Видео

Да не ја урочиме Мира Бањац, ама чујте го ова

Додека ја појадувате овесната каша со чиа, агаве и путер од индиски орев, да слушнете една анегдота од пред некое време за 92-годишната Мира Бањац, раскажана лично од колегата Љуба Бандовиќ (кој на 46 години е точно дупло помлад од нејзе).

Битлси имаат нов спот

Се разбира дека не, тоест дека не баш. Се работи за гважно-анимирана визуелизација на „I'm Only Sleeping“, една од носечките песни на нивниот култен албум Револвер кој неодамна на интересен начин беше ремастеризиран. Слушајте Битлси, се работи за основна хигиена на слушниот апарат.

Стариот жестоко зашмелца

Во својот говор во Флорида, Џо Бајден кажа дека (1) Зборувал со човекот кој го пронашол инсулинот, иако Фредерик Бантинг умре во 1941-ва, една година пред Бајден да се роди, (2) Ураганот Иан го нарече Иван (3) Го преполовил јавниот дoлг а тој е рекордни 31 трилион долари.... И тоа не е сè.

Како да преживееш во човечко стампедо

Темата не изгледа толку шашаво после онаа трагедија во Јужна Кореја во која во стампедо загинаа преку 150 луѓе. Додека стоиш и те гмечат, зачувај го градниот кош за да можеш да дишеш. Ако паднеш, врти се настрана, чувај глава и надевај се дека брзо ќе помине.

Готвењето е основна култура

Бордејн има да ти порача: „Ако наутро не можеш да направиш омлет или барем кајгана, треба да ти е срам од сам себе“, па ти како сакаш.

Ова беше трол, не оние по твитери

Да потсетиме на жената која пред едно пет години се појави на сосема сериозна полициска прес-конференција и почна да преведува на јазикот на глувонемите. Нормално, без да има абер од таа работа. Оние кои го познаваат знаковниот јазик, викаат дека на моменти мавта со рацете како да ја пее Џингл белс. 

Кина уште се бори против ковид... со ќотек

За волја на вистината и во остатокот на светот да не попуштеа мерките за борба против ковид како што е во Кина, секаде идентично вака ќе му беше смачено на народ.

Да знаете, „мама и тато“ се „хетеросексизам“

Кај доктор Фил се зборува за канселирани (читај забранети) зборови и се бараат предлози за нови. „Мама и тато се навредливи“, вели жена од публиката. Лезбејка е, имала ќерка и секогаш кога малата некаде ќе прочитала „мама и тато“, се збунувала. Па стварно не е фер.   

Прошетка низ канцелариите на Твитер (пред Илон)

Замисли дека си во ол-инклузив од 5 ѕвезди и чат пат треба да работиш, плус на крај од месецот тие ти плаќаат на тебе а не ти ним. Чисто да знаете, Твитер, како и скоро секоја голема ИТ компанија, и понатаму има проблем да ги натера вработените да се вратат на работа, место да работат од дома.

Планета Земја, Сер Снуп Дог

Онаа легендардно напната и драматична сцена кога гуштер/игуана бега од огромна банда змии, наместо Атенбороу, ја коментира Снуп Дог. Самиот сер Дејвид Атенбороу оцени: Ова е подобро од оригиналот. 

Лесно е да се бориш во УФЦ, оди разбери се со деца по дома

Откако прегази секој што му застана од карши во октагонот, сега борбата на Нурмагомедов е „како да им објасниш на децата дека не може да им дадеш пари кога гледаат дека имаш пари.“

Батали цената на гасот, ја гледа ли некој цената на донерот?

„Големи слики,“ „глобални тектонски промени“ и слични апстракции што се верглаат кога некој сака да ја натера водата на своја воденица, никогаш не ги земаат предвид актуелните страдања на поединци. А не дека ги нема, како што ќе види германскиот канцелар.

Добро, машиниве ги прават само за нас да нè нервираат?

Поуката не треба да е „во Германија сè е чисто“, туку „во Германија сè (цело време и систематски) чистат“. И тие да не чистат, истото ќе биде како кај нас, не дека се магичен народ што не создава ѓубре или не му се затнуваат шахти.

Стока

Стогови („Les Meules“) на Клод Моне е последната жртва на стока од активсти кои периодов решија ги нападнат најголемите уметнички дела на човештвото во име на сопствената агенда. Сликата на Моне во 2019 беше продадена на аукција за 110,7 милиони долари.

Енормна вишок смртност во ЕУ

Хрватскиот пратеник Мислав Колакушиќ вади шокантни податоци од Еуростат за вишокот смртни случаи во ЕУ после пандемијата. Шпанија во јули 2022 има 39% а Исланд дури 51% поголема смртност отколку просекот од 2016-2109. Има земји и со многу помали вишоци, на пример Романија и Бугарија, но, заебаното доаѓа кога ќе се спореди нивото на вакцинираност. 

Урсула набавила по 10 вакцини за секој граѓанин на ЕУ

Пишувавме за тоа но скандалот е сега во Европскиот парламент каде се бара нејзина оставка заради сомнително склучениот договор со Фајзер (71 милијарда евра за 4,6 милијарди вакцини, тоест по 10 дози за секој граѓанин на ЕУ). Урсула е мажена за Хеико, директор на американска биотек компанија за клеточна и генска терапија.

Село ко село, што дијагноза, што документарец

Што изнакажа човеков вака на поминување два автобуса сценаристи и писатели на кокаин не го пишуваат во цел живот. А и подобро да каже, да си олесни, отколку да почне да убива ко што планира.

Партијата што нема потреба од реклама, направи реклама

Видеото е по повод 20-от национален конгрес на ККП (со речиси 2.300 делегати) што се одржува еднаш на 5 години, ама слободно може да се искористи за сè од мобилизација до јуриш на Тајван или кој и да им засмета на Кинезите.

Клер Дали повторно делеше воспитни

По барање на Зеленски, Европскиот парламент расправа дали прво да воведе па потоа да осуди државно спонзориран тероризам, се разбира, на Русија. Државно спонзориран тероризам? Чекајте да ви набројам примери за тоа, им кажа на колегите ирската европарламентарка од Даблин.

Блуперси од „Between Two Ferns“

После неповторливиот Али Џи, „Меѓу два папрата“ е шоу во кое сме ги слушнале некои од најлудите прашања и потпрашања кои можат да се смислат за интервју. Ова е збирка моменти кога Зак Галифjанакис или неговиот гостин не издржале да не отидат во смеење. 

Некој нека ми ги искрши забите

И да не знаете руски, ќе разберете дека на овој ММА борец (Шодмон Назокатов, Таџикистан) му е најпаметно да си ќути. Победата им ја посвети на родителите, сопругата, но и на девојката! Упс! После се врати да ја исправи грешката. Дупло Упс!

Полицаец приватњак

Ако може доктор да работи приватно како доктор после работно време, кои се тие богови на правдата што велат дека полицаец не може приватно да пишува казни после работно време? Кои?

Иднината носи дронови што носат терминатори?

Прв стадиум: роботи кучиња. Втор стадиум: роботи кучиња со оружје. Трет стадиум: роботи кучиња со оружје пренесувани со дрон. Четврт: ?

Замислете Америка да беше диктаторска земја

Саша Барон Коен во „Диктатор“ има употребена една генијална финта како на Американци да им ја долови реалноста. Вистински интелектуален аикидо.