Видео

Нисон + Вили

Никој никогаш не бил повозбуден околу Лиам Нисон отколку овие двајца, плус па кога ќе го стават во комбинација со Брус Вили(с), незамисливо. Дел од "Key & Peele" шоуто на Комеди Централ.

Стрипување

Имате приказна и знаете да цртате. Правите од тоа стрип и, сепак, не сте задоволни од форматот. Одите чекор понатаму и еве го резултатот.

Усто моја прејди на друг

Бидејќи и наши медиуми почнаа да донесуваат демек сериозни заклучоци врз основа на читање од уста (следно, гледање на грав?), да ѕирнете колку лесно се манипулира со "кажаното". Овојпат, во забавни цели.

Како звучи Сонцето?

За да слушнеме како бучи Скопје, доволно е да се качиме на оној паркинг пред средно Водно. За да го слушнеме Сонцето, ни треба Роберт Александар.

Инстант драма на копче

Во зависност од тоа во каква врска сте, така варира и количината на драма што ја имате во животот. За тие што им треба малку повеќе драма, TNT сними уште една спектакуларна реклама за нивната телевизија, овој пат за Холандија. За потсетување, TNT бе истите оние што пред некоја година направија цела акциона сцена на еден плоштад во Белгија. Овој пат се уште подобри.

На лагата и е кратка технологијата

Многу интересна перспектива за побивање на многубројните теории дека Аполо не слетал на Месечината и дека цело време гледаме лажни снимки. Не се брани САД, не се докажува дека постоела технологија за да качат луѓе горе туку дека НЕ ПОСТОЕЛА технологија да се направат лажни снимки.

Кога Слеш ќе преземе кафана

Како ова го имаме пропуштено/ заборавено? Барем ќе знаевме дека дел од причините за смртта на Мајкл Џексон биле на нервна база.

Професионалец

Како изгледа една пладневна семејна емисија во Саудиска Арабија на тема, запознавање интересни професии и луѓе кои ги обавуваат. Со прашања од типот: а им давате ли претходно анестезија? Ви се гледа или не, пресечете сами.

Што е тоа?

Видеово е ужас. Ако некогаш сте им викнале на вашиот дедо / баба / мајка / татко, ни под разно да не помислите да го изгледате, бидејќи веројатно нема да има друг момент во животот кога ќе се чувствувате барем приближно глупо.

Скијачки изум

Намерата е добра, за изумот не сме сигурни дали ќе функционира ама инвенторот, да е паметен, ќе му ја препушти презентацијата на некој кој има барем ронка харизма.

Тестирање доверба

Интернетот е полн со клипови во кои другарчиња си ја тестираат меѓусебната доверба, дека другиот ќе те држи кога ќе паднеш слободно. Па главно едниот зезнува работа и онда е тоа смешно. И овде еден зезнува работа, ама комплетно поинаку.

Човечки рак на планетарните дробови

Таа на човекот му дава 20 проценти од светскиот кислород. Дом е на 30 проценти од познатите видови птици и на вкупно 10 милиони видови растенија, инсекти и животни. Преку 3.000 видови растенија се хранливи. Човекот во изминатава деценија ѝ го има направено ова.

Така говореше Ленс

"Ова е мое тело, можам со него да правам што сакам," вели Ленс Армстронг. И ние сега добро знаеме дека е така. Само што во 2001-ва, за реклама на Најк, смислата била поинаква. Морничаво е колку убедливо можат да звучат лагите. 

Инаугурален мешап

Спроти втората инаугурација на Барак Обама, фино склопено видео упатство со 11 точки кои треба да ги содржи секој ваков говор. Навежбајте ги и онака, по пижами, пред неделниот ручек, обратете им се на домашните.

"Рачната" што може да го сопре светот

Волво има некој систем што се вика Collision Warning, кој автоматски ја крева рачната кочница. Уште една работа, системот е за шлепери и кога го пробуваат треба да закочи од отприлика десетина метри. Еве како функционира.

Патот е песна

Ви текнува како свират автомобилските гуми на патот Скопје - Тетово? Факт поради кој доста скопски вулканизери се омрсија "поправајќи" ја непостоечката штета на тркалата, Е па исто и во Јапонија, само што кај нив можеш и терца да фаќаш. Ги замислувате дежурните во Македонија пат кога им пријавувате дека дел од патот им е фалш?

Руско ВМРО

Уште не ни стивнаа редакциските полемики која од трите патнички е прва да ја грабнеш и бегаш, тројца руски црепови решија да снимат контра спот и да ни ја одмилат идејата за бирање сопатник од руска кола.

Да се воведат дозволи за твитање

Да не излезе дека ние го кажуваме, еве неколку работи околу Твитер што сака да ви ги порача Тина Феј.

Мршојадците од Македонија

За политички збрлавените читатели веднаш да кажеме дека овојпат не се работи ни за УЈП, ни за јавните претпријатија, ни за трудовата, пазарната инспекција... Е па, за кого може да се работи? Е па, за мршојадците.

Русија знае и поинаку

Ако донесуваме заклучоци по интернет клипчиња, Русија се сведува на земја на пијани возачи и луѓе што се фрлаат под коли заради осигурување. Да ги разбиеме ови стереотипи на начин на кој на некои феминистки им се ежат мустаќите.

Туширање: таа и тој

Таа има свои џиџи миџи производи за туширање, тој има свои џиџи миџи производи за туширање. Да направиме попис.

Што појадува Магнето?

Ова нека го пробаат сите што доручкуваат корнфлекси, житарици и слична храна за гулаби. Сите останати можат слободно својот бурек да го јадат во интегрална верзија.

Никогаш не одбивај Панда!

Можете да замислите колку лошо, колку долго време лошо одела продажбата на оваа серија млечни производи што газдите решиле дека убедувањe "со убаво" веќе не помага?