Видео

Кунг-фу тепачката над сите кунг-фу тепачки

Филмот е „Пијан змеј“ од 1985-та и е пикот на кое било филмско кунг-фу тепање во историјата на шкартот кинески кунг-фу филмови.

Вест на која ти доаѓа да се прекрстиш

Бил Клинтон и Џорџ Дуплове Буш отидоа во црква. Не да се покајат или замонашат за сите сторени гревови, туку да изразат солидарност со украинскиот народ. Избави нè Боже од лоши мисли, пцости и мами мамини. 

Кого тоа го изненади војната?

„Нашата цена за во НАТО ќе биде голема војна со Русија“, одамна предвиде влијателниот советник на Зеленски за кого другата опција за Украина е за 10-12 години да биде апсорбирана од Русија. - И што е подобро? - го прашува новинарката. „Се разбира, голема војна со Русија која ќе резултира со наше членство во НАТО откако Русија ќе биде поразена“, ладнокрвно советува Олексеј Арестович.

Проблемот со меинстрим медиумите

Најголемите американски медиуми ревизирани не според идеологијата, туку според содржината на вестите, третманот на информацијата и односот кон публиката што одбрала нив да ги гледа. Нивната борба е на секој начин да го привлечат вашето внимание и да го задржат цело време, и во таа борба не се бира како. Затоа таков е исходот.

Воен пилот за резилот на НАТО

Во Хрватска се изведоа воени авио вежби над неколку градови и ок, такво е времето. Само што тоа се случи откако во Загреб падна беспилотно летало кое претходно незабележано помина 900 километри НАТО територии (Унгарија, Романија, Хрватска). После таков блам, барем година дена не треба да летаат и да се чаламат, вели пензионираниот воен пилот Иван Селак.

Земјотресот во Фукушима и на камера изгледа страотно

Фукушима вчера ја погодија два земјотреса, едниот 6,4, другиот 7,3 степени. Заради ударите 2 милиони народ останаа без струја, а Фукушима објави тревога од цунами. Претходниот земјотресот и цунами што ја предизвикаа нуклеарната катастрофа во Фукушима се случија на 11 март 2011 и беше 9 степени.

Во Кина веќе се учи историјата на војната во Украина, и се вадат поуки

Заклучокот што кинеските основци го вадат од историјата на Украина (а од кој цел свет треба слободно да се стресе) е: „Потпирање на самите себе! Ние мораме напорно да учиме. Да ја изградиме татковината. Да ја одбраниме татковината.“

Што направивме со децата?

Што ќе направи дете кога во забавен парк ќе наиде на човек-маскота со некој омилен лик? Се разбира, ќе се затрча за да се изгушка со својот јунак. Не и дете од пандемија, тоа уште од најмали нозе се учи дека во сè наоколу се крие опасност.

Што мислат младите за Путин

20-тина минути муабети со млади, убави и паметни дечки и девојки од Русија за тоа дали е Путин најјак, најголем, најзгоден. Нит нешто го подржуваат нит па се многу-многу опседнати со него, тоа е некој кој го гледаат само на телевизија и е таму кај што е, откако знаат за себе. Занимливо е што никој ни во фантазии не би сакал да биде претседател на Русија (еден вика, на некоја помалку комплицирана земја- да), освен....

Минути за хорот „Распеани медиуми“

Некој злонамерник кој не верува дека големиот медиумски мозаик е составен само од слободни, мислечки и независни медиуми (како може да има такви луѓе, бе?) го има скоцкано ова видео со хармонична повеќегласност и симфониска уиграност. Да слушнеме.   

Гео- политика најубаво се учи со песни и танци

Замислете во голема сала ко Борис Трајковски, да се соберат членови и симпатизери на некоја македонска партија (добро, не на Павле Трајанов, тие можат и во Лајка) и живахно да се разиграат додека политичкото раководство им нафрла партиски точки во седум-осмински такт.  Овие ја с'скаат Кина да го нападне Тајван, а и Путин, онака генерално. Питај бога, кои се. 

Кога новиот идентитет ти е да ја браниш Украина

Уште им викате на луѓе да се чуваат и да се вакцинираат? Пффф, има ново бе, а Рајан Лонг  снајперски ги трола трендовите и безмозочните ботови кои скокаат од еден на друг: оние полни со правичен гнев и желба да се дел од виралните дешавки, без желба да се дознае нешто повеќе за тоа (и онака ќе дојде нов тренд). Треба да нагласиш дека ти лично си не-бинарен, ама ситуацијата за тебе секогаш е едноставно - бинарна.

Во име на животот, се прави мртва

Во светот на растенијата постојат апсолутно фасцинантни трикови со кои тие нашле начин како да се размножат. За таа цел, оваа печурка се прави мртва. И изгледа мртва и мириса мртва. А кај е нешто гадно, ете ти ги мувите. 

Не краставичка во сендвич, туку обратно

Сендвичара од Њу Џерси каде прават сендвичи ВО кисела краставици. Крастивиците ја има улогата на лепчињата, откако ќе им ги извадат семките кои и онака се за нигде. Ова да стане пошироко популарно, одма ќе се најдат ликови кои ќе запомагаат дека се подуени бидејќи биле интолерантни на краставица.

Мекдоналдс не го даваме

Викендов руски пијанист се врза самиот себе со лисици за влезот на еден московски Мекдоналдс во надеж дека така ќе го спречи заминувањето на ланецот за брза храна. Се работи за пијанистот Лука Сафронов (отприлика 270 кг.) кој може многу нешто да постигне со врзување за работи, меѓутоа не и оваа.

Оливер Стон: „Украина во пламен“

Со документарецот чиј извршен продуцент е Оливер Стоун почна нешто да се мати по платформи. Јутјуб го скина па го врати со предупредувачка етикета, па не сме сигурни до кога ќе го има. Иако филмот (2016 година) кој го следи создавањето на украинскиот национализам, без никакви проблеми беше вдомен на Јутјуб со години, сега некако им текна дека содржел графички и насилни сцени. А треба да се види.

НАТО според француски зборови

Овој што зборува е пензионираниот француски генерал и воен теоретичар, Винсент Деспорте. И неговите проблеми со НАТО почнуваат од тоа што не го испочитувале дадениот збор и да се распадне заедно со СССР, до тоа дека цела организација зависи од САД, а САД е озоголасен по напуштање на своите партнери.

Човекот е на чекор да биде хакнат

Големите корпорации денес се на пат да го комплетираат она што било влажен сон на сите злотвори, од Гестапо, преку КГБ до НСА: доволно знаење од биологија, информации и податоци за човекот, како и потребна компјутерска моќ, за тој веќе да не е „загадочно“ суштество на кое крај не можеш да му фатиш. Предупредува Јувал Харари.

Летаа шамари за лицемерието во Европскиот парламент

Како кога сите беа насекирани за Навални а таа ги потсети на Асанж, ирската парламентарка од Даблин, Клер Дали, сега ги потсети колегите на Авганистан. Зошто пет милиони кои се соочуваат со смрт од глад и невидениот пораст на продадени деца се наважни? Затоа што таа земја реши да ја пљачка американски, а не руски деспот?

Лабораториски пример за политички говор

Викторија Нуланд: Да, знаеме за био-лабораториите во Украина ама тие се за чисто истражувачки и научни цели.
Исто Нуланд: Недајбоже да паднат во руски раце!
 

Хрватски евро-парламентарец за крЕУкодилските солзи

„Германија и други членки на ЕУ, само во последниве 12 дена од Русија купиле нафта и гас во вредност од 10 милијарди евра. Престанете со лицемерието да ја финансирате војната додека лиете солзи за Украина“, порачува независниот хрватски претставник во Европскиот парламент, Мислав Колакушиќ.

Петро Порошенко: Како ќе победиме во војната?

„Ние ќе ги имаме работните места и пензиите, тие ќе ги немаат. Ние ќе имаме за децата, тие ќе немаат. Нашите ученици ќе одат на школо и градинки, нивните ученици ќе чмаат по подруми. Так и само так ќе победиме“, ќе каже уште пред многу години претходникот на Зеленски, прозападниот државник Петро Порошенко.

Кој Блинкен е попаметен Блинкен?

Пред да испрати нова тура оружје во Украина, американскиот државен секретар треба да се чуе себе си во 2015 година: „Секој што игра на воена карта во Украина, игра на руската карта. Тие се на границата; колку и ние да однесеме оружје, Русите можат да донесат двојно, тројно повеќе. Така само ќе влеземе во круг на ескалација на ситуацијата“.

Како изгледа градска седница во Украина кога се тука Азов?

Не толку одамна, во 2017 година, британскиот јавен сервис имаше прилог за тоа како изгледа и делува украинската тн „народна милиција“ кога медиумите не гледаат. Тие се дел од озлогласениот батаљон Азов и прилогот зборува за нивната поврзаност со високи ешалони во полицијата и самото министерство за внатрешни работи. Значи, BBC, ок?