Видео

Војна или не, Одеса има да се бања

Заради опасност од поморски мини, на целото крајбрежје на Одеса целосно е забрането бањањето и влегувањето во вода. Сончање може, ама влегување во вода, не. Едно толкување на овие правила е дека може вадење вода, наместо влегување во нејзе.

Нема нешто што српска кафана нема видено

Ова да треба за снимање да го договориш десет дена ќе се влечеш, те газдата на тракторот, те газдата на кафаната, па дали било безбедно, па девојката не сакала да се качи, па стара машина, па не палела, па нов теписон во ресторанот...

Косплеј за медаља

Џибаро е анимирана сирена од серијата „Љубов, смрт и роботи“ и е фантастично достигнување на компјутерската анимација. Од никаде, на интернет се појави една девојка која успеа себе да се направи подобра жива верзија од анимираниот оригинал.

Го памтите Џулиус Френсис? Е па дечково ќе го памти

Потсетување за вас, бидејќи за дечково е доцна. Џулиус Френсис е поранешен британски боксерски шампион во супертешка категорија, имаше и борба со Тајсон, кој денес работи како обезбедување. Дечкото со сината марама на глава е анонимус со некоја нервоза што ја истура на обезбедувањето и гостите во еден британски трговски.

Лекција по суверенитет од Путин

Суверенитет не е нешто варливо, или го имаш или го немаш. Ако го имаш ќе видиш по одлуките што ги носи твојата држава, а ако го немаш ќе забележиш многу доцна, обично кога ќе те снема.

Како се краде Тесла за 130 секунди

Хакер (или по ново истражувач на безбедност) успева на Тесла автомобил да му ја направи отприлика истата фора што бугарски крадци на коли ја правеа на почетокот од 2000-те, кога прв пат излегоа далечинските клучеви за коли, да го украде сигналот од клучот на Теслата.

Ок сте, и тие не го видoа од прва

Точно дека секаде можат да те опељушат и ограбат ама си викаш дека можеби си барем малку раат додека гледаш низ прозор во воз кој преминува мост. Но што ако некој да ти дојде од позади додека зјапаш? Не, на погрешна страна мислите.

Та не е саде Амбер Херд

Некој ја снимал оваа двојка на аеродром, составена од една девојка која на секој чекор прави драми и сцени и еден дечко кој се брани со молчење. Тој не е Џони Деп ама затоа таа е офтика. Спиеш ли мирно, Камила Ваксез?

Кога драмата е поважна од логиката

Репотажа од деминирање патека во Украина која многу успешно исклучува еден клучен детал што нема да го фатите дур не ви го кажат, па после ќе ви дојде незгодно од сами себе.

Легендата вели дека Кинез некогаш оставил нешто да се фрли

Кога овие ќе завладеат со светот ќе треба сериозно да ревидираме многу наши буржоаски навики околу готвењето, главно тоа дека постои нешто што воопшто треба да се фрли или не е за готвење.

Од уличните борби за Северодонецк

Судбината на Донецк и Украина се решава на улиците на Северодонецк, порачува Зеленски, а снимките од уличните битки покажуваат дека и украинската армија идентично го сфаќа градот и неговата одбрана.

Џони Деп за Диор

Актерот се враќа на екраните, засега оние малите. Една недела по неговата судска победа во случајот против поранешната сопруга, на една од ретките компании која реши да не дигне раце од него ѝ дојде време да ја наплати одлуката која се покажа како паметна и да пушти нов спот со Џони Деп.

Имате ли разговарано со транс-волчица?

Деца во школо почнуваат да се идентификуваат не како момчиња и девојчиња, дури не и како нон-бајнари и слични шитови туку како  - животни. Па онда, наместо да одговараат, предат како мачиња или што и да е. Оди па сега ти оцени ги. Мат Волш разговара со една зрела волчица.

Колку е лесно да се лаже со статистика

Многу поучен (и забавен) клип со дузина примери и за моќта на статистиката но и за големите можности кои таа ги остава за лажење, манипулации или едноставно прерано носење заклучоци. Како што вика еден коментар: „Интервјуиравме 1.000 луѓе кои преживеале руски рулет. 100% од нив преживеале. Заклучок: рускиот рулет е безбеден за играње.“

Мапа на 3 месеци војна

Мапа на воените дејствија во Украина од прв ден, па некаде до крајот на мај. Чисто, клиничко, ладнокрвно, со нула емпатија, како да е анализа на шаховска партија.

Не ли ви е глупо да сте сиромашни?

Сенаторката Деби Стабенов отворено и порача на американската јавност дека ако сите како нејзе почнат да возат електрични автомобили, тогаш сите како нејзе исто така нема да се замараат со цената на бензинот на бензиските.

Со вакви вистиномери, трудно

Сатиричниот вебсајт Бабилон Би извади заебантско видео со труден Кен (оној на Барби) и соодветен текст дека се работи за инклузивност и дека доста трудните дечки биле изопштени. Ај тоа, туку Ројтерс фати да го факт-чекира видеото и генијално утврди дека - не е точно. Замислете денес да ги имавме Монти Пајтон. Ќе читавме „вистиномери“ дека реално не постојат витези што викаат „Ни“.   

Метју Меконахи, човекот од Увалде

Да, актерот е роден токму во тоа место во кое минатиот месец оној млад лудак уби 19 лица, од кои 17 беа деца. Се појави во Белата куќа за да бара построга контрола на оружјето. Жена му покажа едни зелени Конверс патики со нацртано срце а тој гневно замава тупаница. Дали американскиот Оливер Спасовски ќе го уапси за вандализам и рушење на угледот на институциите?

Црнци гангстери разбраа за „руски рулет“

Нивните правила се малку поцивилизирани. Пак е еден куршум, само наместо да си пукаш во глава, му пукаш на другиот во стапало, ама не е ништо помалку глупо.

Шоу за мали принцови и принцези

Прилог за настанот после кој се дигна голема џева а во Тексас се предложи закон да се забранат шоуа на травестити пред малолетници. Многу јако завршува клипот. После шоуто, овие преправениве надвор ги чекаат група традиционалисти. Еден ја прашува плесачицата „како не ти е срам ова да го правиш пред деца“? А тој што е со неа, му вика: Мајка ти е курва!

Порошенко на заслужен одмор во Лондон

Откако од трета мајка успеа да излезе од родна Украина, поранешниот украински претседател и несуден херој од одбраната на Киев, Порошенко деновиве е снимен на прошетка низ Лондон. Украинска правда пишува дека Порошенко официјално имал „излез“ до 2-ри јуни. Тој се уште не е вратен во Украина.

Леле бе колку е ова лошо

Би ве охрабриле да чуете бар нешто од ова получасовно мачење со ветување дека Мирко Попов не пее, ама сепак ќе дојдете до еден вокал, на лик со голем бас во рака и уште поголем неталент во грло. Волку брука и резил во туѓо име одамна не сме осетиле.

Разлики во комунизмот

Штекер од комунистичкиот Советски сојуз, наспроти штекер од денешна комунистичка Кина, и многу пожари ќе ви бидат многу појасни.

Украинската војска не се бори за ничие право на геј парада

На пауза од фронтот украински и полски добрoволци од единицата Карпатска сич, излегоа пред камера за да кажат што имаат околу „Киев прајд“ парадата закажана за 25 јуни во Полска или според нив „организирана ЛГБТ провокација“.