Видео

Тито & Киро гоус ту Холивуд

- Друже Киро, да ми правиш друштво во Холивуд, да не бидам сам со Јованка и нејзината пунџа? - Да ти правам, друже Тито, што да не ти правам. Легендарното парче "Филмске новости" (инфо пропаганда емитувана пред кино проекција која ни беше сосема доволна доза вести) на која се редат славни ликови: Едвард Робинсон, Јосип Броз, Рок Хадсон, Глен Форд, Киро Глигоров, Ширли Меклејн...

Умрев од седење

Дури и секојдневно вежбање по еден час не може да ја надомести штетата од 11 часовно седење пред компјутер или телевизор. Видео клип кој ќе ве потсети на неколку основни факти.

Get Bassy

Лeтниот хит на Daft Punk, четири подебели жици и разиграните прсти на Џим Бенет.

Хендрикс во осум и триесет

Треба да свири претходната вечер ама дождот ја одложува свирката. Еве го насабајле, 8:30 часот, ѓубре неисчистено од претходната вечер, пред 40.000 луѓе. Вудсток, 18-ти август, 1969-та година. 56 минути.

Колку ви се стари ушите?

Не, не е можно, мора да се заебаваат овие. Веќе на 15.000 херци - ѕид!

Убаво распеана улица

Се вика Скот Данбар, уличен музичар со супер верзија на Били Џин од Мајкл Џексон. Ќе го слушнете, ќе го лајкнете на ФБ сè ќе биде како што треба.

Ментални ментиши

Група лудаци од петни жили се обидуваат со ментална енергија да создадат заштитно поле околу себе. Една од присутните психопати болно ќе сфати дека полето околу неа е нешто слабо.

Носители на нашите тежини

Во чест на Попај, Тарзан и сите други скопски амали од Јужен булевар и Топаана.

Тотално помрачување на гласот

Се вика Кристина Бјанко, стенд-ап комичар, се зеза правејќи варијации (скоро 20) на тема како би звучела песната Total Eclipse of the Heart отпеана од познати женски вокали. Технички не е најсовршена ама супер забавна.

Нејасни работи

Лесно е да кажеш: Немам што да кажам. Ама, одгледајте го ова видео во кое го изненадуваат малиот Дрејк за неговиот 11 роденден па... кажете нешто.

Аголот не е семоќен

Деновиве се проврте еден клип со Кореjанка чиј лик комплетно се ребрендира во зависност од аголот од кој девојката се снима. Мамлаз решава да го проба трикот на себе.

Како се собира кабел

Според каноните на порно жанрот, монтерите на кабелска телевизија најчесто завршуваат во клинч со страсни домаќинки. Оние што немаат таква среќа, завршуваат во вакви видеа.  

 

Видео спот на неделата

Сакаме да ви го покажеме новиот видео спот на групата Sigur Rós. Проблем е само што знаеме дека нема да видиме ист спот.

Самир бе, аман

"Самир ја кршиш колата!" Службен разговор меѓу рели возач и неговиот навигатор. Самир му ги искина живците на човекот. "Самир те молам слушај што ти зборам!"

Создавање на самотијата

Која е врската меѓу социјалните медиуми и самотијата? Во најголем дел сè се базира на тоа дека на Фејсбук е многу полесно да изгледаш паметен отколку во живо. (И за Твитер важи исто.) П.С. Ниту еден човек не може да има повеќе од 150 пријатели, па затоа бирајте.

Татко на годината

Ако не знаeш како син ти да се чувстува како Бог, еве ти еден предлог. Браво за копиљот, браво за татко му, браво за цела трибина навивачи на ПСВ Ајндховен. Браво.

Претсмртните желби на 4-годишно дете

Нкаитол живее во село во Кенија, има 4 години и се надева дека еден ден ќе биде Масаи воин. Шансите дека Нкаитол нема да го дочека својот 5-ти роденден (на ниво на држава) се 1 спрема 5. Ова е неговата "bucket" листа.

Најдобри "вајнови" за 2013-та (до сега)

Вајн е мобилната апликација на Твитер која дозволува снимање на клипови до 6 секунди, плус некои други социјални работи. Еве како до сега го трошеа Вајн.

Хедшот за принцезата на тато

Споменарските мудрости тврдат дека меѓу татковците и ќерките секогаш постои некоја посебна и таинствена поврзаност. Кога, да речеме, стравот ќе ги раздвои, тука е послужавникот повторно да ги спои.

Видео убод од комарец

Му се витка тоа сурлата на гадот. А тоа е ваљда добро за нас, за да не нè боде сто пати додека најде крвен сад за да нè цица. Сè на сè, гад.

Реконструкција на Забрањено пушење

Кои се Пишоња и Жуга, с које стране улице станују дјевојчице и ред други нам занимливи загатки од песните на Забрањето пушење ги расветлуваат Сејо Сексон, Зенит, Елвис Куртовиќ.... на автентични сараевски локации, за екипата на ХРТ.

п.с. Лејди Гага е гола

Следејќи ја железната закономерност на поговорката "секое лонче си има капаче," се сретнаа двете лудари, Марина Абрамовиќ и Лејди Гага. Првава ја учи вторава на својот "Абрамовиќ метод" кој се состои од "серија вежби дизајнирани да ја зголемат свесноста на учесникот за неговата физичка и ментална присутност во сегашниот момент". Цврц!

Фотошоп филигранство

Целиот процес за правење на постер во Фотошоп. Оригиналната изработката трае околу 30 работни часа, ама собрана е во неколку минути. Сè е компјутерски ама сè е рачно, така некако му доаѓа целото ова видео.

Да ја видиме забавената снимка

Повторената снимка е најдрагоцената алатка на спортските преноси. Тоа е она кога сите ние дури по петиот риплеј сфаќаме дали топката влегла или не во гол, по што му се мајке наебуваме на покварениот судија што не видел од прва. Алатката станува Матрикс.