Видео

Патетични бебиња, пораснете

Бил Мар и Пирс Морган убедливо ја зашамараа културата во која секој од нешто е навреден, па се прави жртва, па на сите работи треба да стои предупредување дека нешто може да ги навреди и да им ги повреди кршливите чувства... Замислете, дисклејмер добил дури и филмот „Одвеано од виорот“.

Шазам за експлозии

Малколм Нанс беше повеќегодишен аналитичар на МСНБЦ за воени прашања. „Доста беше зборување!“ обелодени пред некое време и се придружи на украинските воени сили. Само да видите каков е тоа фолирант. Украина не може да изгуби со експерти од ваков калибар на нејзина страна.

Подземната железница во Гуангџоу

Градот има меѓу 16,5 и 18,5 милиони жители, и за нив имаат изградено метро со 16 линии (плус три планирани), што достигнува брзина од 160 километри на саат, разнесува луѓе меѓу 294 станици и изгледа како од научно-фантастичен филм.

Да не ти се случи белја на интернет

Девојката решава да сними видевце за на интернет, се исправа и си ја ѕвизнува половината на крветот позади неа, притоа испуштајќи краток звук на доживеана болка. Сосема доволно интернетот да ја фати во машина.

Една секунда Битлси

Џек Вајт демонстрира еден импресивен скриен талент. Дечкото може да погоди за која песна од Битлси се работи и за тоа му е доволно да слушне само една секунда од песната. Има луѓе што вака знаат и за Аца Лукас, ама тоа е сега друг проблем. 

Маскота задолжена за Бајден

Само што почна да оди надвор од скриптата и да мумла нешто „од глава“ за Авганистан и Пакистан, на американскиот претседател му дојде надлежна маскота и ефикасно го пренасочи во друг правец. Прес секретарот? Шефот на кабинетот? Или па луѓето од неговиот круг се менуваат кои дента да бидат маскирани а кои во цивилка?

Падот на маршал Жуков

Георги Константинович Жуков е еден од најбрилијантните воени умови и стратези од Втората светска војна под чие водство Црвената армија ги одбрани Ленинград, Сталинград и Москва, ја водеше битката за Курск, го држеше белорускиот фронт, ги протера нацистите, го освои Берлин и го прими документот за германска капитулација. Во 2022 година, украинската армија во Харков реши дека тоа не е доволно за споменик.

Барем Германецот историски се разбира кој е човек, кој не е, кој е Европеец, кој не е

Германскиот политиколог Флоренс Гауб деновиве изложи една своја (веројатно до сега потисната) теорија дека Русите иако изгледаат како Европејци, тие не се баш Европејци, па затоа ни нивната смрт не е многу европска.

И на крај верверицата го изеде желадот

Дизни објави дека го затвора студиото „Blue sky“ кое стои зад целиот серијал и се под името „Ice Age“. За одјава Блу скај објави видео што ја затвора целата приказна.

Примате ли нарачки?

Се вика Френк Тедеско и на луѓето или им изнудува или насмевка или пак паѓање на вилицата. Затоа што им исполнува музичка желба, тоест им свири песна по нарачка. Ако не ја знае, ќе ја побара на Јутјуб, ќе ја чуе и ете му ја во прсти. Жестоко талентиран.

Бајден со подрасипан авто-пилот

Го заврши говорот, му пружи рака на некој кој само ние не го гледаме и после реши да се промува наоколу. Музиката која ја препознаваме главно од Монти Пајтон само ја надополнува совршеноста на оваа сцена.

Здраворазумници

„Нас двајцата нè гледаат како здраворазумници и мислам дека токму за тоа има најголем глад во Америка. Кога луѓе ќе ми кажат ’не ли мислиш дека си станат поконзервативен’, не, не сум. Левицата стана поблесава, па затоа јас можеби изгледам поконзервативен. Ама не сум јас тој што се променил,“ ќе му каже Бил Маер на Џо Роган во новото гостување на подкастот.

Не ви личи ли ова на сцена од „Hunger Games“?

Моментот кога првиот човек на Европската комисија треба да ја соопшти цифрата на собрани донации од кампањата „Stand up for Ukraine.“ Урсула Фон Дер Немање Усул го прави тоа така неумесно со оглед на трагедијата за којашто се собираат парите, што сцената повеќе личи како да најавува главна награда на некое простачко реално шоу.

Џо „гаф до гаф“ Бајден

Може ако Бајден проба никогаш повеќе да не зборува јавно без да чита од збор до збор тоа што му е напишано народ и нема да се чувствува како светот да го води речиси 80-годишен пензионер. Рака на срце, мора да му се признае дека добро се држи за годините.

Руската страна на рубљата

Наспроти западниот речиси униформен финансиски консензус од почетокот на руската инвазија дека рубљата брои ситно пред тотален крах, последниве недели нивниот впечаток се промени, па сега се зборува дека ок рубљата преживеа, ама тоа не значи дека економијата нема да настрада до крајот на годината. Руската РТ состави свое видување за досегашната издржливост на националната валута.

Во Шангај станува неподносливо напнато

Кина и понатаму инсистира на својата политика на „нула ковид“ па заради десетици случаи во градот, ги стави сите 25 милиони жители на Шангај во карантин, и како ретко кога во изминативе 2 години лошо го изменаџира целиот карантин и логистиката околу него. Посебно околу храната. Моментално во градот врие како во котел.

За тие што упорно купуваат кинески лук

Ако не ви пречи вода од канализација и белеење со хлор, слободно продолжете да го купувате, кои сме ние да ви кажуваме што да правите.

Рик Рубин ја раскажува легендата за создавањето на „Hurt“ на Џони Кеш

Зборувајќи за чувстото што го има кога ја снимаат песната, Рик Рубин вели: „Кога имаш 20 години и зборуваш за каење е тажно, ама е тажно на сосема друг начин. Бидејќи имаш цел живот за да сфатиш како треба. Кога гледаш наназад на својот живот, на крајот од својот живот, со каење, тоа е брутално.“

А сега, Американецот да ни го објасни светот

Никој како Американец не знае попластично да објасни гео-стратегија и што е она што се случува на терен. Слушнете го Ричард Фридман, основачот на приватната аналитичко-разузнавачка организација Стратфор, колку да не ве убедуваат дека сте под влијание на руската пропаганда.

Француски поглед на Буча

Пјер Конеса е поранешен заменик директор за стратешки работи на француското министерство за одбрана, а инаку автор на неколку книги за геостратегија. Тоа што пред некој ден Конеса го дебатира на француската телевизија се однесува на можноста за вадење на Путин пред судот во Хаг.

Кога е Си-ен-ен во прашање, не се дезинформации, туку се грешки

Прашање од публика за: лагите за Русијагејт, протежирањето на Џуси Смолет како жртва, напаѓањето на врховниот судија Брет Кавано дека е силувач, отфрлањето на аферата со лаптопот на Хантер Бајден како руска дезинформација. Одговор од еден од тешкашите на Си-ен-ен, Брајан Стелтер: сме згрешиле, ама наши новинари му помогнаа на ранет новинар на Фокс њуз во Украина.

Сељачиштето Вил Смит ги охрабри другите сељачишта

Откако раперот Т.И. цело време ѝ дофрлал  да ја симне периката, комичарката Лорен Најтова го пецнала за обвинувањата за дрогирање и сексуално малтретирање една жена во 2005 година. Балванот „оскаровски“се качува на сцена па удира едно лажно гушкање, колку да ѝ го дрпне микрофонот од рака. Какви битанги се осилија во последно време, чудо едно.

Бабата и знамето

Баба од Украина ги побркува војниците кои ѝ доаѓаат, за украинската мисли дека е руска војска па го вади црвеното знаме на Советскиот сојуз. Украинскиот војник ѝ дава храна, но го гази знамето. „Под ова знаме загинаа моите родители, а ти газиш на него!“, му вика бабата. И му ја враќа храната.

Колку си бил блиску до губење колега?

Дали ајкулите воопшто знаат дека е планирано тие да не можат да влезат во гњуречки кафези против ајкули?