Видео

Пица била и за вртење

Главен предуслов за да почнеш да се занимаваш со вртење пици е сериозно да ги мразиш пиците. Инаку, не е можно никој од овие ликови, никогаш да не е дебел.

Туретовиот суперхерој

Луѓето кои страдаат од туретов синдром (неконтролирано пцуење) некако одма ни стануваат драги, веројатно затоа што имаат медицинско алиби да зборуваат онака како што ние би сакале да зборуваме. Овојпат ја имаме 31 годишната Џес Торн, која за разлика од Дени кој е чисто говедо, има фини способности и идеи.

Да бе!

Ги знаете оние "ПРЕД" и "ПОТОА" фотки кои покажуваат фрапантни разлики кои ги прави некој производ или сервис за слабеење и обликување на телото. Финтата била проста: ротирајте ги "пред" и "потоа"! Со други зборови, прво ги сликаат кога се најфит а потоа ги улежуваат.

Jeff Buckley - A satisfied Mind

Пуштете си ја и ич да не ви чуе. Кога ние сме ве зезнале за музика?

Зошто Јутјуб замрзнува на 301?

Веројатно сте забележале дека клипови од Јутјуб често имаат 301 преглед. Зошто Јутјуб заглавува баш на 301 прегледувањe и како воопшто функционира бројачот на овој видео сервис?

Да, сите се исти

Има нешто во женските што ги поврзува, што ги прави единствени, што ги спојува и што претставува едно од нивните клучни обележја - нивниот однос кон камерата.

Кога Соркин го копира Соркин

Аaрон Соркин е сценарист на се и сешто по Холивуд, од Социјална мрежа, Војната на Чарли Вилсон и Неколку добри луѓе до Западното Крило и Moneyball. Во толку многу работа, ќе се најдат и некои реплики што ќе се повторуваат, рециклираат и повторно ќе оживуваат.

Рап вести

Juice Rap News се независен веб проект во кој дечките своите политички пораки во тв формат комплетно ги одрапуваат. Ќе ѕирнеме панел дискусија меѓу Асанж и Мурдок, туку, нели би било феноменално доколку овој тренд ги зафати македонските ТВ енкори? Имеџин: "Хеј, јо, јас сум ти Ивона, тешко ќе ме сконташ како Лиза Мона...." а Латас во позадина ритмично дрма со глава и фрла три прста.

Потеклото на фризурите

Господ ќе не казни што објавуваме видео клип од Плејбој во кој нема ниедна женска туку има неколку машки тимби. Ама, стварно добро е.

Како се продава дрога

Ако некогаш ве интересирало како може да се продаде 100.000 долари дрога за една недела, еве го одговорот. "Упатството" е од дилер од Њујорк, кој тврди дека во секое време, може да те снабди со која било супстанца.

Пушачите се срцки

Ова е една добра анти пушачка реклама (во никотинска смисла, не во смисла на партиско пушење за за подобри позиции на локалните избори), ама ние ја пуштаме заради една друга нејзина димензија: да видите колку пушачите се добродушни и благородни луѓе.

Запознајте ја Грција

Со суштината на економската "криза" (никогаш не му верувај на Грк кој вика дека е шворц) и со пар детали од грчката култура ќе не запознае Јанис Папас, еден од најуспешните грчки комичари. Мустаќ, бројаница, папуча и бела чорапа. Сето тоа е доказ дека дечкото е упатен во темата.

Неделата низ трејлери

Неделава имаме четири продолженија, што (во најголем дел) имаа и одличен прв дел, плус документарец за славните и нивните најверни пријатели - папараците.

И таткото е човек

Еве зошто некои скопски татковци молат бога единствената ваква забава за нивните деца во градов да остане она јадно вовче во Луна Парк.

Голф 1

Кога ќе фрлиш топче, може и куче да ти го врати. Кога со сета сила ќе фукнеш голф топче, ти треба Дејвид Култхард.

Апел од Холивуд

Ако сакате да разберете колку добри глумци се НБА играчите, размислете колку добри НБА кошаркари би биле холивудвските глумци. Отприлика таа е равенката.

Замина најдобриот на сите времиња

По победата врз Бразилецот Педро Риза, рускиот ММА фајтер Фjoдор Владимирович Емилијаненко најави дека се повлекува од рингот на кој во последниве 10 години им ја извади душата на неколку десетици ѕверови од луѓе. На проштелната борба присуствуваше и Владимир Путин а Федор рече дека се повлекува за да им се посвети на ќерките. "Последниот император" беше убедливо најдобриот, најсилниот, најфасцинантниот и најпитомиот тепач на сите времиња. Видео компилацијата од неговите превоспитувачки битки - не е за секого.

Страв на кјубрик

Сите сме го гледале "The Shining и сите сме се сереле од Џек Николсон, ама, не е само до него, туку и до хотелот. Одлична анализа како генијалниот Кјубрик го користи просторот и ентериерските аномалии да го збудали гледачот. 

Филмовите на Пого

Пого е музички продуцент и ремикс арстист со посебен мерак за правење миксови од звуци и реплики од филмови. Пипава работа до последен клик.

Зошто бургерите изгледаат подобро на слика?

Тие што се занимаваат со маркетинг ќе видат како изгледа да си искрен (или барем да изгледаш дека си искрен), тие што се занимаваат со фотографија ќе научат нешто за тоа како се фотографира храна. Плус ќе дознаете дека постои професија "стилист за храна."

Остров за секој човек

Дечкото напуштил работа и тргнал во потрага по поедноставен живот. Сакал да има свој остров ама немал доволно пари да купи. Па затоа го изградил. Со палми, банани, бавча со зеленчук.... Главниот материјал за островот гледате како секојдневно заминува од контејнерите.

Синоќа се направивме утоп

Одиме до еден фин њујоршки бар: шанк, лесно облечени женски, шипка, пијачки, пикадо.... Добра страна: никогаш нема да ви замириса соседна мишка. Лоша страна: не се пуши.

Светиот нокаут

Најава за еден документарец посветен на група христијани кои едвај чекаат да им го свртиш другиот образ.