Видео

Имаме доволно храна во светот за никој да не биде гладен

На тие што се растени со дедо одамна им е познат концептот "има сè да изедеш, затоа што не планирам да фрлам јадење." Една од клучните бројки за храната во светот е што моментално произведуваме 27% повеќе храна отколку што ни е потребно, а и покрај тоа има 870 милиони гладни луѓе на светот, а 2,5 милиони деца секоја година умираат од глад. Главни причини за ова се фрлањето и лошото управување со храната.

Квин инсепшн

Голем концерт на Грин Деј во Лондон на Емирати стадионот. Додека публиката се собира и чекаат да излезе Грин Деј, на радио ја пуштаат Bohemian Rhapsody од Квин. Еве што се случува.

Трејлер за филмот на годината

Иако Нет Рулет е главната позиција на сајтов за промоција на најнови трејлери, некогаш има епски достигнувања во кинематографијата кои заслужуваат поголемо внимание. Ви го претставуваме првиот трејлер за Sharknado, со маестралните Стив од Беверли Хилс и Тара Рид.

А ова си ти на мотивација

Периодот од моментот кога ќе добиеш мотивација за сите оние ветувања: ќе држам диета, ќе вежбам, ќе ја прочитам книгава, нема да застанам на пијачка на враќање накај дома; до моментот кога стварно треба да го направиш тоа, собран во 6 секунди.

Ноќната мора на Малнар

Ноќна мора беше телевизиско шоу во комплетна изведба на Жељко Малнар, кое со најразличен распоред се емитуваше од 1992-ра до 2010-та. Концептот беше се појавува Малнар пред камера и почнува да зборува. Со тек на годините Малнар почна во шоуто да носи крајно шармантни ликови од неговото секојдневние (сите речиси без исклучок алкоси). Па така, низ шоуто се наредија Шева (кој почина во 2010-та), Јаран, Брацо, Цезар, Тарзан... Ова е дел од опусот на Малнар во Ноќна мора.

Ок, на дечково му текнува

Реклама на Пошта на Норвешка. Еден куп пакети и еден куп љубов. Поштари и не така многу.

Istanbul Rising

Два кратки документарци на Вајс, за немирите во Истанбул и Турција. Вовед во немирите и како понатаму се развиваа.

Куме, аман

Свадба во Пакистан. Напнати гости, напнати келнери, сите на дистанца и сите на низок старт. Или некој погрешно ги пребројал гостите или даваат некоја награда.

Музика што ние само мислиме дека не е стара

По основа - не сте вие стари ама песниве наполнија 20 години, една музичка листа на тема 1993-та, од времето кога на музичките телевизии имаше музика.

Лето 2013.

DJ Earworm е дечко што редовно ги собира најважните нумери од светските топ листи и ги комбинира во еден микс. Овој пат, ред е на се што се случуваше изминативе 2-3 месеци.

А ова е вашиот тинејџер на "bath salts"

Станува збор за дрогата, не за оние што ги чувате во шишенце во бањата од кога ви ги поклониле за роденден и никогаш во живот не сте искористиле.

Девојката со џезот

2004-та во шоуто на Џон Рос гостува една 20-годишна девојка, која ги воодушевува сите со својата природна убавина, одлично искалена смисла за хумор и најмногу од сè музичкиот талент.

Што сè има во вашето кафе

Да речеме дека го пиете без шеќер и млеко, тогаш 98% од вашата чаша е полна со вода. Останатите 2% е она каде што е магијата и добар дел од некои од најотровните состојки на светот.

Слобода на ќотек на медиумите

По сите правила не е убаво да удавиш новинар во река, ама... некогаш има некои што ако им дозволиш буквално на глава ќе ти се качат. Секоја чест за дечкото (не новинар) што истрпи сè во име на информирање на јавноста.

Големиот визуелен ефект

Пред и потоа на Големиот Гетсби. Светот во сино и зелено, наспроти светот во визуелни ефекти. Компјутерска магија за почит.

Боите на Сони

Сони вади нов телевизор и инстантно ја користи шансата да фати повторно да си игра со бои. Не се топчиња низ Сан Франциско или конец низ Египет. Овој пат се во студио со многу канти боја. (+ снимањето на спотот)

Интервју со Satchel Mouth

Отпосле анимирано интервју со Луи Армстронг (како она со Морисон), направено пред многу години со дечишта за едно средношколско радио. Затоа, нека не ве чуди што нашле да го прашуваат какви гаќи носи.

Д Учителка

Кога сите во основно би поминале низ ваква симулација на расизмот, во која според многу обичен клуч - бојата на очите - во една верзија би се почувствувале супериорно, а во другата како ѓубре, можеби светот би бил подобро место за живеење.

Интернет дискусија

Исто како и кај интернетот, и зад ова стојат вонредни количини на генијалност, памет и знаење. Исто како и кај интернетот, и тука целата таа технологија и знаење не гарантира дека на крај ќе добиеме какво било унапредување на човештвото. Изберете која страна сакате од дискусијата.

Сцени од Авганистан

Американскиот новинар Пи Џеј О'Рурк, своевремено изјави: "Добрата работа кога си новинар за весници е што ти е дозволено да клекнеш. Додека камерманите ги убиваат, новинарите лежат залепени за патос." Војната во Авганистан веќе наполни 12 години, ова се некои од снимките на камерманите кои беа дел од американските единици на теренот.

Добар како Смарт на оф-роуд

Некогаш една реченица ти ја прави целата реклама. Поентата на Смарт во рекламава е еден од најдобрите примери за ова.

Тениска битка на половите

1973-та година. Тенисерот Боб Ригс ја прекинува својата пензија за да одигра еден меч со тенисерката Били Џин Кинг за да докаже дека мажите секогаш остануваат подобри тенисери од женските. Губи.

Градоначалничка навреда

Можете ли да замислите македонски градоначалник кој својата потреба да навреди некого ќе ја срочи во следнава реченица: Големи мрзливи протоплазмични безрбетни амеби (Great Supine Protoplasmic Invertebrate Jellies)! Борис Џонсон, лондончанец.

Чекајќи го Гнуто

Анимирана приказна за вечната дилема на оние јадни волови кога ќе стигнат до некоја река.