Видео

Кампањи на плукање

Негативните кампањи не се ништо ново. Избор од 22 клипови од американски претседателски кампањи во кои се напаѓа противникот а истиот ни дава увид во стилот и стратегиите на кандидатите во изминатите 6 децении.

Автобусот!

За да ви биде појасно колку ние како држава премногу серизоно се сфаќаме себе си, една реклама од Данска по повод воведувањето на новите автобуси во Копенгахген.

Што и да е, Ајфон да е

Џими Кимел во едно од подобрите тролања на своите гледачи. На истиот ден кога излегува Ајфон 5, излегуваш на улица и им го даваш на луѓето "новиот" Ајфон да го споредат со претходната верзија. Новиот = веќе постојниот Ајфон 4S. Воодушевување на ниво.

Ни нојот не бута веќе глава во песок

Разбудете го инспекторот во себе и решете ваков грабеж во продавница. Сведокот: Беше мирно и одеднаш се случи експлозија! Од прашината излета полугол човек. Вие: Како изгледаше? Тој: Како Бејн од Бетмен. Вие: Сам ли беше? Тој: Не, со неколку ноеви!

Како стартува бебе

Бебе кое се буди е како шалт табла од кола кога се става контакт клуч па се проверуваат функциите на моторот. Незадоволство - има, гадење - работи, одбивање - присутно, смеење - чекирано.

Always A Fire

Краток документарец за поранешниот член на Њујорк Џајантс, Чад Џоунс, кој како еден од најдобрите колеџ спортисти влегува во НФЛ. Кратко по ова доживува сообраќајна несреќа пред воопшто да изигра еден единствен натпревар. Во сообрајката Чад речиси загинува. По 2 години терапија, тој се очекува дека во 2013-та ќе се врати во НФЛ.

Бескрајните проблеми на изобилието

Ликов е царот на "first world problems." Во конкретниов случај, тоа е кога имаш доволно пари да купиш куќа, да ја опремиш, да купиш фрижидер, да го наполниш со храна и на крај да снимиш видео за тоа како не можеш да отвориш некое пакување. Иако, во право е за тоа глупиот сок со цевче.

За освојувачите на Трон

Ако една од ставките на вашиот "Bucket list" е некако да се зближите со Шарлиз Терон, редно е да научите како правилно се изговара нејзиното име и да навикнете на дијалектот на кој таа наутро ќе ви шепоти на перница мека бела.

Звукот на козата

Некогаш е потребен автентичен звук за да се добие целосен увид во некои историски решенија. Да речеме, после ова, имаме повеќе разбирање за контроверзните потези на Лазо Колишевски. Ставете на рипит па ќе видите. Може човекот имал иста ваква во комшилук.

Работи што ги кажуваат Епл фанатици

Во секоја дебата со хардкор Епл корисници имаш два момента: 1. нема камера / 3Г / нешто слично, затоа што не ти треба. 2. де бе голема работа, купуваш едно кабелче од 30 долари и можеш да го споиш.

Апсолутно едно

Абсолут вотка го лансира брендот Absolut Unique, кој ќе се двои од другите по тоа што секое едно шише од пијалакот ќе биде уникатно и нема да личи на ниту едно друго. Бонус: ова ќе го прават со 4 милиони примероци.

Есенски (торент) распоред

Листа од сериите што треба да продолжат есенва. Не се сите што постојат, туку некои што ги гледаме или што некој ги пофалил. Плус, нема ниту едно скроз ново шоу, сите се со барем една пројдена сезона.

Бонд се брка со Бонд се брка со Бонд

На филмскиот Sky канал, октомври ќе им биде во знакот на 007. Ѕирнете како жестоко добро го најавуваат циклусот. Како ли би било ова со турски серии, кофи солзи ќе се истураат на екран?

Браво мала!

Руски професор по англиски јазик, од уплашената ученичка извадена на табла добива малку задоцнет но затоа многу прецизен и директен одговор. Па така бре дете!

Најмаалски во свет

Постои само еден начин да се справи со овој ѕвер на маалскиот баскет - секогаш кога ќе направи мајмун од тебе, му бараш "носена." Последното видео му е од 2006-та година. Може го има папано.

Реинкарнација на Кобејн, сред Москва

Грол и Новоселич можат слободно да го земат дечково и повторно да ја стартуваат Нирвана. Ликот е непознат, а видеото е направено во метрото во Москва.

Гугл плеј

Гугл има една посебна навика да ги промовира своите сервиси преку работи кои немааат никаква логика или поврзаност со она што се рекламира. Ова се некои од подобрите примери.

К-15 - Gangnam Style

Лудата корејска песна која префрли сто милиони прегледувања на Јутјуб добива "македонско" видео. Пар луѓе се зезале и ја легнале песната на еден олд скул спот на K-15. Функционира.

Ова не е жолто

Да знаете колку е комлицирано да видите жолта (или која било друго освен сина, зелена и црвена) боја на монитор, по цел ден ќе мижевте. Дечкото почна да објаснува за жолтата, па потоа удри и по други теми.

Како се везеше Planet Earth

Видео за снимањето на дел од спектакуларниот серијал Planet Earth на БиБиСи. Момент за внимание и почит: биле потребни 2 години за да се направи една минута од материјалот. Целиот проект изгледа како изградба на Пирамиди во споредба со сè друго што е снимено.

Пиво направено од пиво

Во животот имаш приоритети и имаш пиво. Лесно се наоѓаат нови приоритети.

Угандин за глава

Откако ќе видите како во некои делови на Африка се решава главоболката, има да ги гушнете своите омилени таблети и сосе златце да ги пиете. Запазете го само тој звук!

Тибам морето!

Добро е што летово завршува па може до следното ќе попушти заклетвата зад која во моментов цврсто стоиме: никогаш, НИКОГАШ повеќе во море! А и за када да се размисли. Just wait for it.