Видео

Брилијантна изведба на „Nessun Dorma“ во Ројал Алберт Хол

Безвремената арија од Турандот на Пучини, популаризирана од Павароти и Трите тенори, и натаму знае да наежи, особено на крешендото со она прочуено “Vincerò!” (Ќе победам). Во организација на КласикФМ, пред 5.000 луѓе, тоа беспрекорно го изведе Американецот Мајкл Спајрес, кој е и баритон и тенор. Оркестарот е на Англиската национална опера а диригент Пол Даниел.

Не е Маск толкав фраер колку што новинарите се станати мизерни

Журналистот сака да разбере зошто Маск на Твитер пишал што мисли за Сорос (види овде). Демек, можел тој така да мисли, ама зошто морал да го напише тоа јавно, нема ли така да изгуби пари, нема ли да изгуби реклами... Баш онака како што размислува секој полтрон и мекотел на планетава Земја, мислејќи повеќе на својот задник отколку на својата кичма.

Making of: 'Sympathy for the Devil’

Фасцинантни делови од филмот „Sympathy for the Devil’ (1968) на покоен Жан Лик Годар, за тоа како е раѓана, брусена, пеглана и шмирглана легендарната песна на Стоунси, процес во кој секој инструмент, миц-по миц, си доаѓа на место. Да го чуете Џегер на почетокот како ја пее,  добронамерно би му рекле дека нема баш песна тука. Ама, како што знаете, Ѓаволот си доаѓа по своето....

Обединети нации, тешки гмизавци ве газат

Поштено станаа кога од нив се побара минута молчење за жртвите во Украина предизвикани од руската инвазија. Потоа рускиот амбасадор го побара истото, ама за сите жртви таму, почнувајќи од 2014 година. И овие седат ко кленови, ко најмизерни полтрони од селски партиски комитет, сè додека некој не им климна со глава и им даде знак дека, ете, може да станат и за тие жртви. 

Пусто турско, и прво матријархално

- За кого ќе гласате? - прашува турски новинар една двојка од улица. Машкото мава од прва: - За Еердоган. Таа исто мава од прва, ама мава појако.

„Женски оркестар“ од новото време

Да им го направиш ова на лица со Даунов синдром во кој било друг контекст освен оној „прогресивниот“ и „разбудениот“, инстантно ќе бидеш прогласен за пис оф шит поради манипулација и злоупотреба на нивната ранливост па ќе тргнат во линч и твоја екскомуникација од јавниот простор. Ама, ете, им се може, да ги претстават овие срцки во дрег-кралици за да им парадираат на некој ЛГБТ Прајд.   

Легендата на стероиди

Наскоро ќе навршат 70 години откако Застава од Крагуевац го извади првото Фиќо, по лиценца на италијански Фиат. На патишта Фиќото лесно се познаваше по штичето кое го држи капакот од моторот, за да не прокува. Кога го возиш, треба само да подгледнуваш во ретровизор, сепак да не почнало да чури од проклета Стража. Во брзиномер немаше потреба многу да се гледа. Е, овде има.  

Мат Волш разговараше со трансџендер обоената лезбејка Рајан Веб

Веб е советникот од Делавер кој пред некое време објави дека се чувствува како небела жена лезбејка. Волш седна да разговара со Веб за неговата храбра трансформација, смелоста да излезе во јавност и како воопшто му дошле сите тие чувства.

Овие со „згрешената траса“

Инфраструктурна интервенција во кинескиот град Кингдао: рушат еден голем надвозник, прават ново сообраќајно решение и нормалниот сообраќај продолжува после прекин од само пеесет и четири часа.

Колку многу е важен ТСМЦ за глобалната економија

За време на Глобалната конференција на Милкен институтот на еден панел американскиот конгресмен Сет Мултон ја нафрлува идејата во случај на кинеска инвазија на Тајван САД намерно го уништат ТСМЦ (најголемиот производител на чипови на планетава), на што инстантно од кожа се извади неговата соговорничка поранешната американска заменик-министерка за одбрана Мишел Флоурној.

Страшно, пострашно, фентанил

Рангирање на дроги според тоа колкава грамажа / количина им треба за да убијат просечен човек. Според ова мерење, доволно е да пројдеш покрај фентанил за да те убие. Отприлика.

Султан Сулејман немал ваков митинг

Во кампањата за изборите на 14 мај турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган деновиве одржа митинг во Истанбул. Според бројките од неговиот изборен штаб на митингот имало 1,7 милиони луѓе.

Умни зборови на слободоумно лице

Се тргнав од ЛГБТ движењето кога почнаа да буткаат хормони, кастрација и стерилизација на деца. Тие веќе не се борат за еднаквост и вклученост туку за културна доминација. Од мали нозе, земав облека од сестра ми и се облекував во неа. Да беше сега тоа, ќе ме убедуваа дека сум во погрешно тело. А само сакам да сум слободен, да сум геј, да носам перика и да се забавувам.

Младите, пред ТикТок и Задруга

Малку на курац ни оди ова силно морализирање наоколу во врска со новите генерации и нивното „немање компас“. Оти па Зеко и Пиже (бог да ги прости) беа прочуени филозофи од скопско. Еве ви едно видео од пред 10 години, со млади Холандези кои немале ТикТок, не сркале отрови од Пинк и Задруга... Гледајте џанам вашето дете да не биде со оние без памет. Реално, барем да не биде секој ден.

Руска верзија на Њутновите закони

Третиот Њутнов закон отприлика гласи: „За секоја акција постои еднаква и спротивна реакција.“ Така е и во Русија, само што тоа таму функционира со одложено дејство. Имаме два расни боксери. Едниот успева со еден единствен моќен удар (ќе видите) да го ничкоса другиот, но, од силината на сопствениот удар, и самиот паѓа. По некое време.

Дечкото со приоритетите

Фатил на ТикТок да рецензира храна: кечапот бил полн со шеќери, варените јајца не биле излупени, компирите се полни со јагленхидрати, овесот е токсичен, амбалажата воопшто не е еколошка.... Што храна е тоа, во Мериот, кај Џејми Оливер? Не, се работи за порција храна која ја добил како хуманитарна помош во шелтер за бездомници.

Сам себе го абортирал

Ако абортусот произлегува од правото жената слободно да располага со своето тело, значи ли тоа додека е бремена може слободно да зема метрамфетамин (една од најопасните дроги за плодот)? Не, инстинктивно ќе одговори дечкото па после ќе се самоотепа во објаснувањето зошто не.

БЛМ психотерапија: Истреси му се на цајкан

Краток увид во тоа низ што често минуваат црни полицајци во сојузни американски држави кои се водени од квази - прогресивни сили. Ова е во Њујорк (во кој Бил Де Бласио се фалеше дека за 93% намалил полициски легитимирања, ама не и дека за 65% е покачен бројот на оние кои живеат во шелтери). Брат црнец му се сука дека е предавник и пичка затоа што е црн а носи униформа. Во Ајдахо не може баш вака.

Едно гледиште на колапсот на Вајс

Анализата вели: Медиумот што тврдеше дека е тука за да ги пренесе вестите, всушност цело време се занимаваше со измама и манипулирање на јавноста, и на луѓето им се смачи тоа. На сличен начин страда и Дизни со постојаното инсертирање на „разбуденост“ во нивните цртани. Пораката е не е важно дали тераш крајно лева или десна агенда, само ако си се одлучил за такво нешто прави го тоа отворено, а не да глумиш дека си објективен.

Ова не може да не е скеч, така?

Жена, веројатно комшика, доаѓа да зборува со еден сосед зошто тој своето бебе, инаку девојче, постојано го облекува во розево, а проблемот со розевото е што на тој начин таткото не му дозволувал на 2-годишното девојче само да избере кој пол сака да биде. Нели ова не може да не е скеч?

Ред се редат за Еверест

Ситуацијата на глечерот Кумбу, преку кој се стига јужниот базен камп на Еверест, вечерта на 2-ри мај. Отприлика како да се студентски прашања во испитна сесија.

Гесло на една надворешна политика: Сакале или нејќеле

- Дали е ок вие (ЦИА) да рушите демократски избрани влади во други држави? Какво право има ЦИА, американската влада или која било странска сила да го прави тоа? - Ако е тоа во наш национален интерес, ќе го правиме. Ќе интервенираме секогаш и секаде ако е тоа во наш национален интерес. Сакале или нејќеле. Свету, навикни се на тоа.

Како со два авиона се рушат три згради?

Од сите детали околу нападот на Њујорк на 11- септември, рушењето на третата зграда (Број седум) останува најнепријатното „камче во кондурата“ на официјалната верзија на настаните. Се срушила од „опожарениот мебел во неа“. Зграда од 47 ката, се срушила од пожар од намештај?

Како ќе стигнеме до мир, ако никој не зборува за мир?

Новиот бразилски претседател периодов беше силно притиснат главно од Западот, за тоа што со држави како Кина и Индија разговарал за постигнување примирје во Украина. Неговата контра дилема е како воопшто ќе се постигне мир, кога сите зборуваат за вооружување?