Дали сообраќајните знаци со некогаш блесави ограничувања на брзината служат за безбедност на возачите или за да можат цајкани да се кријат и да казнуваат.
"Без разлика каде и да сум, со секоја публика можам да се разберам вака," (терцата најјака) вели Боби Мекферин, познат по хитот Don't worry, Be Happy, инаку вокалист, музичар и во случајов, диригент.
Центарот на македонската кошаркарска репрезентација треба да го испратиме кај овој Русин за КОНЕЧНО да разбере дека кога очекуваме од него да ЗАКУЦА баскет со своите 216 сантими, НЕ бараме многу.
И да го знаете евергринот на Стиви Вондер "For Once in My Life", можно е да не сте свесни колку е преубав басот кој го свири Џејмс Џејмерсон. Некои басови само думкаат а маестро Џејмерсон би можел слободно да свири и во бенд на Моцарт. Визуелизирано, вака:
Не е дека не вреди да се бориш за старото, ама некогаш се исплати да почнеш и нешто ново. Исто трошиш енергија, а сешто може да се случи. Без разлика колку си стар.
Scat talk-от на професионалните американски аукционери отсекогаш нè фасцинирал. Отприлика ова го разбираме: "банбара-банбара-банбара... продадено". Но, ние сме аматери. Пазете го тапанаров како го кине, од а до ш.
Видеото е комплетно лудило, веројатно не толку во делот како да се сними (иако и тоа изгледа прилично комплицирано), туку во делот како од празен лист хартија се развива идеја која изгледа вака. Видеово е снимано 6 дена на локации во Данска, Германија, Чешка и Романија, и тоа за време на некои од најголемите поплави во Европа.
Поради страв да не се утне финансиски, трејлерите за денешните филмови се прават комплетно некреативно и сите личат едни на други. Како би изгледало кога во калапот би се сместиле едни од најуникатните на сите времиња? Гарант би ги пропуштиле.
Она што го прават инженерите на Епл со секој нов Ајфон воопшто не е за потценување, проблемот е што целата промоција на нов Ајфон повеќе не е спектакл како што Епл тоа би сакал да биде. Телефон ко телефон.
Во одбрана на двајцава суртуци набилдани, типов е боксер цел живот (а постар е од нив), цел живот е криминалец и цел живот тепа некого. Инаку причината за ќотекот е крајно маалска: он како газда на фитнес клуб не дозволува продажба на стероиди кај него... они двајца продаваат кај него... ќотекот не е заради продавањето, туку затоа што не му дале процент од продаденото. Логика.
Каков Дафт, каков Панк. Ако сакате да попиете едно гет лаки, мора да ја слушнете песната на овие двајца но нејм Норвежани (Bård Ylvisåker и Vegard Ylvisåker, молим лепо). Лу-ди-ло! Да, Брејвик беше од Норвешка.
Ако после ова документарно парче не ви дојде да си изделкате кавал и со најблиските плус пар овци да заминете во некоја соседна корија, тогаш... ништо.
Она што го видовте на финалето со Ѓоковиќ и Надал не е ништо во однос на страста, посветеноста и надчовечката енергија која ја вложува оваа неуморна тенисерка. И плус не се дере како Шарапова.
Денес Епл објави два нови модела на телефони, кои во основа не се никакво изненадување и се идентични со шпекулациите што на темава ги имаше на интернет во последниве неколку месеци. Двата нови модели iPhone 5S (побрзата верзија на Ајфон 5) и iPhone 5C (поевтината верзија на Ајфон). Она што денес се појави и е далеку поинтересно од сè друго е концептот Phonebloks.
Ја памтиме најавата за овој производ и колку тогаш ни се чинеше дека тој ќе смени доста работи во нашите животи. Да не можеш да се накапеш на маица? Дај пакет од тоа! Е па, излегол и еве го тестиран.
Потеклото на видеово е крајно официјално, направено е по нарачка на германскиот синдикат на работници во металската индустрија. Самиот клип е веројатно најдобриот пример како да направиш видео за гласање на избори на кое луѓе ќе му посветат внимание.
За тие што не се отидени во Словенија, натпреварите на македонската репрезентација се сведуваат на гледање 10 кошаркари (2 х 5) и слушање на еден ист глас. Без разлика колку се потрудил, Жаре не е ни близу до тоа што мора да го слушаме на секој пренос.
Ок не е некој Пол Потс или Сузан Бојл момент, ама па не е ниту Кен Ли. Песната што ја има избрано грамадава е Stay, и ја пее со мала помош (плејбек) од оригиналот.
Малку е ретро видеово, ама подвигот уште важи. Водителката добива од продуцентот список на вести и по кој редослед треба да одат. Главна вест за почеток на емисијата - Парис Хилтон. Епа, нема да може.
AdoreMe е стартап кој има собрани инвестиции од околу 8 милиони долари, и главна цел му е да и конкурира на Викторијас Сикрет. Ете, сега алибито ви е дека од чиста бизнис радозналост ќе го изгледате снимањето на нивниот каталог за да процените дали и колку тој ќе им помогне во остварувањето на нивната бизнис визија.