Видео

Ова е за нас

Секоја вечер во 22 часот жителите на шведскиот град Упсала отвораат пенџериња или излегуваат на балкон и - викаат на цел глас! Традицијата трае од 70-тите години на минатиот век и сè уште секој си наоѓа своја причина навечер да се изнавика ко човек.

Улици и машинерија

Ние и кога сме спремни за чистење снег тоа во основа се сведува на сол + туркање на снегот на страна. Во Канада, се малку поподготвени од нас, ама па имаат и нешто повеќе снег отколку ние (на 27 декември во Монтреал паднаа 45 см. снег).

Анатомија на сцена

Најкомпликуваната сцена на филмот со најдобра заработка во 2012-та, моментот кога сите членови на Avengers треба да се соберат на едно место.

Оди па претицај

Возите со автомобил, наидувате на камион. Оди бавно, ама патот е прав и нема никој од спротивната страна. Тргнувате....

10 години Watts Zap

Одлично уловените моменти и фасцинантните музички илустрации го прават Watts Zap на Еуроспорт убедливо најдобриот производ од овој жанр. Најдобрите моменти во последнава деценија, собрани во екстензивна компилација којa трае три и пол часa.

И грдите мора нешто да уловат

Едно од најгрдите водени суштества (во многу варијанти) уште еднаш ја докажува старата универзална вистина дека грдите се принудени да бидат страшно снаодливи.

Два милиона меурчиња во една чаша

Француски физичар цели 15 години проучува како да го подобри решавачкиот квалитет на шампањот: да има што повеќе и што помали меурчиња.

Двогласие

Два спротивставени табора. Едните викаат: "eeeeeee", другите викаат "аааааааа". И на секое "eeeeeeeee" се возвраќа со контра "ааааааааа". Наравоученија колку сакате. 

Последната пародија на Gangnam Style што ќе ја објавиме годинава

Со оглед на тоа колку и се намерачени на песнава можеме да кажеме дека сме 95% сигурни во насловот. Изведбата е дел од еден неодамнешен хуманитарен концерт во Словенија, а освен двајцата главни ликови кои се комичари, остатокот се членови на регуларен оркестар.

Ова е ТВОЈ живот

Може нема да ви се допадне се што кажа, ама некои работи ќе ви направат разлика. Холсти манифестот, претворен во поинаков постер.

Рингла АК - 47

Дома си, немаш упаљач, ти се пуши = палиш од рингла. Во пустина си, немаш упаљач, ти се пуши = ? Одговор: Калашњинков.

Распаљотка

Кик бокс меч со чудесни пресврти. Се лета преку јажина, се вадат ајнцери (!?), ногдауни на сите страни... Забавата започнува по 20-тата секунда.

Можеш да кажеш банана?

На целиот мамурлак, тмурно време и смогови, ова видео направи разлика деновиве.

Вака изгледа добра ТВ

Сред шоу водителот убива од тролање еден од гостите, по основа дека и тој и сопругата прават кариера на најглупите можни начини, како и тоа дека имаат уникатно глупи проблеми. Гостинот станува и си оди. Овие најдоа замена.

Гуми во најава

Обично не пишуваме за гуми за автoмобили, затоа што гуми се гуми и никогаш ништо интересно не се случува на темата (имала една шара, плус минус, ништо страшно). Веројатно по слична основа и на Hankook им се досадило секоја година за истите работи да се фалат. Ова е сосема нов момент.

Ожежи га Дарте

Империјалниот марш од "Војна на ѕвездите" отсвирен во шумадијски виолински клуч. И да е човек Оби -Ван Кеноби, ќе му дојде да се направи Лук Скајвокер.

Проблемот со името

Не, не тој проблем, туку сосема друг. И како ретко кога не е проблемот со Македонија, туку со Холандија. За што се работи? Како прво и прво, не постои држава што се вика Холандија. Барем не би требало да постои.

Зајди, Зајди - Тоше Проески

Како што Џони Кеш знаеше да земе нечија песна и на светот (а и на нејзиниот автор) да му покаже како таа СТВАРНО треба да звучи, така македонската "Зајди, зајди", по којзнае колку години, еден ден се сретна со гласот во кој се чувствува комплетно зрела и исполнета. Без повод, без помен, без годишнини и слични манифестации на колективно лудеење. Само омаж на едно врвно чувство.

Што тоа значи?

Една жена, едно Пежо и еден упропастен бандаж, во Загреб. Таа е доволно љубопитна да застане и да праша: Што тоа значи? Ама наместо да го дочека одговорот (Тоа значи дека си цепаница), продолжува како ништо да не било.

Нова пивска амбалажа

Добра страна е што не бараат кауција. Лоша: пробајте да наздравите со пријателите.

А бре механичаре

Уште откако Филтер 57 ги свртеа правилно, беше јасно дека светот на некогаш трудољубивите автомеханичари веќе никогаш нема да биде ист. Еве до каде отиде работата.

Колку малку ни треба

Цунами мавнало во близина и доаѓа наваму? За пола саат? Да бегаме на запад? Доаѓате?

United State of Pop 2012

DJ Earworm веќе 3 години по ред прави "официјален" микс од музиката на годината што завршува. Собрани се 25 најголеми хитови за 2012-та во САД. Во основа сами одговарате кои песни ќе ги има во миксот, дечкото само ја следи листата.