Видео

Која е "кучката" на Џеј Зи во "99 Problems"

После толку години Џеј Зи ја објаснува 99 Problems, посебно на што се однесува делот со "bitch ain't one." Ако некогаш сте ја искористиле за некое женско, скроз сте во грешка.

Година на акциони херои

Видеото треба да е микс од филмовите на 2012-та (што излегле и допрва што треба да се појават), ама изгледа тие што го правеле гледаат само акицони филмови.

Игра на пријатели

Кога мрачната и ретко добра драма на ХБО, ќе ја дофатат ситком докторите на ЕнБиСи, го имате ова. Ова и слични видеа ќе треба да не држат до 2013-та, додека да ја дочекаме третата сезона.

Што си ме правел ко зелка?

Кога три години сите те научиле дека носиш долга коса (не металски долга, него нормално) ова е веројанто најдобар начин да им кажеш дека си се удрил нула.

Луѓето што крадат од лавови

Истото што важи кога проаѓаш покрај клупи во некое туѓо маало на кои испоседнале некои туѓи "маалски", важи и во Африка кога сакаш да им украдеш месо на лавовите. Само право, и не гледај лево - десно.

Вовед во "The Dark Knight Rises"

13-минутно видео за The Dark Knight Rises. Во HD. Со интервјуа со глумците, продуцентите, сценаристите и Крис Нолан. Плус како е снимано, плус некои сцени што до сега ги немало во ниту еден трејлер, плус излегува на 20-ти јули.

Животот пред огледало

Кој и да си, што и да си, каков и да си, многу е веројатно дека денот ти почнува пред огледало и (ако не утнеш нешто многу по пат) ќе ти заврши пред огледало. Еве како му излгеда твојот живот на огледалото. Видеото ја доби наградата за "најкреативен краток филм" на Меѓународниот филмски фестивал во Шангај, и "Наградата од публика" на шпанскиот Manlleu Film Festival.

Белорусија, секоја чест

Ок, сме гледале северно-корејски паради и сме биле запрепастени, од бројноста, од кореографијата, од прецизноста и од самата идеја дека некој може да направи такво нешто. Тоа е додека не ја изгледавме белорускава парада.

Разладувачко видео на денот

Не дека е Бар Рафаели и не дека е во бикини и не дека е топ, туку затоа што ова нашиов асфалт не се издржува.

Херои на искреноста

Прво, заради идејата на агенцијата што и текнало. Второ, заради армиската дициплина, уиграноста и тајмингот што се потребни за сè ова да се изведе. Трето, затоа што искреноста треба да се награди.

Да не му отвориш фрижидер на новинар

Што е најлошо што може да се случи за фрижидер со 500 пива да останае празен за помалку од 3 минути? Спортски новинари на европско првенство во фудбал. На оние снимкине на вести од Сомалија кога носат пченица од УСАИД, има повеќе ред и трпение отколку тука.

Моментите на Еуро

Три голови што ги прими Италија и многу случувања пред тоа. Нешто од тренинзи, нешто од загревање за натпревар, нешто од плоштади, нешто од трибини, се од Еуро 2012.

Научниците и денот потоа

Заради тоа што ја открија честичката, научниците некако сфатија дека можат да откријат и лек за мамурлак. Само човек што нема пробано да се спаси од маурлак, мисли дека може да најде лек за мамурлак.

Кројачот на 007

1962-ра, Иан Флеминг го носи режисерот на Доктор Но, Теренс Јанг, кај својот шнајдер Антони Синклер. Тој го прави првото одело за еден Бонд (конкретно за Шон Конери). Од тогаш оделото на секој Бонд има посебно значење.

Историја на рокенрол

Нема муабет, 100 рокенрол песни, 100 рифови. Еден по друг, во серија, без одмор.

Филигран ремонт

Научени дека најтешките работи се завршуваат со десен клик, се чувствуваш како комплетно неспособен кога некој кога некој вака знае да ти се испонаша со мотор од кола.

Сообраќаен соживот

Оволку разбрани луѓе одамна немаме видено. Посебно не во сообраќај, посебно не во Русија. Колку само смирено изреагираа. Извадија аргументи, се преброија во себе како може да излезе на крај работава и се поздравија.

9-тата банкарска

По повод 130 години од постоењето,  Банко Сабадел ги части жителите на Сабадел со "флеш-моб" од 100 членови на симфонискиот оркестар Валес, плус Хорот Лиедер и пријателите на Операта и Хорот на убавите уметности.

Не е љубов ако не е филмска

Затоа што целата идеја за темата редовно ни ја објаснуваат и дефинираат на телевизија или на филм, еве компилација на најдобри признaнија на љубов.

Неделата низ трејлери

РЗА од Ву-Танг подготвува многу луд филм, човекот што ги црташе Самурај Џек, Декстер и Пауерпаф, сега има долгометражен цртан, Колин Фарел е Шварценегер, плус два раат филмови.

There can be only one

Не може ли да се има едно разбирање, не може ли конечно да се постигне еден компромис меѓу овие два децениски непријатели? Иако, мора да се признае дека и двете страни доста имаат еволуирано.

Потсетување на еден утнат сеир

На 29-ти јуни 2007. во продажба беше пуштен првиот Ајфон. Неколку месеци претходно, ЦЕО-то на Микрософт, Стив Балмер, го даде своето мислење за најавениот телефон на Епл. Ваква утка во предвидување немате видено. Се обратно му се случи.

Грчки дијалози

Базирано на анализата на моменталните општествено-економски состојби, последователниот пад на БДП-то и останатите економски показатели во земјата - овој му побара 100 марки.

Звукот на Brave

"Brave" е на добар пат да стане еден од иконските филмови на Пиксар. Тука имаме анализа на цртаниот, која не се занимава со приказната, анимацијата, движењето на ликовите или косата на Мерида, туку исклучиво посветена на звукот во цртаниот.