5 милиони луѓе.

Како на реднек му звучи рапот

Со капче, со гоат-ка, на дечкото нема нешто што му се бендисува во таа музика. Од текстот кој не го разбира, па до преголемата облека под која може да се скрие фрижидер. А симпа е, скроз.

Пилотот на Мрија стигна во Гостомел

Со повлекувањето на руската војска од околината на Киев ослободен беше и аеродромот во Гостомел, последното почивалиште на најголемиот авион на светот Мрија Ан-225. На аеродромот дојде и Дмитро Антонов, пилотот Мрија, која последен пат слета на 5 февруари и беше паркирана во хангарот на аеродромот Антонов во Гостомел.

Ок, ќе нè збуните, и што после тоа?

Цели 60-ти, 70-ти, 80-ти, 90-ти години, нормалноста, либералноста и прогресивноста напредуваше под слоганот „Немој да ме етикетираш“ (врз основа на раса, пол, религија...). Денес прогресивноста е нешто обратно, да етикетираш, ама недајбоже да згрешиш. Пазете го вие ова упатство кој како треба да ја гледа персонава. Ако разберете, еве на.

Две лекции за публика од шамарот на Вил Смит

Едната лекција е околу апсурдноста што луѓе и тука успеаа да најдат белечки расизам. Втората е за нешто многу поважно околу конкретниот инцидент и општо правило за во живот: ако можеш да зашамараш некого и да му свртиш грб и да си отидеш, тоа е сигурен знак дека од старт не си требал да го удриш тој човек.

Ова е пародија

Проблемот со клипот е што сме во момент кога човек на прва не може да биде сигурен дека ова е наместено, без разлика колку е тоа очигледно.

Џим Кери за безрбетната холивудска публика

Како и многу други, Џим Кери се ужасна од стоечките овации за Вил Смит на доделувањето на Оскарите, и тоа откако стана и најсељачки го зашамара водителот. „Ако имаш право да викаш од публика ил ида мрчиш на Твитер, НЕМАШ право да се качиш на сцена и да зачукаш некого затоа што кажал збо-ро-ви.“

Лаптопот на Бајден да се јави на каса

Синот на Џо Бајден (оној кого украинска Буризма го плаќаше 50К долари месечно) во декември 2019-та го носи на поправка својот лаптоп, им го кажува пасвордот (ХантерО2), а овие подоцна го предаваат на ФБИ. Каде е денес тој лаптоп? ФБИ појма нема! Пазете ја оваа лакрдија со нивниот прв човек за сајбер операции: ниту тој знае, ниту па знае кој би можел да знае.  

Слобода, капут!

Во диктаторски земји, можеш да бидеш уапсен ако јадеш многу трици за главниот. Во слободни и демократски земји, можат да те уапсат ако носиш капут, а времето е топло. А некаде помага и ако си црнец. Лондон, Англија.

Вил Смит, камај

Шамарот на Вил Смит полета кон Крис Рок затоа што овој се зезаше со бричената глава на неговата сопруга. Па после солзи, па извинувања... На иста тема, ќелаица, се има јавно зезано самиот Смит, со еден од бендот во шоуто на Арсенио Хол, дека мора да си ја полира главата со восок секое сабајле... Зезнато со интернетот е што никогаш не заборава.

Пијанистот од Лвив стигна до лондонскиот концерт на Ханс Зимер

За време на концертот во преполната О2 арена, Ханс Зимер направи пауза за да му оддаде почит на украинскиот пијанист кој во Лвив под звукот на сирените за тревога за воздушен напад ја свири нумерата од „Инсепшн“ од 2010.

Од Украина сме, од Кашмир, и имаме по 60 години

Кога ќе собереш два и два: знаеш дека денес во Европа украинските бегалци имаат подобар третман од другите и знаеш дека Запад денес има фетиш за идентитетски теми и никој не смее да ти се меша како се чувствуваш и изјаснуваш (ок, освен Македонците во Егејска, фала Преспа). Како тоа изгледа во Ирска, која порача дека ќе прими 200.000 бегалци од Украина.

Трудо „шамаран“ во Европски парламент

Бидејќи дома ѕвездата не му сјае како некогаш, канадскиот премиер веројатно мислеше дека неговиот настап во Европскиот парламент ќе биде лабав излет на кој ќе може да си ги вежба омилените фрази и гестови. Но, таму наиде на „топол зајак“. А кога требаше да зборува, повеќето европратеници имаа попаметна работа отколку да го слушаат.

Емпатија по фаца се познава

Правење фаци со парламент секогаш е лоша идеја а Борис Џонсон не можеше да избере попогрешен момент за тоа. Го фатија како се измотава додека пратеникот Риши Сунак зборуваше за луѓето и децата во Украина кои се кријат по скривници и подруми.

Берни Сандерс: Кога веќе зборуваме за олигарси...

„Секој што мисли дека немаме олигархија во нашата држава е во длабока заблуда. Во нашата држава имале двајца луѓе кои поседуваат повеќе од најсиромашните 40% од населението,“ меѓу другото ќе порача Сандер на говорницата во Конгресот.

Среќата е за батки

Дел од епизодата на Саутпарк од пред две години, кога се зезаат со транс-мажи кои влегуваат во женски конкренции. Тоа што некогаш беше сатира и пародија, денес е реалност 

Како Веља Илиќ ќе ја спасувал Србија во Вашингтон

За време на најофицијални преговори сред Вашингтон, во Белата куќа, за прекинување на НАТО бомбардирањето на Србија, Веља Илиќ се издвоил од преговарачкиот тим подготвен да ја положи својата жртва за доброто на земјата. Над ваквиот план натежнале и сериозни опасности во случај тој да не успее „па да ми опет добијемо по тамбури од стране НАТО-а“

Јас не сменив политика, политиката смени политика

Бил Мар е еден од оние кого знаат да го критикуваат дека ги сменил своите политички ставови, главно од луѓе кои се прават слепи па не гледаат колку во меѓувреме се испретумбаа кординатите за тоа што е лево, а што десно. „Слободата на говорот некогаш беше класична левичарска тема, сега токму таа е под напад“, вели тој. 

Џе је ба Јемен?

Драган Маринковиќ баш и не трза на актуелната фокусираност на војната во Украина при што се заборава на сè друго, како во времето на короната, кога не беше битно кој и колку умреле од срце, од рак...

Од вакви се хранат војните

Некои во Украина баш својски се трудат да ги потврдат сите точки на „руската пропаганда“. Новинар на украинска телевизија се повика на Адолф Ајхман и јавно побара да се сотрат руските деца.

Поранешен агент на ЦИА зборува за Украина и Путин

Меѓу другото, Мајк Бејкер, објаснува дека Американците имаат проблем да најдат некој близок на Путин со кој можат да работат. А како ги наоѓаат такви? Па лесно, главно со добро, ќе гледаш да му помогнеш на некого „чие дете има здравствени проблеми, или ќе му го запишеш детето на факултет во странство...“. Исто така, нема поранешен агент на ЦИА.