Видео

Среќни Фотошоп празници

До сега научивме дека се додека знаеш Фотошоп која било просечно убава девојка можеш да ја направиш кукла. Веќе сме во фаза - просечно убава девојка е стара фора.

Јовано, Јапонке

Отоџу плус Реј плус Моку.... Кој и да ја свири оваа нашава "Јовано, Јованке", на човек му доаѓа да му викне саке на бендот.

Добриот грав далеку се слуша

Еве заедно да размислуваме каде би ситуирале дејствие на една реклама за конзерва грав: лифт, важен деловен состанок, важен љубовен состанок, напната тишина пред драматична циркуска точка, родителска средба, погреб, кино претстава... Не, не, размислувајте надвор од кутијата планетата. 

Гугл Цајтгајст: еве ја 2013-та

На Гугл духот на времето за 2013-та е составен од Мандела, Гандолфини, Мајли и Малала Јусазафи. Од Мундијалот 2014-та и Маратонот во Бостон. Од Оскар Писториус, Ајфон 5ес, новиот Супермен и Брејкинг бед. Еве ја годината на Гугл.

Формулата за правење реклaми за автомобили

Во зборовите на самиот автор: "Автомобилот ви гарантира дека ќе ве однесе од точка А до точка Б... Најголемиот дел од времето." Инаку се гледа дека на човекот му е зорт да го продаде Нисанот, и второ се гледа дека го знае рецептот како да прави реклами за автомобили.

Не иде Миле во Норвешка

Едно, Норвежаниве немаат Лајковачка пруга. Друго, видете како изгледа кога кај нив дува ветар. На некои, буквално им требаат камења во џебови.

Напнат момак

Иако немаме снимка од настанот, ова не може да биде далеку од тоа како изгледаат некои уредници на сајтови кога мислат дека ја спасуваат државата со своето пишување.

Австријки чукаат во седум осмини

"Што ми е мило ем драго" женски хор од Грац да пее наши песни.

Недела без интернет

Пет интернет зависници (што во основа е кој било што го знаете од интернет) како дел од експеримент се откажуваат од интернет. Ова значи откажување од - Фејсбук, Твитер, портали / сурфање, мејлови, Инстаграм, Вибер... Во една работна недела не користиш ништо за чие функционирање е потребен интернет. Изгледа лесно, се додека не ги препознаете ужасите што петмината ќе ги преживуваат.

Вистинскиот превод на лажниот преведувач

Џими Кимел викна вистински преведувач да ни каже што вусшност "преведе" лажниот преведувач кој се појави на комеморацијата за Мандела. "Hello, welcome, so far" :)

Реинкарнацијата на Елвис

Има 16 години, и се вика Дејвид Тибаол, а не Елвис Присли, ама нема да ни верувате се додека не го чуете. Пуштете го некому без гледање и да видите што ќе ви каже кој е.

За на гости кај Конан

Пол Руд (не ви текнува, го знаете) има една фора за кога ќе го викнат кај Конан, ама само кај Конан. И ја прави секој пат (секој можен пат) кога ќе се појави во шоуто. Дечкото е стварно посветен.

Магичното пијано

На главната железничка станица во Чикаго оставаат пијано. Далечински управувано пијано. Ем секој што сака може да седне да свири на него, ем самото тоа може да свири. Може целото видео е наместено, ама изгледа многу магично.

Крукче низ Холивуд

Конан О'Браен, Ајс Кјуб и Кевин Харт викаат такси (не она обичното, туку од посебен сервис за заедничко возење), се качуваат во него и со еден куп камери вртат по градот. Ова е резултатот.

... Мара за рака

Не е најјасно што е суштината на оваа мајмунско-човечка трговска зделка ама потегот му е: "Земај кога ти давам". Добро, или само го учи како се кршат суви лисја.

Давеник за сламка, жена за бидермаер

Сигурно познавате жена која ужасно сака да се омажи, која 24/7 е во паника кога ќе ја биде работата, која.... Не, не познавате.

Мажи vs. жени

Истиот човек, истата позиција, истите дела. Единствена разлика што се машко и женско.

Реклама од нехистеричните времиња

Дете, само во продавница (денес ретко, ради педофили и други стравови). Има телефон да се јави (тоа ок). Се јавува дома (тешко). За да праша што беше најважно да купи, без што тоа тато не може да се дочека за ручек (тачдаун!).

Како да им објасниш касети на клинци?

Порано, одиш во кафич во кој твој познат пушта музика, му даваш касета и му кажуваш пасворд: "Од Б страна, наместена, пуштај". Пробајте денес да го направите тоа со клауд. 

Источноевропска школа за мажи

Школото ги има сите предмети што едно младо момче треба да ги совлада за да израсне во прав чистокрвен мажјак. По земањето диплома тој не само што ќе може во секое време на истепа некој послаб од себе, туку ќе има научено и неодоливи техники за освојување жени.

Колку ти чини Кољо чиничето

Уште пред 40 години еден маж од чиста љубов почнува да собира кинески чинии направени од рог на носорог. Сега веќе остарен дедо, решава да ги однесе 5-те предмети на проценка. За нив вкупно има платено 5.000 долари, не е баш премногу заинтересиран да ги продаде, само сака да знае колку вредат. П.С. сумата што ја даваат е само конзервативна проценка.

BatDad останува најјакиот татко

Децата полека му пораснаа ама за среќа не и тој. Најновото пакетче од најдобриот татко на интернет- BatDad. Жена му ја има во пар ситуации, да видите само колку таа отрпнала.

Лепотице, овој не

Во одбрана на дечкото многу буљашка фора му направија, ама па и он е многу цреп. Во одбрана на девојката негова, заслужено му е тоа што му го направи и многу, многу лукаво. На повеќе, снимка од една емисија од радио Антена Загреб и лов на еден дечко што доцна навечер добива известувања од "интернет банкарство," од број заведен во мобилниот како "Вулканизер".

Звукот на тапаните

Лекција за тапанари - каков звук вади еден ист тапан ставен во различни околини: гаража, стадион, паркинг... Дечкото одлично тропа, а и има најдено некој што одлично знае да монтира.