Видео

Споредба: полиција против нож

Иста ситуација, два различни пристапи, два различни резултати. Во првото, полиција во Ванкувер и човек со сабја. Во второто, полиција во Њујорк и човек со нож.

Еволуција на вратило

Од 1950-та до денес, во женска конкуренција. Ова сериозно не може да се спореди. Како тотално два спорта да споредуваш. Како табла да еволуира во паркур.

Неделата низ трејлери

Клинт Иствуд, плус Гандалф, плус убиството на Бин Ладен, плус продолжение на краткиот филм за интровертниот дански билдер, плус документарец за дигиталниот филм.

И ова има во Русија

Обично кога гледаме видео од руски автопат знаеме што ќе се случи. Ќотек или ќотек. Овој пат нè изненадија.

Бесрамниот Луис

Цели 55 минути безобразно, навредливо и најважно од се ултра забавно "обраќање" на моментално најпоганата уста на американскиот стенд ап, Луис Сикеј. Па, кој сака, бујрум.

Најолимпискиот момент на Олимпијадата

Лиу Ксијанг е кинескиот атлетичар што во 2004-та го освои златото на 110-метри со пречки. Од тогаш имаше проблеми со Ахиловата тетива, заради што и ја пропушти Олимпидата во Пекинг. Како и да е, тој се квалификуваше за Лондон, каде повторно ќе настапи во спортот во кој некогаш владееше.

Ок, ете сега и ова го има

Не е нешто ужасно, не е нешто да се извадиш од памет, не е некој хорор, едноставно се балони, ама за него не се исти како за вас...

Неделата низ трејлери

Документарецот за гангстерите од лондонски Ист Енд, две фантазии базирани на книга, еден крими трилер со Бред Пит и Џејмс Гандолфини, и првиот филм на режисерот на Барака, по цели 20 години.

Ретро надлуѓе

Олга Корбут на 17-години натпреварувајќи се за Советскиот Сојуз на Олимпијадата 1972-ра го изведе до тогаш незамисливото "Корбут вртење." Денес овој потег целосно е забранет на сите гимнастички натреварувања.

Градот што не заборава

Еднаш во годината, на 1-ви август, цела Варшава застанува за да им оддаде почит на 200-те илјади луѓе кои загинаа во 1944-та во Варшавското востание против Германија.

Ова допрва ќе се пее

*препорака: на инкасатори да им се пушта гласно а во кругот на најблиските да се игра по 22 часот.

Врвниот чатал на Мухамед Али

Една од работите што ја прави разликата во класа меѓу Мухамед Али и денешните боксери, е начинот на кој невидено добро го комбинира секојдневниот речник во несогледливо моќно ниво на чаталање.

Финти за низ живот

Не е дека сите овие фори некогаш ќе ги искористиме, туку повеќе е како ним им текнале, а нам не. А стварно се фори, сигурно нешто од ова ќе ви помогне.

20-те најгледани реклами на ЈуТјуб

Листата е без трејлери за филмови и без "забранети" реклами. Основата по која се пресметува е која колку гледања имала на ЈуТјуб, и по оваа основа видеото на Мајкл Џексон за Пепси завршува пред рекламата на Олд Спајс со Ајзеа Мустафа.

Бежи кишо с прозора

Освен што живо не занима што значи она попалено "Хане! Хане!" на спикерката, јапонскава измислица ќе ни треба многу кога ќе нагрнат дождливи денови. Средство за шофершајбна од која капките бегаат како маслинки од виљушка. Останатите детали се наведени во клипот.

Одисеја 2001-ва, направена за 2012-та

"Без разлика колку е бријалијантен Стенли Кјубрик на тема научна фантастика, денес би било невозможно него да го продадеш на кого било. Тој не се вклопува во која било целна група што денешните маркетинг тимови се обидуваат да ја освојат," објаснуваат од Film school rejects.

Ренту турјент на здравје

Девојчево има некаква ретка болест која ја тера постојано да кива. Не е убаво да се смее на тоа. Убаво е кога ќе се помисли дека еден ден ќе може да работи на албум на Шемса, како чинела.

Како да се сруши зграда со светло

Аудио видео проекција на уникатна 3Д опрема на канадската компанија Moment Factory покажаа што може да се направи со една сосема обична фасада во Атлантик Сити.

Родени сме да се мачиме

Вежбањето е прекрасна работа. Би можеле со саати да го посматраме.

Телефонска сметка како инфографик

Деталните сметки на телекомуникациските оператори знаат да бидат ѓаволски тешки четива за дешифрирање. Француска компанија има решение: апликација која ќе ви ги визуелизира безбројните цифри од сметките, вклучувајќи ги и оние кои операторот би сакал да не ги видите.

Годишен извештај во ефекти

The Mill е едно од оние студија што имаат буџет од 5 милиони долари за да снимат една реклама од минута и пол. Сега решиле да се пофалат што се имаат направено за 2012-та.

На илузијата и се кратки прозорците

Конечно една илузија која нема да се задоволи со тоа да ни докаже дека окото ни е чкарт, мозокот ни е глуп а врската меѓу нив дајал-ап. Оваа е со објаснување + материјали за да ја направите.

Готвење: како не треба

Не се рецепти, туку правила, финеси што добар дел од луѓето ги имаат заборавено или никогаш не ги научиле. Од тоа зошто не треба да се истура сосот директно на шпагети, до тоа како се прави чај, пире или милкшејк.

Бекам меѓу народ

Зошто да не ги израдуваш луѓето кога знаеш каков мерак им правиш. Плус, не дека не те плаќаат за тоа.