Видео

Другарката Јованка Броз

Едночасовен документарен филм за Јованка Броз, животната сопатничка на Тито во последните 30-тина години од неговиот живот. "Што можам да му замерам како на сопруг? Тоа што работи многу," вели жената која на 28 години реши да се омажи за 60-годишниот супер-херој на некогашната СФРЈ. Почина во Белград на 89 години.

Точка на прекардашување

Насилството не е решение. Никогаш. Не треба ниту да се размислува за тоа. Ама... Ако некако мислиш дека функционирањето на комплетниот сообраќај треба да зависи од траењето на твојот разговор, може и е логично да ти се случи ова.

Армија ми пее рано насабајле

Не сме сигурни што има во утринските програми по македонските телевизии ( ги памтиме по омилената реченица на водителките: "велиме добро утро за кого?") но во руските, ти доаѓаат офицери од армијата и ти ја пеат Скајфол од Џемс Бонд. Оди па не се рассони.

Кога шампионите се шамараат

Во студио, еден до друг, без никаква посебна најава Луи Ц.К. против Џеј Лено. Ништо насилничко, само одлична серија на спуштања еден на друг.

Се е добро кога добро ќе заврши

Старо видео парче кое секогаш знае да ни ја врати довербата дека во космосов има некоја правда. Новинарско јавување во живо, добро, до крај.

Како се пали оган со мобилен

Ако баш баш се изгубите во дивина, се стемнува и заладува а немате со што да запалите огин (ама случајно имате и папрат и нож), Bear Grylls ќе ви објасни како да го употребите својот мобилен телефон. Ама што ќе ви е огин ако после немате како да се пофалите?

Pearl Jam - Mind Your Manners

Прв видео спот од 10-от албум на дечките од Сиетл. Албумот се вика Lightning Bolt, спотот е во режија на Дени Клинч. Си грмиме.

Пијан vs. напушен

Истиот човек во двете ситуации, има задача да мине 7 тестови. Она што уште од старт е голем плус за кампањата на напушениот е што уште никој не се разбудил мамурен од марихуана.

Збумбарен од летање

Конечно можеме да ја видиме музиката од Бумбаровиот лет на Римски- Кoрсаков. Без бумбари, нормално. Фина визуелизација.

Во змаевото гнездо

Кога ќе решиш да опљачкаш шугаво гранапче а нема кој да ти каже дека гранапчето го држи некој дојденец од Америка кој порано бил познат ама му досадило тоа па решил да се повлече во Бразил. И го викале, како беше... да, Чак Норис.

Ела да ти го покажам сонцето

Да бидеме реални, кај нас ова може да доведе до општа тепачка. Замислете ги нашите гревови кои кмишат во Заводот за вработување. Им влегува флешмоб со инструменти и почнуваат да им ја пеат "Here Comes the Sun". Замислете!

А ова е твојот одмор во Русија

После цела година работа, одиш на одмор, дента рано стануваш за на плажа, фаќаш одлично место за пешкирот, се закотвуваш, кога одеднаш те облива непогрешиво чувство дека се наоѓаш на плажа во сопственост на руската армија.

Па не си ми мајка!

Само на најлошо да се мислело. Еве го одговорот на старата (и досега непостоечка) законитост: Зошто сопствениците на кучиња послабо пливаат од останатите? Затоа што кучињата им мислат дека секогаш треба да ги спасуваат од вода.

Ако можеш, пробај повеќе

Откако ќе стигнеш до таму до каде што можеш, одма продолжи на идното, на повисокото, на што и да е, само да е поголем предизвик од тоа што си го минал до сега. Барем Најк така вика.

Каде ние грешиме?

Видете, и тој и ние сме чеда божји. И ние знаеме де се прекрстиме како него ама потоа овој брат кажува молитва ("Господе, не воведувај нè во искушението да одиме лангзам и избави нè од гравитацијата...") која нам никако да ни упали.

Бучни комшии

Кој ако не Македонец ќе направи документарец на тема бучни соседи. Но, не е тоа што го очекувате. "За време на снимањето на овој филм не е прегорена ниедна бор-машина."

Земјо моја

Да видите зошто делегација на Офф.нет оди кај своите летечки браќа од Стенковец само ако таму нè чека крцкаво аеродинамично моделче со јаболко во уста. "Качи се бе еден круг, ќе се престрашиш." Аха, и после вака....

Најди кој лик го глумиш во маалски баскет

Мажи, време е да се погледнеме во огледало и да си признаеме како луѓе - без разлика што мислиш за себе, ти си еден од овие ликови. Во најдобар случај, само еден.

Let Forever Be

Точно 7 години поминаа од видео спотот на Мишел Гондри (Eternal Sunshine of the Spotless Mind) за песната "Let Forever Be" од Chemical Brothers. И тешко дека некој во меѓувреме направи подобар.

Рапсодијата одвнатре

Брајан Меј се враќа зад миксетата за да објасни како е снимена легендарната балада кој се претвора во опера за да заврши со хеви метал оргазам.

Тенковски биатлон

На маргините на светскиот самит во атлетика, во Русија се одржа и суперфиналето на тенковскиот биатлон во категорија Т- 72B. Малку натпреварувачки, малку парадно.... победија Русите.

Омилени поп песни на рокерите

Слеш - Кејти Пери? Слипнот- Аба? Мерилин Менсон - Тимберлејк? Како ли би изгледала анкета со македонски рокери на тема омилени турбо фолк песни?

Кока-кола сака да живеете како дедо ви

Како му изгледал денот на дедо ви, од станување до враќање од работа, како ви изгледа на вас. Скромно и на велосипед.

Доли, поспоро малку

Како да ја направиш Доли Партон да звучи како маж? Забави и ја песната. Песната е Jolene, пејачката е иста, и ова и е веројатно најдобрата верзија до сега.