Можете да не ни верувате ама ние стварно познаваме близначки кои вака се радуваат. И тоа го имаат научено само гледајќи го татко им, кога ќе седне на маса а ќе му кажат дека шприцерот е изладен.
The Big Lebowski на благајните мина ужасно, кај критиката така-така ама затоа стана убер култен филм за секој кој држи или посакува доза залудност во своите животи. Постои и вистински лик по кој е правен The Dude. Левичар, демонстрант, промотор на инди филмови (им помагал на браќата Коен со нивниот прв филм), малку подебел од Џеф Бриџис... ама, тој е!
Од нула до сега раскажано од Луи (ненамерно), со многу клипови од времето кога бил суруш, па додека да дојде број 1 и сето тоа со многу спомнување на Џорџ Карлин.
Легендата вели дека Јура Стублиќ од Филм запознал жена од Кина. После една интензивна заедничка медитација, Рол Овер Јура ги отворил своите застаклени очи и прашал: "Кој е најлесен начин да одвоиш жолчка oд белка?" Таа му покажала а Јура седнал и го запишал стихот: "ти си жена која тајну зна".
Dirty Dancing е еден од нејневините романтични лимунади меѓу филмовите, евер. Но, кога истиот тој материјал би бил преработен преку филмската диоптрија на еден Дејвид Линч, тогаш настанува ежење. Одлично парче.
Наравоучение бр1: никогаш не буричкај по туѓи Фејсбук профили. Наравоучение бр.1: ОСОБЕНО НЕ по профилот на постариот брат, бидејќи тој знае да врати офф нет. Хајлајц: кога тинејџерот признава дека го мрзи да враќа во првобитна состојба.
Веселиот крик на Бранко Коцкица нема врска со почетокот на школската година во Чеченија ама тамошните горди татковци кои дочекале да ги пратат своите деца на училиште звучат исто како него. На овие деца најверојатно им даваат писмени задачи од типот: "Што сакам да станам ако пораснам."
Советите доаѓаат од Бастер Мартин, вработен во водоводна фирма, маратонец, никогаш вода, само пиво, цигари - швајца. Да, и има 101 година. Штета што советите се неупотребливи бидејќи самиот ни порачува дека тој не е како нас, нормалните луѓе.
Ова е подобро од "Сечи Перо" и "Gangnam Style" заедно. Текстот е многу посериозен отколку што ви звучи, а плус и комшиско е. А сега, дим дим дим дим дим да ме няма.
За луѓе што се фураат на креативност и уникатност, актериве многу си наликуваат во одговорите. 10 прашања од "Inside The Actors Studio" поставени на дузина славни актери. Сите се согласуваат меѓу себе.
Како е да го снимаш филмот со трета најголема заработувачка во историјата? Како да си однел група средношколци во студио и си им дал по еден пакет Ред Бул.
Едно е да бидеш добар во филмови како Хари Потер, Автостоперски водич низ галаксијата, Умри машки или Алиса во земјата на чудата, сосема друго ниво на легендарност е кога си феноменален во видео во кое - пиеш чај. Секако, музиката од Inception го прави своето.
За да го постигнат овој степен на слобода на движењата, на четворицава момци им бил потребен воздушен тунел и безброј часови вежбање. На Русин му е потребно литар вотка.
Интернетов е да го жалиш што сè му се има натоварено. Македонските бескрајни форумски дрвења не се ништо во однос на тоа што сè Американецот знае да му закачи, во форма на видео упатство без кое не може да се замисли животот.
По повод 80-от роденден од Лего изработуваат цртан филм за настанокот на компанијата. Се почнува со пропадната столарска компанија, чиј сопственик останува со сериозен вишок на дрво. Пластичните коцки доѓаат многу подоцна.
Уредниците за спортска фотографија на Ројтерс и фотографите, раскажуваат и ја објаснуваат својата стратегија за фотографирање на ОИ. Омилени дисциплини - атлетика.
Иста ситуација, два различни пристапи, два различни резултати. Во првото, полиција во Ванкувер и човек со сабја. Во второто, полиција во Њујорк и човек со нож.
Од 1950-та до денес, во женска конкуренција. Ова сериозно не може да се спореди. Како тотално два спорта да споредуваш. Како табла да еволуира во паркур.