Видео

Оптимизација во живо

Не е дека се жалиме, ама тоа што човек го трпи он-лајн, тешко дека би помислил и секудна да го трпи во реален живот. На некои работи не им треба оптимизација.

Што и да ти кажам...

Секој возач во потсвест знае дека секогаш може да стане некоја беља. Да речеме некој од спротивната страна да излета од својата и да улета во ваша лента. Е сега тоа, левел мууулијарда.

Зошто апчето "за отпосле" не е абортус?

Знаеме дека после ебење нема каење, ама за да не трае каењето предолго, постои апче кое се зема откако ќе се направи бељата. И ефикасно ја спречува несаканата бременост. А истовремено, тоа не може да се смета за абортус. Еве зошто: 

Како изгледа на минус 41?

Што прави Русин на толку ладно време? Отвора фрижидер да се стопли малку. Ако нема фрижидер, си игра со вакви работи.

Маратонци, од Балкан Експрес до Егзит

Во две различни држави, по два сосема различни поводи, со историска разлика од петнаесетина години, култното дело на Душан Ковачевиќ останува свежа инспирација.

Уште на ова да му ја мислат родители

Аматерска видео снимка од Монтреал, од парк кој родителите го сметаат за доволно безбеден да минат некое време со своите деца. И одеднаш ете ја бељата, доаѓа ни од лево, ни од десно, ни од напред, ни од позади!

Фризура од соништата

Звукот од берберска машина знае да вознемири некои деца. Но, не и еден наш Лука. Лука е толку сигурен во себе и околината што некогаш само посакува да заспие и да се разбуди со нова фризура. И, му успева.

Стенли како Амди Бајрам од Беверли Хилс

Сите што го сакате The Office, го сакате и недоверливиот не-ме пипај-не-те-пипам мрзлив решавач на крстозборки во работно време Стенли. Сите што го сакате  Стенли, го сакате и Лесли Дејвид Бејкер, без разлика дали ви се бендисува песната или (супер шабанскиот) спот што направил. Од ведро небо Бејкер повлече тотално неочекуван потег со кој се претставува сосема обратно од оној во The Office. Журка!

Каркур?

Знаете, паркур е кога дечки скокаат преку разни објекти. Ова е некаков поджанр на дисциплпината во која се скока само преку (а се важи и под) коли, па се вика каркур. Да, и нас ни текна тоа, прекукур.

Лекари, толку од штрајкот

Болеробенд е весел и потентен фолк бенд кој може да биде најсилниот адут на министерот за здравство во обидот да го еутаназира актуелниот штрајк на лекарите. Потребно е да се инсталираат пар големи паноа на Клинички и ова нон стоп да им се пушта на пациентите за да им се долови секојдневието на штрајкувачите. - Срамота! Срамота! - изјавија повеќето анкетирани во дневникот на Сител...

Добредојде назад, Али Џи

За да подигне награда за извонреден придонес кон комедијата, Саша Барон Коен конечно повторно се повтори како Али Џи, ликот заради кого и го засакавме. Пар лути цаки, за сите пари.

Клиент каков што посакуваме

Освен со сајтов, Трендоленд се занимава и со креативни решенија за маркетинг активности. Проблем е што досега не сме имале клиент како "Вулетови намештаји", фирма која очигледно е на Вуле и која очигледно се занимава со намештај. Уште поголем проблем е што сфаќаме дека ние стварно не би можеле да направиме нешто подобро од ова! Ни на ниво на визуелна презентација, а за песната (Песната!) ич да не правиме муабет. Си седиме и тажно си ја потпевнуваме.

Менует за трамболина и ѕид

Добро скокање по трамболина само по себе е фасцинантно за гледање. Ако трамболината ја ставите до некој ѕид, се добиваат бонус матрикс моменти. Дозволете тоа да ви покаже Кристоф Хамел, нинџа.

Летање 360

Уште една веб апликација која ќе ја нахрани нашата мрза. Тие летаат со змеј, ние гледаме како тоа изгледа. 360 степени. Тие ако се замаваат во планина, ние лагодно се префрламе на некој друг линк.

Како се вика оберучке на македонски?

Девојчево пишува со две раце истовремено. На два јазика. Во различни правци. Тоа.

Пропаганда

Интересен дел од севернокoрејски пропаганден филм со кој се сака да се "разобличи западната пропагандна машинерија". И чудо едно колку Корејците се во право.

Каде бе таму?

Одамна не сме биле вака прелажани како со ова претицање. Добро, не доаѓа камион од другата страна. Добро, наместо на пат, заврши возејќи по нива. Ама, не е добро, верувајте.

Шеќерната волна е фрлена

Бевме задоволни од локалните продавачи на шеќерна волна и нивните стандардни креации (шифра: фризурата на Марџ Симпсон). Сè додека не го видовме батково и неговите цветни решенија. Сакаме вака инаку ќе купуваме само јаболка во шеќер!

Долче и Рубинче

Добра вест: Рубинчо (Благадуша) го изгуби деминутивот од името и сега е Рубин, со што добива на јувелирска тежина. Лоша вест: И натаму пее. Тоа што џапа песни не му земаме за зло, бидејќи Благадуша е постмодерен концептуалист.

Идеалниот автомобил за на снег

Иако имавме кратко време да организираме тестирања за тоа кое од актуелните возила е најдобро за возење во снежни услови, еден модел сам се одвои од конкуренцијата. Ако го догледате видеото до крај, ќе сфатите и една друга работа, не е само до колата, и до шоферот е.

Дневник со дневник се избива

За да се олабавите од актуелните вести кои ве прават напнати, нервозни, несигурни и збунети, ви нудиме 58 минути - вести. Новогодишниот дневник на ЈРТ од 1967-ма година (Бранка Станковска убава како Елизабет Тејлор, Оливер Млакар со коса, Тито и испратил честитка на Индира Ганди, Дедо Мраз на скопскиот плоштад...). Спокојно, оптимистично, човечки. Да ги видат денешниве вести, овие луѓе би помислиле дека во иднината завладеало беснило.

Денови без хендикеп

На 3-ти декември беше одбележан светскиот ден на лицата со хендикеп. Преброивме над 50 мк медиуми кои тој ден пишуваа на таа тема. Една недела подоцна, тешко дека ќе најдете било што за овие луѓе. А радости можат да им се прават секој ден, на различен начин.

Најдобри другари

Нема муабет ама по она што ние можеме да разбереме од видеото, титлот би одел вака:
- Хеј! Види ова. Чекај малку. Чекај ме. Ќе ме чекаш? Така? Почекај. Почекај малку нешто важно што морам да направам.
- Ок.
- (1. минута подоцна) Ух, важна работа завршивме. Фала ти друже.