Залудни се сите заседавања на спортски федерации, судиски организации и мозгања за технолошки иновации. Секогаш ќе се најде начин да се одоброволи судија на еден натпревар. Демо.
Што правиш кога си муслиман и верник и истовремено фан на Бетмен, а премиерата на новиот филм се поклопува со првата ноќ на Размазан? За оваа и другите дилеми околу филмови, видеоигри и стрипови за време на Рамазанските пости, во филмот - пазете добар наслов - First Knight of Ramadan.
Уште еден доказ дека Кинезите ќе го покорат светот а сите ние ќе ги служиме како робови. Но сикирики, барем мраз за пијачките нема да мора да им носиме.
Ниту е глуп, ниту е ретардиран, само е машко. Ќе си го направи он меракот, и покрај тоа што знае дека таа до него по ова едно 6 месеци ќе му го уништува животот на секој можен начин што ќе и дојде. Рок на заборавање - никогаш.
Зимоска го имаа "The art of flight" документарецот со најблесавите бордери и скијачи што можат да се најдат. Летното издание се вика "Where the trail ends" и е со велосипедисти.
Оружје кое треба да го поседува секој дом во летниот период. Шмајзер за муви, со кој на непријателот истовремено му нанесуваш и рана и сол. Пар грама бербат не е ништо во однос на ќеифот директно да се погоди гадот. Инсектициди се за кукавици!
Како што ние одиме на прошетки по планини и езера, така Норвежаните одат на Гренланд да гледаат глечери. Од време на време на некој глечер ќе му се пушти некоја санта, и тогаш се случува ова.
Ова е "копиљ" во неговата најчиста форма, по енциклопедија. Пази што му текнало, во десетина пакетчиња чипс става лаксативи и сè тоа комплет го остава на плажа за галебите да го изедат. Галебите нормално дека ќе го изедат.
На премиерата на последниот Бетмен, во близината на Денвер, 24 годишен дечко уби 12 лица и рани десетици други. Без разлика колку е трагичен настанот, еве како целата приказна ќе се развива во медиумите. Шаблонот е тој, само веста се менува.
"Изгледаш како да си му украл панталони на џуџе!", е дел од супер реметот кој еден татко пред камера му го прави на својот син тинејџер фаќајќи го како сака да излезе надвор со оние ужасно тесни и ниски фармерки кои се носат на половина газ. И после го тера да чучне. Остатокот од семејството си живее регуларно.
Не дека има 6 години, не дека сам има научено да лупа на тапани, не дека ја знае "Pretender" од Фу Фајтерс, туку затоа што планира "уште едно 30 години да се занимавам со тапани и после тоа ќе може да станам хокеар."
Grabbers, ирска хорор комедија, режија Јон Рајт. Може сме утка ама сценариото ветува: мал ирски остров бива нападнат од грозни вонземјани. По некое време селаните сфаќаат дека единствен начин да останат живи е да бидат нон-стоп пијани. Ако изеде пијан човек, мрцината умира во страшни маки. Ма браво.
Да бидеме на чисто, тој во позадина не е можно да му е другар. Човечки не е нормално толку да ти е сеедно за некого, па макар и душман да ти е. Иако и главниов лик изгледа како ова да не му е прв пат.
Два магични светови, една чистокрвна акција од типот на Џејсон Борн (ама без него), трилер за една од најодвратните измами што може некој да ја направи и еден Морган Фримен.
Дечково открива дека куќата му е преполна со пчели. Околу 50.000. Наместо паники и слично, вика момци што професионално ќе му ги иселат подстанарите. По пат, го снима целиот процес.
Тоа што си освоил 8 златни медали, што си постигнал светски рекорд во кревање или си истрчал 100 метри побрзо од пума, ама ништо не и менува на мајка ти.
Луис Ц.К. за тоа колку е глупо цело време да се гео-тагирате каде се наоѓате, и уште колку е поглупо тоа што мислите дека е феноменално што некоја компанија ви дозволува сите ваши лични работи да ги чувате кај нив.
Веројатно од надвор, на некои од тие на Северот на Европа, Грциве им изгледаат како последниве 15 години девојчево да им било одговорно за парите во земјата, па сега некој решил да ја провери што прави. Инаку, девојчето води временска прогноза.