Видео

Един оргазам в две глави

Озборнови ја коментираат веста за оној што се ожени со сијамски близначки. Откако дознаа дека имаат две глави ама останатите органи ги делат, вклучително и оние долу (Ози: Што, едно комплетче?), следуваат урнебесно нормални и здраворазумски прашања: Дали мажот има право да ѝ стави перница на глава на онаа другата и пред сè, кога ќе дојде време за оргазам, на која ѝ следува? Луда, прекрасна фамилија.

Коли крај патот

Покрај украинските автопатишта во близина на граничните премини периодов преку ноќ почнаа да никнуваат автомобили. Излезе дека новата појава е поврзана со носењето на новиот закон за мобилизација во Украина и Украинци кои се обидуваат да куртулат од истиот. Снимкава е направена во близина на Молдавија.

Новите „канџи“ брзо попуштија

Американската полиција воведува нови „канџи“ за погрешно паркирани автомобили кои наместо на тркало одат на шофершајбна. За разлика од овие што се на тркало, новите се прицврстуваат за шофершајбна со лепенки. За кратко време, на некого му текнува да проба да пушти греење на шофершајбна да види што ќе се случи. Се случува одлепување.

Студио, каде не се разбираме?

Гостин на CNN, на водителката ѝ кажува дека постојат само две работи во кои апсолутно верува. Во првиот амандман (слободата на говорот) и во - цицки. Јако е колку пати нејзе не ѝ се верува дека го слушнала тоа што го слушнала па потпрашува да не не рекол случајно цицки туку грицки или мицки. А најјако е колку пати е он спремен да ѝ повтори точно кои две работи никогаш не го изневериле.

Веган со кликер

Знаете дека не сме баш фанови на тревопасната исхрана ама дечково шампионски победи во аргументацијата. - И животните јадат други животни, почнува новинарката. - Да, ама 75% од нив се тревопасни. Тука таа прави навидум стандардна и добра забелешка, не сфаќајќи дека си прави замка: - Ама лавот кога ја јаде зебрата? Така ли? Елај да чуеш зошто не си баш лавица. 

Економист на денот

За секој и секаков говор си постои прикладно меасто и време. Чекајте да ви го преведеме говорот кој ќе го слушнете: „Јас ја сакам приватната сопственост. Ако ја сакате својата држава, читајте го Лудвиг фон Мисес и шесте лекции на австриската економска школа! Мадафакери!“ Што мислите, каде и од кого е одржан овој говор? Од некој  економски нерд на некое предавање, семинар, интелектуална дебата?

ВИ „Пасошко“

Песна најверојатно направена со она SUNO (или слична ВИ алатка), чии (не)дела ги промовиравме преку нејзината бласфемична музичка креација за Македонско девојче. Оваа „Пасошко“ е каде-каде подобра, со дражесна винтажна инструментализација, само што генераторот има сериозен проблем со акцентите во македонскиот јазик, а тоа, барем нам, бааги ни пара уши. Ама, тргната е работата...

Олаф Шолц во Кина пречекан од заменик градоначалник

Својата кинеска турнеја германскиот канцелар, придружуван од чета министри и бизнисмени, ја почна во градот Чунцин, каде германската делегација на аеродромот беше пречекана од заменик градоначалниката на Чунцин и кинескиот амбасадор во Германија.

Блузот е јазик сам по себе

Ед Мота (Бразилец) признава дека нема поим од англиски јазик, што и не би било ништо страшно ако не беше блуз пејач со целосно англиски репертоар. Па како? Па цело време слуша американски блуз, фанк и џез, и научил на памет.

Кога мислиш дека пари ќе те спасат од природа

Сопствениците на куќи во прв ред на брегот кон Атлантикот во Салсбури, Масачусетс, платиле пола милион долари за песок да биде истурен и наместен пред нивните куќи, како одбрана од ерозијата и океанот. Се работи за 15.000 тони песок кој 5 седмици се мести во форма на дина. Кога доаѓа ред на природата, бедемот издржува неполни три дена.

Бојата на поротата

Судењето на О Џеј Симпсон (ноември 1994 - декември 1995) се одвиваше во атмосфера на висока расна нервоза и недоверба кон полицијата предизвикана од претепувањето на црнецот Родни Кинг, некоја година претходно. Денес имаме шокантно сведочење на (црна) жена од поротата која го ослободи О Џеј Симпсон: на 90% од поротата им било јасно дека тој го има убиено бившата и нејзиниот партнер но донеле таква одлука заради „вратка“ за Кинг.

Како изгледаше ВИ кошмарот во 2003

Во Терминатор 3 од 2003 кога САД го активираат Скајнет тој почнува да работи под полна пареа со компјутерска моќ од 60 терафлопи. За перспеткива тоа денес е помалку од капацитетот на две Нвидиа РТХ 3080 графички картички.

Не следете ги парите, следете ги политичарите, тие ќе ве одведат до парите

Дечкото со години следи во што инвестираат крупни политичари и ги купува истите акции. Вика, функционира. Инаку, како ултра-ветеранката на американската политичка сцена, Дајана Фајнстин, која замина на 90 години со плата од скромни 130.000 долари годишно, претходно продаде зимска вила во Аспен за 25 милиони долари и летна куќа на езерото Тахо за 36 милиони?

Ако не сфаќавте, како бевте толку сигурни?

Бил Гејтс денес: „Тогаш не сфаќавме дека ковидот има доста ниска стапка на смртност и главно ги погодува старите лица, нешто слично како грип...“ Точно тоа кое го зборуваа не само заколнати анти-ваксери туку и разумни и упатени луѓе уште пролетта 2020 година, кои потоа мораа да пројдат низ медиумски линчови во време на карантинската правоверност.

Ова со даноците истото важи и тука

Буквално што и да правиш, како и да правиш за сè плаќаш данок, некогаш и по неколку пати, и на крај пак најголем дел од ова „сè“ не функционира. Тоа не значи дека утре нема пак да платиш данок.

Роберт Ф. Кенеди го кажа убиецот на татко му

Да, Сирхан Сирхан пукаше врз сенаторот Боби Кенеди за што ден-денес лежи робија (53 години е зад решетки, лани последен пат му беше одбиена молбата за помилување), но помалиот брат на Џон Кенеди не бил убиен од него. Сирхан пукал двапати но го промашил Кенеди по што бил соборен па го допукал шаржерот во спротивна насока. А Кенеди е убиен одзади од полицаец кој е ангажиран ден претходно. Многу трагови водат кон ЦИА. 

Британијо кревај рачна

Однесувајќи се како се уште да живееме во времето кога „сонцето никогаш не заоѓа врз британската империја“ Британците ги интересира дали Кина нив ги смета за конкуренти, непријатели, закана или сојузници. Кинезите (Виктор Гао) им објаснуваат дека не ги сметаат, за ништо.

Демократија по американски

Не е прашање дали, туку колку бомбардирање (ако претходно не успееше комбото НГО, УСАИД и слободари) ќе имаше врз држава во која актуелниот претседател го покрева целиот правосуден систем за да го банкротира и казни својот главен противкандидат и најверојатен победник на изборите. Чамат Палиапитија и Дејвид Сакс, околу упорните обиди на секој начин да се спречи Трамп да се појави на гласачкото ливче во САД.

Како храната за растенијата ја прогласивме за загадувач?

Ако јаглерод диоксидот е само 0,04% од целата атмосфера на Земјата а човечкиот удел во таа маса е 3 проценти, тогаш борбата против јаглерод диоксидот е како да кажеш дека на Камени мост има едно зрно шеќер што е доказ дека е валкан и дека прво тоа треба да се среди па сè друго.

Во Битола би го викале Репликата

Имаме објавено разни пакетчиња од Цане Патрибрејкерс, дечкото кој е енциклопедиски пример за лежерно куроболие. Ова е мало и слатко видео пакетче. „Дали би отворил концерт на Цеца?“ прашува новинар кој e убеден дека е јако оригинален. Цане го сослушува прашањето и на попот кој седи до него, му вика: Попе, за овој да се појачаат молитвите.

Шпанските војници го хакнаа новото време

Како што кај нас се пишуваат што и да треба според балансерот, така шпанските војници го сконтаа упадот на транџите во женскиот табор и сфатија дека женските војници имаат поголема плата, подобро сместување, поголеми пензии... Капак на победата е што откако ќе се изјаснат како жени, можат да си ги задржат брадите пошто ако порано важеше „жену дупе краси а торту ораси“ по ново е „не гаси ми мушку наду, пуштај бркове и браду.“

Кога ќе се видиме?

„Quando Videre Possimus“ e краток ноар филм на Дејан Бошковиќ кого ви го претставивме со оној дирљив документарец за омаж концертот за Битлси на еден нишки покрив за време на пандемијата. И овојпат дечкото е инспиративен пример како човек треба и може да се бави со она што му е ќеиф и со она за што го бива, без да кука како „државата нема стратегија...“ Филмот е на латински, со српски титлови и баш сакаме да го видите.

Срце немаат да ни кажат отворено

Под притисок на јавноста и законот за достапност на информации, американскиот Центар за превенција и контрола на болести го достави извештајот за она што го знае за мРНК вакцините и миокардитисот после вакцинирањето. И, што вика извештајот? Тоа е цаката, апсолутно секој наод во извештајот на 148 страници е редактиран, односно покриен. И вие ги сомничите дека нешто ни кријат?

Шапиро е за слобода на говор до Израел, натаму мукла

По години работење да се позиционира како столб на слободниот говор во САД и бранител на сечие право да каже што мисли, периодов полека ама сигурно почнува да еродира слободарската империја на Бен Шапиро откако израелската интервенција во Газа ја судри слободата на говор со непомерливо про-израелските ставови на Шапиро. Иако тоа веројатно беше јасно и до сега, драмата ескалираше откако тој ја отпушти Кендис Овенс заради објавување ставови критички кон Израел.