Видео

Топ Листа Баумгартнериста

Австриецот Феликс Баумгартнер не скокаше само за себе и за свој ќеиф. Неговиот подвиг е остварување на еден повеќедецениски завет на Ѓуро, кој, под маска на босанското гостопримство, своите деца упорно ги спремаше еден ден да станат Феликси. Да се потсетиме на овие самопрегорни тренинзи.

Басологија

Читател на Гардијан направи една супер селекција на песни со одлични бас линии. Од Вили Диксон до Том Браун. Греота да не ја извртите барем еднаш оваа плеј листа.

Кој е за во када?

Кадата беше еден од последните азили во модерниот свет каде човек може да се осами и одмори и од себе и од другите. Сè додека на некој од оние вечно незадоволните од својата физичка кондиција не му текнало внатре да монтира велосипед. Нема веќе квасење и играње со пајчиња. Има да се седи и да се вергла.

PEBKAC

5 причини зошто дечкото што ви го поправа компјутерот ве мрази. Сите до една се точни, единствено тоа делот со сендвичот можете да го замените со Кока-кола и пица, ова е златна комбинација за да се разберете со секој компјутерџија. (насловот е на латиница)

Предлог на денот

Што е толку тешко секој возач да го проба ова некогаш, што?

Стани Томе да заиграш

Каков лик е овој Том Џонс, па тоа е чудесија. Баталете го љубењето девојки (еј, сестри!) од прв ред. Само чекајте кога неговото тело ќе почне да го вади ѓаволот од себе.

Погрешно читање од уста

Одлично ги прават овие аудио монтажи, кога на ликовите им се насадуваат тотално погрешни реплики а делува најрелно во свет. Ѕирнете ја дебатата Обама - Ромни. Плус, Hunger Games.

The Rolling Stones - Doom And Gloom

После цели 7 години, Стоунси извадија нов сингл. Кога тие ќе отворат песна со риф на Кит Ричардс, знаеш дека понатаму ама баш ништо не може да тргне на лошо.

Не бе, ти имаш проблем

На хаштагот FirstWorldProblems што самокритично, што за сеир на друг, се објавуваат глупи проблеми што доаѓаат од размазеноста на западниот свет (од типот: незнам кое е правилното далечинско или како можеше да ми стави кечап, кога и реков да не става). Еве како тоа изгледа од другата страна, од луѓето кои ги немаат овие проблеми.

Зошто толку Руси имаат камери во колите?

1. Не им е за да објавуваат клипови на ЈуТјуб. 2. Причината е што во Русија се драстично поголеми казните ако удриш пешак, отколку ако удриш автомобил. Ова го знаат и добар дел измамници, кои немаат никаков проблем да се фрлат пред кола само за да добијат отштета. Плус имаат фора и како да си наплатат скршен мобилен или лаптоп.

Излегување од соништата за млади родители

Одиш на ручек во ресторан со жена ти и двете бебиња, и на комплетно изненадување цело време додека сте таму децава се мирни. Е добро сега, заспале на маса со главата во шпагети, ама битно мирни се.

Тато е најјак

Ако мислите дека му е многу криво што го рогна малиот во фаца, само забележете му го говорот на телото откако ќе ја предаде жртвата на мајка му. Тоа го прави само мажјак кој е ужасно горд на нешто што направил.

Визуелна диктатура

Кидулт е графити артист со сериозна забелешка на добар дел од општеството и на работите на кои сме навикнале. За разлика од добар дел критичари, тој не седи на Твитер.

Навреден си? Па што?

Брилијантно парче за оние што лесно се навредуваат и особено за оние што веруваат дека член 16 ќе ја среди работата. Што би рекол авторот, и јас сум навреден кога ќе видам бој бендови, па што? 

Човекот од Индија

Се вика Нарајанан Кришнан, има 31 година и живее некаде на југот на Индија. Бил врвен кулинар со одлична перпектива но, еден ден, по сите овдешните мерила, станува: "будала човек, не знам што му стана". И така веќе 10 години.

Руски Угандин

Откако го видоа ефикасниот лек за главоболка Угандин, напредните Руси решаваат дека сепак постои простор тој дополнително да се подобри. Во нивната варијанта, за Угандинот не ви е потребна помош од страна на стручно лице, туку дозирањето го прави секој поединечно. И има мнооогу јак плацебо ефект.

Вечера кај Салвадор Дали

1941-ва година, Калифорнија. Мега ексцентричниот шпански уметник Салвадор Дали организира вечера за помош на европските уметници погодени од војната. Полуди работи сте виделе, ама не многу.

Џандар и две дами

Правата дама е жртва. Дала пари а не и дале дрога. А втората дама, обвинетата, е згрозена што и подметнуваат дека е дилер а таа си има сосема друга професија. Изгледајте до крај.

Што има во плескавица?

Не глобалниот Мекдоналдс, не Мекдоналдс Америка, туку МкД Канада ја продолжува кампањата "со чисти раце" во која се некако неочекувано премногу транспарентни за мултинационална корпорација. Ако претходно покажуваа која е разликата помеѓу бургер од реклама и бургер во живо, сега одговараат прашања на тема - плескавица. Во основа, се е говедско.

Интернет експлорер, искрена верзија

Рекламата за ИЕ 9 преправена во искрена варијанта, што одговара на досегашните искуства со пребарувачот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Вознемирувачко видео!

Видео сцена од една ужасна сообраќајна несреќа на која не моежете да останете рамнодушни. Еве уште пар извичници!!!!

Донации за Бар Рафаели

За тие што знаат што е Кикстатер, ви го претставуваме најдобриот проект на сите времиња: домашно секс видео од Бар Рафаели. За тие што не знаат што е Кикстартер: Бар Рафаели.