Видео

Клобуци - Леле, леле (оригинал)

Песната ја знаете од Еднооки (во неколку интересни варијации), но ова е тоа - оригиналот. Клобуци од Ниш, концерт во Тврдината, 1994-та, праизведба. Закон.

Зошто ли таа скока?

Иако сè во овој спот се врти околу едно јаже (а тоа е, нели, за бесење) и плус е сниман главно околу некои споменици (што???), да пробаме да го одгледаме видеото како што го гледа остатокот од светот. Да, нема да биде лесно.

Мачка

Целиот феномен со видеата со мачки на интернет се сведува на овој клип. Ако ова видео ви е јасно, тогаш и целата работа ќе ви биде јасна.

Мажите и како тие се замислуваат

За разлика од жените, мажите и не се најлошите критичари на сопствениот изглед. Поточно, мажите и не ни помислуваат дека нешто со нив не е во ред. Истата онаа реклама за Дов, ама со мажи.

Музичка терапија на Брајан Ино

Откако ги опушти аеродромските патници, култниот автор на експериментална и амбиентална музика прави терапевтска музика за болници.

Еротика #наточак

"Луѓето кои живеат во големите градови стануват се посвесни дека е подобро да се има убав велосипед отколку автомобил," изјавуваат од Cicli Berlinetta, берлинската компанија создавање убави велосипеди.

Јагне на две тркала

Брилијантна реклама, за страшните моторџии и нивната досега успешно криена нежна и мајчинска страна.

Кога Ким оди на концерт

Полна сала луѓе собрани за музички настан. Како и секаде во светот, атмосферата кулминира кога се појавува главната ѕвезда на вечерта. Како ретко каде во светот, овде ѕвезда на вечерта не е никој од музичарите на сцената туку некој во публиката. И пред концертот а особено по него, кога добива аплауз дури и од изведувачите. Љубов!

Политичкиот гнев подмладува

Мајкл Севиџ е конзервативен радио водител кој не може да го поднесе Барак Обама и Демократите, особено по настани како нападот за време на бостонскиот маратон. Чујте како знае да збесне на свои 71 година.

Сеговија и Бах

Во 1976-та година, легендарниот класичен гитарист Андре Сеговија, на 84 годишна возраст се враќа во Гранада (Шпанија), местото на своето детство. И во прочуената палата од 14-от век, Алхамбра, отсвирува пар ноти од Бах. Па може ли една старост да помине подобро од тоа?

Секој отпор не се исплаќа

Во 1989-та неименуваниот Кинез влезе во историјата откако одлучи да застане сред улица и да и пркоси на колоната текнкови кои беа тргнати кон Тиенанмен. Истото ова, со не така слободарска инспирација неодамна не успева во Русија.

Како изгледаат жените vs. како се замислуваат

Доув ангажира професионален цртач на портрети (за полиција и сл), го става позади чаршав и вика девојки кои треба со свои зборови да се опишат себе си, за тој да ги нацрта (без да ги види ни секунда). По ова, тој вика група на луѓе, да ја опишат истата девојка со свои зборови. Вознемирувачки голема самокритичност.

Сè што мразите за рекламите во едно видео

Приказна за девојките од магичната земја Еппдонија. Земја во која сите јадат јогурти, играат, имаат бели заби, блескаво светли домови и во која сите успеваат да ослабат.

ZZ Top - I Gotsta Get Paid

* Пуштајте најгласно, како што се пушташе во ЗиЗи.

Хакирање кујна

Некои финти за во кујна кои нема да ви го променат животот, ама за тоа ќе изгледате како да знаете доволно работи за да не заглавите на перење садови.

Усаин Болт објаснува како трча

И покрај неговите најдобри намери (веројатно не е дека му се руга на секој можен човек на планетава), ова е едно видео кое никако нема да ви помогне да го постигнете она што тој го прави.

Сте виделе што е ЗЕН?

Каква сакате приказна измислете си како се дошло до вака идеална состојба на умот, кога некој се чувствува ослободен од сите овоземни и ововодни стеги. Или пак, само гледајте го овој шаман над шаманите, приказната не е важна.

Зошто децата го мразат училиштето?

На 17 години, Никил Гојал станува автор на книгата "Не е една мерка за сите: ученичка проценка на школите." Оттогаш станува ТЕД предавач, од Катар до Шпанија. Старо парче кое вреди да се слушне.

Џон Бонам, на само

Пред две години читателите на Ролинг Стоун го прогласија Џон Бонам за најдобар тапанар на сите времиња. Ритам ѕверот на Лед Цепелин беше брз како молња и гласен како гром. Имаме еден соло канал со него.

Многу информативно видео

Документарните програми (кои немаат врска со она што денес се пушта на Дискавери или Нат. Гео.) секогаш биле клучен фактор во образованието на младите генерации. Тие што на времето го гледале Опстанок, или што ја изгледале Planet Earth, ја знаат моќта на овие програми посебно за приближување и откривање на светот на животните. Следното видео ќе се потруди да ви објасни како се хранат животните.

Ништо на БМВ не е случајно

На сите луѓе што работат на БМВ, на крај доаѓаат и една група на луѓе (вкупно 14) чија единствена работа е - како звучи автомобилот. Ова опфаќа - каков е звукот на затворање врата, ставање каиш, затворање и отворање прозорци или багажник, звукот на жмигавец или копче на шалт табла.

Џокер публика

Иако на прва изгледа како да е уште една тв мајсторија на Џони Карсон, сепак добар дел од деталите покажуваат дека ова може стварно да е коинциденција. Приказната е следна: пред почетокот на емисија на Карсон му откажува пијанистот кој требало вечерта да настапи, па ја прашува публиката дали има некој што знае да свири пијано. Рака крева извесен Дејвид Толеј.

Тродимензионална магија

Зотроп е уред (цилиндар со дупчиња, налик на машинче за сушење салата), кој во ротација помага статичните слики да се претворат во анимирани. Махерите од Пиксар го направиле тродимензионален. Убавини.

Ако планирате да купите телевизор, гледајте го ова

3-минутно упатство за тоа која е разликата LCD, LED, Plasma и OLED телевизор. Веројатно делот околу Full HD и HD ready веќе го имате сфатено.