Видео

Некому Мајка, некому Тереза

Ватикан ја беатификуваше, Македонците ја сакаат, Албанците веројатно уште повеќе, Скопје се гордее со неа а слушаме дека и Водњанска ќе и отстапи место. Кристофер Хиченс во 1994-та година имаше нешто поинакви мотиви да се занимава со ликот и делото на Мајка Тереза.

Movie 43

Филмов никогаш не би требало да се случи. Како прво, заради тоа што оволку познати на едно место, Оскар не може да собере, како второ, изгледајте го трејлерот.

Одбрана од новинари

Не е толку маестрален како "Чварци и кавурма", ама и ова е сосема легитимна одбрана од изнудувачи на изјави, нагалено наречени репортери. Запамтете некоја ваква формулација и слободно шетајте по град, ништо нема да ви можат.

Одбрана од јасновидци

Ако некогаш дојдете во директен контакст со јасновидец, гатач, некој што на кој било начин може да ја предвиди иднината, топло препорачуваме вака да ја испробате неговата вештина.

Кога музиката ќе стивне

Пред да ја намрштите фацата кога ќе го видите тамбот, треба да знаете дека ова е стварно добро. Тема: Како да го направиш најдобриот ремикс на најпопуларната песна на сеозната? Извади ја музиката.

Што е постаро, јајцето или сеирот?

Во обвивка од киндер јајце, му ставаат вистинско јајце. И малиов им вика, не можам да гризнам, а тие - можеш, можеш. Што ти значи да растеш во здрава средина на возрасни луѓе.

Dick Will Make You Slap Somebody

Две жени во студио, на тема, пениси. При што едната зборува за тоа со речиси религиозен занес, а на другата не и се верува. 

1.000 светла

Архангел feat. Коџобашија, unplugged

Три причини за гледање едно видео

Причина број 3: Убавицата во спотот, инаку ќерка на узбекистанскиот претседател. Причина број 2: Даниел Илабака е паркур махер. Причина број 1: Пејсажите и старата архитектура на Узбекистан се фасцинантни!

Ова е неиздржливо

Луѓево успеале да најдат еден куп деца што никогаш во живот немаат пробано сладолед и го снимаат нивното прво искуство. Повеќе радост ретко кога имате видено.

Како се калеше бурето?

И тоа не обично, туку буре за Џек Даниелс. Целиот пат, од штица до комплетно оформено буре товарено во камион.

Хјундаи, забрането

Забранетата реклама за Хјундаи Велостер. Оно, има логика, ама, кој купува нешто заради логика?

Кога Европа би раскинала

Што ако Грција и Германија беа пар. Toj е Грција, таа Германија. Тој не работи, таа е Германка. Комшика им е Шпанија, а Британија е некако чудно залижана.

Избори се ближат

"О, не, не уште едни избори!" си мрси во брада Хомер Симпсон и оди да избира меѓу Обама и Ромни. За кого гласаше и како заврши?

Градот и Лондон

Ако мислите дека кај нас е комплицирана целата шема со локалната власт (еден ти прави улица, друг ти зема пари за паркинг), чекајте да видите што се случува во Лондон. За почеток има Лондон (она на што сите мислиме кога ќе кажеме Лондон) и City of London, што му доаѓа нешто како автономна територија во рамките на овој првиот.

Call... Me... Maybe

Ако ние сме ја слушнале песната "Call me Myabe," тогаш вие 100 посто ја знаете. Само што ние имаме 1.000 пати подобра верзија! Предизвикот до сите нејзини фанови е да пробаат нашата верзија да ја отпеат во еден здив.

Диазепам?

DMX, феноменално постојано лутиот рапер, се соочува со некои од предизвиците на модерното време. Како на пример, користење лаптоп или пребарување на Гугл. Плус, многу го нервира кога слуша музика "и она, на сред екран, ќе почне да му врти."

Турет караоке, масовно

Еден дечко со туретов синдром пробува да отпее песна на караоке. Побогу, секоја песна вака звучи подобро! Особено нашиве добиваат одлични, фак, верзии. Ќе пробаме?

Со Ферари да не брмчите, леле брмчите

Една од најголемите паради на Ферари автомобили што сте ги виделе. Речиси 1.000 ѕверови, на иста писта во Силверстон. И на крај, кога ќе ја видиш смешната донација од четири илјади и кусур долари....

Чекајќи го новото

Точно на време за сезоната чекање редови пред Епл, Самсунг со продолжение на својот сеир за предностите на Галакси С3 во однос на Ајфон. Плус, дополнително ругање од типот – "телефон за стари," "го мрднаа влезот за слушалки," и "може ќе ти треба нов адаптер, ама па прават одлични адаптери."

Како да се расправаш со жена и да победиш

Жените во расправија се комплетно логични и до крај ја тераат целата дебата на конкретната тема - ако се во право. Ако не се, тогаш расправата се расплинува, таа ќе ти каже нешто лошо, ти ќе и кажеш нешто уште полошо и на крај завршуваш поразен. Фората е да знаеш точно, крајно прецизно, во стотинка од секунда, да забележиш кога ќе изгубат и после сè е твое.

Ова мора да се има!

После долго време налетуваме на технолошки изум со човечки лик и во функција на неговите базични потреби. Се разбира, пуканки не нè интересираат. Ова треба да функционира со кебапи!

Најљутиот винар на интернет

Информации за вино за мажи, без тие "нота на ..." или "жичка на ..." и фала богу не предлага кафе со виното. Плус, некако страв да те фати ако не купиш од кај него.

Кампањи на плукање

Негативните кампањи не се ништо ново. Избор од 22 клипови од американски претседателски кампањи во кои се напаѓа противникот а истиот ни дава увид во стилот и стратегиите на кандидатите во изминатите 6 децении.