Видео

Понеделник. Јуриш!

Канцеларијата како бојно поле, како ОК корал, како Бородино, како Ваксинце.... Ја прогласуваме работната недела започната.

Вредеше ли?

Наравоучението од ова и од милион други ситуации и животни приказни е сосема едноставно: тоа што на крај ќе успееш во нешто не значи дека не си глуп.

Ожежи тоа таблетот

Канонче. Го знаете тој ориентален музички инструмент, го има и во наши чалгии, како мала харфа легната на скут па се трзаат жици со метални напрстоци. Е па, доживува ривајвал, малку поинаков отколку што тоа го очекува традиционалистот во нас.

Планета Земја (не на Атенборо)

Кога би биле саркастични ова би одело: "Собрал клипови од ЈуТјуб им начукал една две од оние 'се е преубаво' песни и направил видео." Овој пат не така. Ставете го на цел екран, кликнете плеј и уживајте. Феноменална разгледница од едиствената планета што е подготвена (сега за сега) да не трпи како род. Предозирање со мерак.

Ексклузивно! Пронајден министер со душа!

Професорот Јасмин Комиќ, Бошњак и министер за наука и технологија во Република Српска, пред некое време стигна на официјалната страница на Deep Purple со изведбата на Sоldier of Fortune (насловен: Professor of Fortune). Овојпат професорот го предава Елвис, одмерено и без чалам. Раритетна можност да видиме министер како пее (или прави што и да е) од срце. 

Душички

Кога, кога ќе можевме да налетаме на ваква дражесна сцена да не беше интернетот? И Русија, нормално.

Секс со Битолчанки

Пакосната скопска парола "Секс со Битолчанки" никогаш не звучела толку искрено како по веста дека кон Битола се тргнати 1.500 Русинки кои ќе го зголемуваат наталитетот во регионот. Нашиот дописник од Русија разговараше со некои од девојките кои нема да ја видат Пелагонија во првата транша.

Потекло на лакомоста

Ова е одамна познат пример за тоа како ефикасно се ловат бабуни. Истовремено, еден од најсилните и најочигледни аргументи дека човекот навистина настанал од мајмун.

Загревање за Троновите

Најважното нешто што треба да се случи во 2013-та е што на 31-ви март започнува 3-та сезона на Игра на Тронови. "Секогаш ја замислувавме 3-та сезона како местото до кое треба да стигнеме. Ако дојдеме до 3-та сезона и ако ја направиме како што треба, тогаш целиот труд до сега ќе се исплати," Д.Б. Веис, извршен продуцент, сценарист и режисер на Игра на Тронови. Тизер за тројката, новите ликови и продукцијата.

Големи тајни на малите мајстори на кујната

Бордејн, Рудолф, Карапанџа, Ремзи, Џејми Оливер, Рене Реџепи и Алачки ЗАЕДНО не би можеле да смислат вака суптилен и иновативен рецепт како чичково кој ќе ве убие од неизвесност. А нема потреба од неизвесност, верувајте. Некои работи се едноставни.

2012-та година во една песна

Даниел Ким одамна се бави со мешање музики. Овојпат има ставено 55 поп песни и еве ја неговата 8 минутна завршна сметка за 2012-та година.

Рејв версус рокенрол

Две музики свират чалгии, една весела, друга таговна.... Тука го напуштаме Номче и Деспина и одиме кај две цепаници на амфетамини. Некако на рокенрол повеќе ги личи. Бар се за смеење а не за жалење како во првото видео. А Деспина ја посвршија.

Предлог за ЈСП

Еден од најтажните градски пејсажи се ликовите позади прозорците на градските автобуси. Дифолтно тажни, со оној отсутен поглед на човек на кој сите таксија му умреле, лизгаат низ градот небаре ги транспортираат во Дахау. А наместо да се занимава со музика и слични бенигни методи за разбивање малигна тага, ЈСП треба во секој автобус да ангажира по еден ваков патник. Пазете го ова: 

50 нијанси Фреди

Гласовниот опсег на Фреди Меркјури, низ речиси 50-на песни. Неповторливо.

Пет френд шоу

Одете и гушнете ги пријателите, овакви какви што се сега. Или видете ги како би ви изгледал животот кога тие би се однесувале како вашите домашни миленичиња.

Кoга О' Рајли се среќава со Пси

Како конзервативниот гласник на Америка Бил О'Рајли на гледачите би им го објаснил глобалното лудило околу Гангнам? Така што за гостин ќе повика - ПСИхијатар. Ѕвезда сепак останува водителот, кому сето тоа му личи на јавање пони. И признава дека во однос на ова, дури и Џастин Бибер му е јасен.

Егзорцизмот на Рашел?

Од земјата од која некогаш доаѓаа феноменални шансоњерки како Едит Пјаф, Миреј Матје, Париција Кас, годинава ја имаме Рашел, натпреварувачка на францускиот Талент со глас како што ниту едно женско нема извадено до сега.

Tom Waits - Friday's Blues

... со тоа што песната е за сабота :)

На работ на Македонија

Интересни факти за древна Македонија и археолошките остатоци, Кокино, црквата во Старо Нагоричане... И најдоброто е што емисијата која ви ја предлагаме не е никако поврзана со Паско Кузман па не мора никој да се напнува и да се замара со тоа дали некој фаќа страна. Кога сме кај Паско, супер забавно беше да се гледа како секој вонаби критичар храбро му се нафрли заради изјавата дека бил на трагот на Александар Македонски. Археолог е човекот, што е чудно тоа? Треба да е на траг на нова формула за пестицид за компирова златица? Одиме со Крешимир Мишак од ХРТ.

Македонија, баци бомбу

Гад дем, една убава песна испеа некој за нас (Дадо Топиќ, Македонија) и мораа и таа да ни ја засерат. Извонредно луд мешап од Дадо, Томпсон и Тифа. Па излегува ова: "Тамо је Македонија, земља и народ коју волим ја, баци бомбу, гони банду, преко извора".

Да се немало усул

Среќата ги прати само оние кои уплаќаат ливчиња. А некогаш и оние кои ги снимаат затоа што ги пратела среќата. Значи, го снимаат добитникот на премија, тој пред камерата гребе друго ливче и пак добива! Среќа што е мустаклијата скроз симпа, инаку ова се мрази.

Господар на амбалажата

Можеби сите сме на овој свет со некоја причина (ок, може и не). Неговата карма е со џедајска посветеност да внесе страв и ужас во пластичното ДНК на секое шише вода. За кога еден ден ќе го нема, шишињата уште долго да ни се плашат. Поклонете му се на мастерот.

Даниела како Мадона

Преку спот кој може да служи како музејска поставка за екс-југословенската естетика и икнографија (касетофон, ѕидови со постери и лименки), Даниела Терзиќ ќе ви објасни зошто таа е иста како Мадона.

Кој е за хорор?

Нежна и поучна приказна за пред спиење, особено за дете кое има навика да си го цица палецот. Ух.