Видео

Џурасик реалност

Малиов има одлични инстинкти за преживување. Најверојатно обожава да си игра со диносауруси, ама додека не се живи. Пратете реакција.

Како што требаше да биде

Ова е многу подобро од оригиналот, и главниот лик не е одвратен и целиот спот е многу повеќе фора него тоа водените боици и дечурланава се ѕверови. "Somebody that i used to know," дует на две деца на задно седиште.

Па стварно бе!

Како во Русија ги хендлаат самоубијците кои сакаат и на друг да му направат беља? Малку брутално, ама држи вода.

Можеби ќе се сетите

Колку брзо ќе возите, решавате вие. Дали ќе живеете или не, решава физиката. Каква разлика прават 8 км/час побавно.

Види го ти Блекбери!

Светот конечно ѝ доака на една од најглупите и најчести грешки при фотографирањето: кога ве фаќаат замижани.

Денот кога почина Тито

Документарец, 49 минути.

Размислувајте во сите правци

Како да извојувате победа на 50 метри долга пливачка патека? Совет од Јапонија: не размислувајте хоризонтално.

Краставица? Не, благодарам

Видео упатство со пар радикални техники со кои може да се спречи едно силување. "Пуштете гас" е јако, патлиџанот појако, сцената со краставицата - најјако. Предупредување: само за лица доволно возрасни да нарачаат шопска.

Прекардашијан

Снимка со три пензионерки кои опуштено и раздрагано го гледаат секс видеото со Ким Кардашијан. Не сте свесни колку се дражесни.

Го нема, ама некој треба да го направи

Што ако Бетмен, Inception и Машинист се три приказни кои се преплетуваат во еден ист филм?

Третата фаза

Постојат три фази на пијанство: 1. пијан 2. дрво (камен, гипс, ќумур, зелка...) пијан и 3) руски пијан. Ги прескокнуваме првите две.

Два света

Мoжеби е точно дека возрасните и бебињата зборуваат со различни јазици а меѓу нив постои весела провалија од суштинско недоразбирање.

Евровизиски дијалог

Жива и весела дискусија меѓу нашите двајца главни евровизиски полиглоти. Знаете кои двајца, не се правете Енглези. 

Вселенска патрола

Ние правиме одлични time-laps-и ама и НАСА не е лоша. Пар преубави Аурора Бореалис плус грмотевици над Африка (54-та секунда). Убаво ни изгледа планетава. Од далеку.

Исто е, ама не е исто

Научнициве нашле два мајмуна и ќе ги прелажуваат дека се рамноправни и дека за ист труд се исто "платени." Па не се они луѓе така да ги прелажеш.

Од Африканецот

Како и за сè останато, Холивуд има соодветен стереотип и за Африканците (како луѓе што живеат во Африка, наспроти црнци што живеат во САД). И сето ова ним не им се допаѓа.

Paul Hartnoll има да ви каже нешто

Трипл плеј: 1) после 8 години Orbital имаат нов албум, 2) за првпат во овој регион доааѓат токму во Скопје на 26-ти јуни, 3) пред вас е интервју со Пол Хартнол за македонската публика! Зошто тој се надева дека ќе повраќа пред скопскиот концерт, ќе откриете сами. 

Родителска победа

Како знаеш дека си успеал како родител? Кога сабајле вака изгледа носењето деца на училиште.

Мјузиклот на Ван Гал

Тренерот, ем селектор, на некој прес пред новинарите. Интернет ентузијасти на некој програм за миксање пред компјутерот. Совршена комбинација.

Дечко на годината

Две работи за дечково. Под а. Нека не се надева дека ова некогаш во живот ќе му го заборави. Под б. нека не се надева дека ќе му даде барем до следното полуфинале во Лига на Шампиони.

Пицата што сакате да не ја сакате

Аплауз за Пица Хат, што успеаа да се надминат себе си и да го состават најодвратното брилијантно нешто на светот. Многу поделени чувства околу ова.

Брза на јазикот

ВИСТИНА е дека некои девојки треба да отворат уста за да видите дека можат да бидат змии. ЛАГА е дека додека го гледате клипов, нема барем еднаш да пробате колку може вашиот јазик.

Бато, хтела сам спикати

Последен пат кога на сајт пишував за Калиопи, македонската дива ме тужеше. За да ја поштедиме нашата претставничка на Евровизија од можноста повторно да изгуби на сите можни судови во земјава, нејзината последна порака галантно ја пренесуваме без коментар. I agree?