Видео

Иде Дунав и сите други

Заливот Фунду се наоѓа на северниот дел од атлантскиот брег на САД. Познат е по највпечатливите морски мени на светот и е најдобро место за посматрање плими и осеки. За време на циклусот, во заливот се слива и одлева вода колку што имаат сите реки на светот заедно.

Луѓето што снегот не ги изненадува

Претходно имавме едно видео како Канаѓаните чистат снег низ населби, по онакви тесни улички. Сега ги имаме Канаѓаните на отворен пат, на обиколница околу Торонто. Целата операција кај нив се одвива со вкупно 21 камион за чистење снег.

Апокалипса во Лос Анѓелес

Градот е во состојба на шок, суровите зимски услови повлекоа панично однесување на медиумите кои се опседнати со фактот дека Лос Анѓелес ретко гледа вакви зими кога температурите ќе паднат под 13 целзиусови степени. Плус 13!

10 работи што ги мразам околу божјите заповеди

Добар правец за сите наши луцидни бадијалџии кои скаат да буричкаат монтажи. Како изгледа модерен и напнат трејлер за некој стар и бавен филм. Показна вежба, "10-те Божји заповеди", со Чарлтон Хестон, Јул Бринер, Шинед О' Конор....

 

Spike Jones - Коктели за двајца

Пазете што сè има во овој спот: жени цимаат мартини, мажи локаат коњак во огромни чаши, икање како битбокс, халуциногено свирење на кочани пченка, травестити... А спотот е од - 1945-та година.

Како пишува Вуди Ален?

На една преносна Олимпија, купена на 16 години за 40-тина долари. Секоја книга, сценарио, есеј, скеч ги има штракнато на неа а таа и после 60 години тормозење и натаму работи "како тенк". Погаѓате како функционира Ctrl X и Ctrl V?

На малиот сè му е јасно

Колку пати треба да си ги видел своите родители како знаат да се одземат на домашна забава за вака да ти е јасно во кој точно момент треба да ја напуштиш сцената?

Како стареат цареви

Ако се живи и здрави, точно 11 возрасни сопруги го погледнале овој клип и си рекле: Цел живот си остана ист овој мојов....

Џери не беше глуп

Памтите кога Али Џи убедуваше ортодоксни пријатели на животни дека на една лисица и е многу подобро околу вратот на Џенифер Лопез отколку да мрзне во шума? Во следниов пример: каде му е подобро на еден глушец, во канта за ѓубре или во неговата природна средина?

Дивизиите на AC/DC

Трендо, Јурук и Невенка се единствените луѓе на Земјатa кои задоцниле на концерт на AC/DC (бидејќи се запија пиво). Какви се сите останати следбеници на бендот ќе видите во импресивниот спот на "You Shook Me..." Фанови, фолоуери? Не, не, армада со која може да се освои планетава!

Босно моја!

Иако неупатените би можеле да помислат "кој ова може да си замисли?" ви тврдиме дека ова е нај- нај-најјаката реклама произлезена од овие региони. Босна, Лото и.... ќе видите!

Скромниот човек

Сер Николас Винтон е Британецот кој за време на Втората Светска Војна го организирал спасувањето и вдомувањето на 669 претежно еврејски деца од Чехословачка во Британија. Долги години по акцијата Винтон никому не му кажува за подвигот што го направил, се додека неговата сопруга не ја открила тетратката со нивните имиња. Во 1988-ма во емисија на БиБиСи тие решаваат да го изненадат.

Я твой слуга, я твой Моторхед

Ако вака изгледа иднината на концертите, тогаш сакаме да ја дочекаме само за да прочитаме осврт на некој овдешен музички рецензент каква била шутката.

Пантомимата на Колберт

За разлика од некои новинари чии изразни средства се сведуваат на тоа да викаат "Уааааа" (по што тогаш се разликуваат ваквите професионални брусачи на мисли и зборови од некоја митингашка руља која го обожаваа истиот "цитат"??), Стивен Колберт може да ви објасни цел феномен на атомска експлозија и без да зуцне.

Како да ја преживееш зимата низ 9 ЈуТјуб видеа

Освен ако не си во Мексико на плажа во моментов, прилично се големи шансите дека се корнеш од пцуење што зимава реши да стане зима. Еве некои совети што ќе ви дојдат добро дури и за во времето кога ќе имаме снег.

Сте слушале нешто од Иамус?

Иамус создава современа класична музика. Стациониран е во Шпанија и комплексната композиција што ќе ја слушнете ја има направено за помалку од една секунда.

Некаде се краде и со стил

Адам Грин живее и работи како уметник во Лас Вегас. Негова специјалност е крадењето. Може најлесно на свет да украде часовник од рака, новчаник од внатрешен џеб, телефон од панталони, дете од мајка, бемка од лице... Опасно вешт фраер. За разлика од неговите колеги, не му пречи да ги открие тајните на својата уметност.

Боуви се врати

По 10 годишна апстиненција од музиката, деценија во која се дружеше најмногу со својата ќерка а њујоршкиите фотографи најчесто го фаќаа како тегнне кеси од гранапче, Дејвид Боуви го прослави својот 66-ти роденден со сингл од албумот The Next Day кој ќе излезе во март. Еве ја песната!

Факти што (веројатно) не сте ги знаеле

Ако за ништо друго, барем првиот факт ќе ви се најде во голем број ситуации каде што треба да се правдате или објаснувате.

Сакаме и ние вака

Специјална божиќна емисија, со познати фаци и луѓе (пратеници?) со посебни потреби. Ѕирнете го клипот и замислете: Урко наместо Шварценегер, Вели Мумин како Тајсон а во улогата на Дени де Вито - Ноне. Нели бе?

Кој пат оди Мариово?

Следниот пат кога ќе возите накај Плетвар или вашите напатени бандаши ќе минуваат преку минското авто-поле Велес - Скопје, замислете како дупките стануваат флуоресцентни а асфалтот ви црта снегулки... Ако не можете да замислите, тогаш слаб ви е дилерот. Некаде на средина на 2013-та, заминете во Холандија, таму ќе може ова и без дроги.

Упорен дечко

Се што треба знаете за електрицитетот ќе чуете од човеков, поточно ќе видите... па макар требало и на доктор да заврши.

Гушни полицаец

Без наредба и налог, чисто ако ти се сака. Едно од оние "гушни некого" проекти, само направен за полицајци, бидејќи и они се луѓе.